Наскоро нова турска серија на канал 5 телевизија.. Се работи за „Büyük yalan“, серија снимена пред 10 години која зборува за конзервативните сфаќања и обичаи во Турција. Во главните улоги настапуваат познатиот Али Риза од легендарната „Кога лисјата паѓаат“, познатиот Саваш од „Љубов и казна“ и турскиот актер и пејач Емрах од „Златни рани“. Oва е приказна за една богата фамилија која живее во конзервативна средина во западна Турција. Господинот Етхем е таткото и патријархот на семејството, женет е со Руксан, имаат три ќерки и поседуваат големи пространства земја. Но, желбата на господинот Етхем е да има син кој еден ден ќе ги превземе фамилијата и бизнисот во свои раце. Од таа причина, госпоѓа Руксан се плаши дека повторно би можела да роди девојче и со тоа да го разлути нејзиниот маж. Вечерта кога Руксан треба да се пораѓа, Ехтем е во друг град. За голема несреќа, Руксен раѓа повторно девојче. Истовремено во блиското село една сиромашна фамилија добива машко дете на свет, па така бабицата на Руксен и предлага таа ноќ да ги заменат децата. Руксен го прифаќа предлогот, со бабицата ги заменуваат бебињата и им даваат голема сума пари на сиромашната фамилија за да си замине од селото. Така, судбината на децата се менува. Девојчето, родено во богатство и луксуз станува дел од сиромашно семејство, а момчето станува принц на фамилијата Вардарлир. По 25 години, девојчето расте во преубава девојка Рејхан која станува инженер по агрокултура. Од друга страна, Емирхан е синот на Етхем кој станува глава на фамилијата и бизнисот. По игра на судбината, Рејхан и Емирхан се сретнуваат и се вљубуваат еден во друг. Од тогаш започнува да се открива големата тајна за нивното вистинско потекло.
Ќе ја гледам ако не за друго за чичко Али Риза, го обожавам човекот ..ама мислам ќе биде добра серијата ,вака според најавите кои ги даваа, останува да видиме вечер сепак
Серијата е навистина интересна,почнав да ја гледам ептен ми се допадна. Само што мислам дека прерано се земаа овие двајца бе,што ли ке се случува понатаму едвај чекам да дознаам!
Во серијава глуми и Мутар Јилдирим (Демир, Саваш) На 41,25 http://www.youtube.com/watch?v=UIDhqk3NiEg
Ovaa Ruksan voopsto ne ja opravduvam..Da si go ostavis sopstvenoto dete zatoa sto e zensko ??pa ova ne e majka KUCKA E..se nadevam deka koga rejhan ke doznae ke ja plukne v lice
^Турци Да ја оставиш жената поради тоа што не ти родила машко дете ? А што божем со женскиве прашина се брише ? Ама ај, Мурат ќе глуми, па ќе ја гледам
На натабану барав и ја нема серијата Ако некој знае каде ја даваат со превод да пушти линк Инаку не можам да се стрпам до утре да чекам за да ја гледам
http://vbox7.com/collection:1961580?&page=1 Ја најдов со бугарска синхронизација ама ги нема последните епизоди
Опасно свекрвиште се покажа Руксан Таа и онаа ќерка и со црната коса не ми текнува како се викаше се најодвратни во серијата..Иначе и јас денес неможев да издржам и гледав нешто понапред Спојлер Цело време Руксан ќе биди против ќерка и и ќе им прави сплетки во бракот,дури и ќе и мести да падни по скали и кога ќе дознае дека и ќе ќерка ќе скрени и ќе лежи во лудница
Спојлер Ќе биде многу разочарана..Не толку многу затоа што ја разменале затоа што е девојче туку дека ќе излезе дека жената што најмногу ќе ја повреди е нејзина мајка...Со Етхем(татко и) многу ќе се зближат и ќе ја засака како свекор цело време ќе ја брани од Руксан...Руксан многу ќе ја повредува цело време ќе биде против неа поради неа ќе го изгуби детето и нема да може да има веќе деца..Но,на крајот сите ќе си платат за грешките Иначе лошата свекрва е мајка на Фериде од Карадај(Шехерзада)
Спојлер Ќе биде многу разочарана..Не толку многу затоа што ја разменале затоа што е девојче туку дека ќе излезе дека жената што најмногу ќе ја повреди е нејзина мајка...Со Етхем(татко и) многу ќе се зближат и ќе ја засака како свекор цело време ќе ја брани од Руксан...Руксан многу ќе ја повредува цело време ќе биде против неа поради неа ќе го изгуби детето и нема да може да има веќе деца..Но,на крајот сите ќе си платат за грешките Иначе лошата свекрва е мајка на Фериде од Карадај(Шехерзада) Спојлер Нема да може да има деца до крајот? А ќе останат заедно со Емирхан ? Баш ја загледав интересна ми стана ај некој нека пише во спојлер или во лп.
Спојлер Руксан кога ќе си ја сфати грешката ќе ја носи на лекување,на терапија некоја и во последната епизода мисламм дека ќе остане бремена..Ќе оди кај Руксан да и каже дека и прости и дека сега ќе има дете а потоа Руксан ќе се обеси..Нема да има баш толку убав крај