Фала ви девојки на одговорите.Ете од разговоров ќе се научи и нешто друго плус,корисно за нас се разбира.Нема да паничам без потреба,кога читам дека вака стојат работите испаѓа дека е само мој страв и дај Боже да си остане само на тоа.Како и да е најмирна ќе бидам кога ќе отидам на преглед кај докторот.Сепак фала ви на советите и искуствата што ги споделивте со мене.Бакнежи до сите ваши мешиња од мене и точкичката моја *
Дали имате болки во кичма? Во рок од 2ч.ме наболнува во кичма не кај крстот туку погоре и еднаш имав ко менстроална болка не јака но присутна минимално ко тупа болка не изразена...а и сабајле кога се разбудив дали лошо сум спиела исто осети болка во кичма ко здрвена о легнав на грб и ми се потсмири помалце...Многу сум уплашена да не се контракции ова што го осеќам? Во четврток напладне сум кај матичната...
Девојки денес цел ден имам тапи болки во долниот дел ниско и цело време нагони за мокрење. Како некој притисок во долниот дел на стомакот. Многу ми е страв, ќе одам после на лекар ама кажете ми имала ли некоја ваква ситуација. 17 недела сум
Јас имам болки или што и да се веќе и тоа во дупчето над задникот, под кичмата и тоа само десното. Се обидувам да не ги перцепирам, ама ни можам да се свртам, ни можам да станам. Си велам таму притиска на некој нерв изгледа. Ако се издржува, ако поминува и пак се појавува понекогаш, ваљда е нормално. Така бар јас мислам, шознам.
Да и јас уназад 4-5 дена ме боли над анусот баш измеѓу крстот што го викаме.Исто и јас едвај станувам седнувам но сабајлево се разбудив со болка во кичма и накај 14ч.ме здоболе и скоро на саат ме застрецкува...не сакам да се стресирам по болницине ќе видам како ќе сум до вечер...А и доле на неколку пати ме фати ко тупа болка тиштење И јас бев иста прослата недела баш имам пишано погоре...сигурно лежи бебе на бешика или притиска некој орган на бешика и затоа имаш такви болки и мокрења чести.Мене следен ден не ми беше така а баш бодежи брецкања болки доле ниско кај бешиката што би била зошто сега сите органи ни се разместени...Отиди си сепак да не ти е мисла но не стравувај иста бев...и ми помина тоа неубаво чувство дури и ко затегање осеќав и тежина ко камења да носев доле
Јас сум 8 недела и веке 2 ден како ме боли стомакот не е некоја јака болка неиздржлива, но непријатна е и повеке ме боли кога се движам со првата бременост немав никакви болки сега незнам што е... Дали има паника за нешто или нормално е што мислите мене у глава се и сешто ми поминува...
Повремена менструална болка е најчесто нормална...друг вид на болка зависи од интензитетот. Болката при движење за мене би значело да одмарам повеќе и да пијам магнезиум.
Здраво феминки, бремени сме само 5 недели и 3 дена. Меѓутоа уште пред да зачнеме јас кашлам, значи веќе еден месец кашлам, а неможам никаков лек да се напијам, од природно земам мед, по малку прополис, чај од бел слез, еве денес пробам и со лимон но кашлицата никако не поминува... Бев на лекар не требало да кашлам ми вели, а лекови не смеам да пијам нормално вели бабини лекови да користам... Ова веќе неможам да го поднесам ве молам помагајте, се изнамачив, а и пред се се плашам за плодот
Svari kromid so jabolko iseckani na krupno i orevi so luspa iskrseni. Otkako ke zovrie se vari 15-20 min, se proceduva i se pie.mene samo ova mi pomaga iako ne e bas vkusno mozes da dodades pred pienje med i limon plus.
Не сум бремена ама ќе ти кажам мене докторката што ми кажа за сума мед и бременост. Имам инфекција и јас треба да ги пијам сума мед и пред да ми ги препиша ме праша за бременост дали планирам или дали сум трудна дали нешто се има десено. И ми вика несмеам да ти ги давам сума мед ако си бремена многу се јаки апчињата. Во самото упаство пишува дека несме да се дава на трудници и доилки. Така да ти препорачувам да си направиш муабет со докторот или да побараш второ мислење за сума мед. поздрав
За ова незнаев, веќе вкусно не ми е битно да е, се ќе сторам само да помине... Благодарам многу. Да, го пијам секоја вечер, поминува но привремено. Кога се будам пак исто... Фала ти многу.
Најдобро оди на лекар. Направи целосна кр.слика. Може да испадне дека е и нешто алергиски. Или па да се спушти на гради и поголем проблем. Многу долго кашлаш , цел месец, не е за занемерување. Не експериментирај на своја рака.
Бремена сум 14 недела , моментално имам тапи болки вп левиот јајник и подзади на истото.. што може да е
Бремена сум 24 недели.Од 3 часот имам грчеви во желудникот и позади на грбот на иста позиција со желудникот под дијафрагмата.Не се како менструални грчеви туку како јаки болки во желудникот,дури воздух неможам да земам.Бебето мрда го чуствувам,исцедокот ми е нормален.Што да правам,да одам ли на лекар,смеам ли да испијам нешто.Настината сум,не спиев ноќеска и сега имам мн јака болка.Зар може желудник така да боли,или се шири матката па бебето притиска?Што мислите?
Немoј дa oдиш нa лекaр ништo немa дa ти дaдaт (aкo имaш време прoчитaј ме вo труднички пред пoмaлку oд месец тaму нaпишaв зa се штo пoминaв нa клиникa пoрaди бoлкa вo желудник). Мене ми пoмoгнa чaј oд кaмилицa сo мед и рипурут тaблети зa џвaкaње кaкo и кoмбинaцијa oд спaзмекс сo рaнитaл. Спaзмекс и рaнитaл се нaпив пoсле три денa не јaдење и не спиење бидејќи ми беше стрaв зa бебетo тoлку време без јaдење и бев исцрпенa. Прaшaв лекaр рече не е стрaшнo декa сум се нaпилa aмa ми рече дa гледaм вo крaен случaј дa пијaм тoa, a рупурут и кaмилицa сo мед слoбoднo дa земaм. Сo пoмин некa е Пс: 27 неделa бев тoгaш.
Здраво, ве молам за совет и искуства...24+2 гестациска недела, уште од пред две три недели почнав на чуствувам дека стомакот од време на време ми се стврднува, најчесто тоа можам да го забележам кога сум легната на грб и се гледа како под папокот на средина се собира стомакот како во тврда топка, не трае многу поминува но последнава недела почна многу често тоа да се случува најмногу во спиење приметувам зошто ме буди таа нелагодност, не осеќам болка туку само нелагодно чувство...докторот ме прегледа и вагинално, грлото на матката било тврдо но 25.03мм (на долна граница на нормала но на најверојатно е скратено)...ми даде утрогестан вагиналети 200мг по една навечер и зголемена доза на магнезиум...исто ми рече да одам почесто на цтг да пробаме да фатиме некоја контракција, според него најверојатно стврднувањето на стомакот се контракции но рано е да се фатат на цтг затоа да пробаме...ако има ќе треба друга терапија...многу сум исплашена да не се влоши нешто состојбата од контракциите...некој со слично искуство или совет дали е алармантна работава? фала ви однапред, поздравче
Јас сум 27+ и пред 4 дена бев со исти симптоми во Ремедика грлото ок 41мм.Утрогестан користам и јас 1х200 и Магнезиум по 2х375г....но ме прати Др.Ефремовски на Физиологија да направан Електротомографија да се види активност на матката да се види дали има контракции...Од 10 мин.покажа само последната пола минута и Др.рече со лесен степен ништо страшно но веќе сум 7ми месец и нормално било се спрема матката но да не е на чести интервали или да се јаки болки но да пијам дури и по 3 Магнезиуми и Б6.Еве и денес имав може 3-4 пати поготово кога лежам лево или на грб..а кога се движев од сабајле немав ништо се ми почна откако легнав...не трае долго но тврдо ми е и не ми е ич пријатно...Веќе и ударите на бебе ги осеќам поразлични појаки ми се дури и си подвикнувам ау по малце Ми рече Др.дека цтг неможе сеуште да ги препознае овие контракции зошто е рано вика таму од 30-32 да но сега не...затоа ме прати на Електротомографија.
Исто и мене таму ми предложија да проверам за контракциите, ама бидејќи не сум од скопје некако не ми се тргнува по пат...а како оди таму со закажување со мој термин е така? Како е со термини, закажуваат за брзо или со недели се чека? Јас пијам магнезиум директ со б комплекс од 400мг, сабајле и навечер, значи 800мг дневно...викаш може и по 3? Зошто реално ништо подобро не осеќам од магнезиумот...ти каков магнезиум пиеш и од кој Б6 земаш? Ако си задоволна да пробам да сменам...