Форумџика на годината 2020

Болна врска...

Дискусија во 'Канта' започната од NatushkaX, 13 декември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NatushkaX

    NatushkaX Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Здраво,јас сум девојка што поседува многу квалитети (што не сум го ценела тоа претходно) но сепак и покрај тоа што сум интелектуалка сепак заглавувам со истиот тип постојано иако е малтретирач.Бев со него од 16 тата година,а тој беше 2 години постар од мене (ми беше прв дечко ,а и не сум имала и друг до сега), се до сега значи имавме долга врска во која тој беше многу посесивен,многу работи од мене со сила доби ,и секогаш после тоа кога го гледав ми будеше само болни сеќавања.Отпрво за да ме добие многу работи направи за мене ,премногу се трудеше за мене да добијам се што ќе посакам ,па по одреден период го засакав ,после тоа почна да ми се заканува,да ме оддалечува од другарките ,ме натера да не се дружам со машки воопшто ,ми го уништуваше социјалниот живот,одевме кај него седевме родителите ни се друзеа и сеуште се пријатели,ме носеше кај роднините и на сите им кажуваше дека се гордее со мене и дека е премногу задоволен заради тоа што ме има мене за девојка,но не ја сватив мааната што ја има...тој е премногу посесивен,инаетција и секако тепач .Кога и да бевме излезени доколку некој дофрлеше нешто како леле колку си згодна да се запознаеме или нешто слично (јас се тргав на страна се разбира зошто си го сакав дечко ми ) и децко ми ке го претепаше скоро до смрт ,почна да ми проверува во телефонот,почна да прави приказни како дека сум го изневерувала ....и постојано му се плашев,ништо никогаш ни ни покушав со друг а тој самиот за да ме тргни на страна и да оди со други девојки ме лажел ....и страдав стигнав и до тешка депресија со која сеуште се справувам но полека ке ми помине не се плашам имам доверба сега во себе...Се разделивме ,постојано тоа и го правевме кога ќе сакаше тој ,секако за тоа ќе ме обвинеше мене ќе ми се закануваше да не излегувам и ќе си седев дома ,постојано се каравме и се смирувавме но незнаев што тој ми правел зад грб сето тоа време ,почнав да излегувам и јас ми с епуштаа многу фини дечки но некако неможев да излезам со никој дали поради стравот ,дали поради тоа што го сакав незнам....кога ќе разбереше дека излегувам ме бараше и секако ќе глумеше добар и јас постојано паѓав на лагите негови ...Тој мене ме сакаше но на болен начин ,сакаше да биде и со други но јас секогаш да му бидам тука за него зошто само јас го рабирав и зошто само јас го поддржував кога најмногуи му беше потребно се му дадов а тој мене ништо ,ми го скрши срцето ми го упропасти здравјето а и емоционално најмногу ме уништи -неможам да сакам никој и постојано мислам кога би бил добар дека би ни било супер.....Знам дека се залажувам ,знам дека ми е страв од него постојано и сега ми се заканува но незнам како да започнам нов живот ,се ми е измешано турбулентно неможам никако да се снајдам ...
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.898
    Ако си толку паметна и поседуваш високо ниво на самодоверба, нема да заглавуваш со тој тип. Ти сакаш луѓето да те знаат како интелектуалка и паметна. Можеби си паметна, но не си мудра. Човек што е свесен за своите квалитети, човек што е свесен кој е и што е, не остава да биде малтретиран.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.988
    Не знам што да ти кажам :( Едноставно судбината се поиграла со тебе...За да разберам како ти е не можам затоа што вакво нешто не сум доживеала, фала му на Бога, меѓутоа животот се ни носи нели...Ама можам да претпоставам кој пекол си го поминала и веројатно уште поминуваш низ него.Ќе ти треба доста време да се соземеш и целосно ако е возможно тоа да се опоравиш од овие трауми кои ти ги предизвикал тој.Тој од тебе направил слаба личност, емотивно и психички која сега треба повторно да застане на нозе и да стане јака.Не се сомневам во тоа дека од ова ќе излезеш само посилна личност,меѓутоа ќе бидеш претпазлива после ова со секој еден што ќе ти пријде.Најдобро сега да си еден период сама за да се опоравиш целосно...А за него нема лек,тој е таков и таков ќе остане освен ако не му се удри ова од глава еден ден и тоа јако да не знае што со себе.Имај надеж само дека се ќе биде во ред и тој повеќе нема да се појави во твојот живот.А за другото се ќе си дојде на свое еден ден. :)
     
    На NatushkaX му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NatushkaX

    NatushkaX Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    vo toa e i ironijata....,a sega sakam da se smenam ,sakam da ne bidma pasivna kako porano i da ne dozvolam nikoj da si igra so mene zosto samo jas sum si gospodar na mojot zivot ...no se vo svoe vreme ke bide se nadevam.....
     
  5. NatushkaX

    NatushkaX Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Da toa e taka toj napravi slaba licnost od mene go prifakam toa deka trebase da zastanam na noze odamna no sklopot na okolnostite i sudbinata i mojata zaslepenost me dovedoa do toa nivo. Seushte misli deka mozi da ja igra istata igra so mene ,seuste mi se zakanuva no ne mu se plasam ,samo mi e strav da ne mi napravi neshto javno pa da moram da se stramam potoa - nishto drugo ,toj ne razmisluva toj e bolen
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Oстави се' зад себе. Било и за среќа поминало, си се освестила... си сфатила дека вредиш многу повеќе, и пред се дека треба сама да се цениш.
    Остави го него, Продолжи сама, со пријатели... Помини некое време така, ќе видиш лесно ќе го преболиш, иако велиш дека го сакаш (сеуште :^) ), многу лесно ќе ти помине болката оти ќе сфатиш дека не вредел воопшто. Toј те направил слаба личност, личност да се покорува пред него и во секое време достапна (на секој начин). Себичен е дечкото. Тој и неговите потреби пред се'!
    А ти каде беше во неговиот живот? На кое место беше? Тој бил опседнат со тебе...
    И воопшто да не му с еплашип со тоа што ти се заканува. Таквите како него што лаат не касаат ;)
    Продолжи со својот живот. Посвети се на себе, изградувај се како личност.
    Ти си пред се', и пред секој!
     
    На NatushkaX му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NatushkaX

    NatushkaX Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Blagodaram..se trudam..i veruvam deka ke uspeam.....
     
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    ...Како може паметна девојка да си дозволи таква тортура? Ти си ја замислуваш иднината со некој кој секое решение го гледа со примена на ќотек? :^)
    Боже ме сачувај,трпиш и ќутиш пред него ,а тука цимолиш за совет :x

    Девојко,собери си го разумот кај и да ти заскитал и почни да го применуваш,ама под ИТНО!!!...за твое добро ;)
     
    На piksooki и marama им се допаѓа ова.
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Бидејќи ја избриша репликата која ми ја упати,јас сепак ќе ти одговорам.Кога веќе си го објавила проблемот и очекуваш совети,треба да си свесна дека нема да добиеш само тапкање по рамо.И како што ти пишав,за твое добро е а ти како сакаш сфати и прифати.И бај д веј, криво ти е што сум ти го кажала тоа? При здрав разум мислам дека не ни треба да ти кажам ако бе девојче битно е да се сакате.Јас кажав,а ти што ќе правиш искрено да ти кажам не ме засега,сепак е твој живот,твое право,само размисли си дали сакаш упорно да удираш со глава во ѕид.
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.988
    Е како паметна девојка дозволила тоа??Немојте така...И најпаметниот и најмудриот може да доживеат "пекол"...Тоа што таа си дозволила е резултат на замаеност или лажна надеж дека се ќе се среди...Ете сега е свесна и веројатно ќе знае што треба да прави.И пак по не знам кој пат ќе повторам во љубовта нема правила за тоа кој како ќе се однесува кој како ќе успее или нема да успее да оствари добра врска...кој ќе има среќа вистински и искрено да биде сакан итн.А пак никогаш не можеш да знаеш што ќе те дочека од другата страна...и најмирниот и најфин човек може да излезе дека е најлош садист.
     
    На piksooki, Victorya, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  11. NatushkaX

    NatushkaX Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ne napisav nishto strasno , a i neznam kako sum go izbrisala izgleda po greshka!!....A sepak poveke od ocigledno e deka prifakam sugestii i kritiki i bilo na kakov nacin da bidat kazani shtom sum se odlucila da pisuvam za problemot....I ne ,ne ocekuvam tapkanje po ramo ,a za da mi bide krivo,krivo mi e zaradi mnogu drugi bitni raboti,a ne za nekoj si komentar ....Jas sum proziveala pekol do sega ne mi bese ni lesno ni da go napisam ova ,vistinata i realnosta se gorki go znam toa (i by the way so toa shto sum go napisal deka sum pametna i bla bla ne mislev na nekoj si narcisoiden nacin tuku go naglasiv toa zoshto ne umeev da se cenam sebesi i moite kveliteti poradi taa licnost shto mi unishti del od zivotot i mi budi losi sekavanja,koi se razbira se obiduvam da gi nadminam.....)....
    [mod-kirilica:3iavmahl][/mod-kirilica:3iavmahl]
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Така е Џулике,само муабетот ми е како може било кој да си дозволи да остане во врска со некој на кој очито му треба психијатриски надзор.Кога ти ќе увидиш дека најмирниот е садист,треба да продолжиш со него верувајќи дека љубовта ќе победи се??? Еднаш се случило ај да речеш ,се случува во момент на афект,вторпат ајде и тогаш да замижиш ама веќе третпат,четврти не дај боже петти...нема да се запрашаш уствари во кој е грешката? Во него или во тебе што при здрав разум трпиш такво нешто,епа аман де не е единствен.Ако девојката решила да го избрише од нејзиниот живот од мене има браво и желба за среќа,ама ако упорно си дозволува прикаската да и се врти во круг,епа не е за жалење.
     
  13. NatushkaX

    NatushkaX Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ова не е никаква игра ниту нешто слично,ниту пак пробував да пронајдам сожалување и слично , луѓето добиваат поуки од лошо искуство без разлика дали било нивно или нечие туѓо сепак сакав да кажам дека сум во хаос немам чувства се ми е катастрофа моментално ,критичноста од твоја страна е добра но мислам дека до некој момент и претеруваш со негативните ставови ....
     
  14. NatushkaX

    NatushkaX Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    како да имаш нешто лично против ова што го кажав.....
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Врска со насилник треба да се прекине, ама тоа е многу тешко. Јас имам другарка која беше омажена за себичен и насилен створ (не можам да кажам маж). Луѓе, ако не сте виделе, нема да ви се верува. Ја понижуваше како мивка да е, ја навредуваше, ама таа не смееше да помисли да го остави, оти тој не и се закануваше само неа, туку заканите беа „Ќе си одиш, ќе си одиш, ама прво поздрави се со мајка ти и татко ти, нема да ги видиш веќе“. Стално му беше тоа „тебе нема ништо да ти направам, ама на тие што ги сакаш...“ Психопат! И јас од страна и викав да бега од него, ама еднаш кога тој пред мене направи сцена и и се пушти, и јас останав стаписана. Толку и имаше втерано страв во коски, не можам да ви опишам. Плус, не ја пушташе да работи, ама тотално беше под негова контрола, да не му се верува на човек. И неа многу работи и беа јасни, ама преплашена беше. Тој имаше инциденти правено и пред луѓе, нејзините ги има бркано од кај нив, гостин има истуркано од дневна до скали оти му се противл за некои муабети... Класичен психопат! И кога конечно го остави, со триста планови, како Пентагон стратегија имаше, и доаѓаше да се заканува, дремеше кај неа пред зграда навечер во паркчето. Не од љубов, и викаше дека е проста, глупава, грда... ама не сакаше да и дозволи да си оди. Му требаше жртва во животот, да се изживува врз некого. Еднаш, веќе разведени беа, одам кај неа, таа џигер во лицето-и заѕвонил на врата, отворила и од врата почнал да ја тепа, а таа само го молела да биде потивок, да не слушнат децата и било страв, да не станат па да им се пушти и нив ;( . Не можете да замислите какви психопати има, и дај Боже да не можете. Затоа ја разбирам девојкава дека била исплашена и под негово влијание. Од страна е друго, ама на тој што му се случува... Ама девојче, најди начин и тактика и бегај. Другарка ми еве сега се лечи од рак... убедена е дека е поттикнат од сите стресови со тој ѕвер... Подалеку од такви, од првиот момент кога ќе ви се види чуден... нема љубов што вреди да се трпи тоа.
     
  16. NatushkaX

    NatushkaX Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Јас и од тоа и се плашев,долгите врски водат кон брак ,а таа што ја имав ако можеше да се наречи воопшто и врска ке ме водеше до истиот амбис во кој паднала и твојата пријателка....Многу ме плашат овие приказни и работи што другите ги доживеале но за мене се- шамар на реалноста - за да се освестам.
     
  17. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    toa e strasno niz sto minuvas... stvarno ni edna devojka ovaa ne go zasluzuva onaa niz sto ti mines. jas ke ti kazam da se nasocis kon dr raboti koi sto ke zaboravis na nego. ... .... .... se nadevam posle nekoe vreme ke se custvuvas podobra....
    [mod-kirilica:1pw2ff1b][/mod-kirilica:1pw2ff1b]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.