1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бомбици

Дискусија во 'Рецепти' започната од TheCandy880, 10 декември 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.500
    Допаѓања:
    105.989
    Пол:
    Женски
    Јас завчера правев. Еве сега ке го пишам мојот рецепт :)

    Рафаело со ресанки

    Состав

    500 мл. хопла
    500 гр ресанки
    300 гр ореви
    чоколадни трошки или кокос за валање

    Ресанките се сечкаат и се додаваат заедно со мелените ореви во изматената хопла. Се формираат топчиња и се валаат во кокосот. :) [​IMG]
     
    На elenkata20, biggirlsdontcry, mamma и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    посни бомбици
    1чаша шекер
    125гр маргарин
    10лажици вода
    1лажица какао
    1кутија бисквити
    1чаша мелени ораси
    Водата и шекерот ги ставаме да зовријат потоа го додаваме маргаринот од кога ке се растопи маргаринот ги додаваме бисквитите, какаото и мелените ореси и оформуваме бомбици и ги вамале во што сакаме
    јас вчера ги правев и само што ги сатавив на маса ги снема многу се вкиусни
     
  3. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    бушави бомбици

    150 гр мелени лешници
    200 гр еурокрем
    100 гр наполитанки со вкус на лешник

    наполитанките се сецкаат ситно, се додава еурокремот и лешниците се меша сето тоа и се оформуваат бомбици со лажичка и се валкаат во мелени ореви и лешници
    нема да ви се прават правилни форми, не паничете такви се од наполитанките затоа се викаат бушави :lol: ептен се вкусни
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Бразилци
    125 гр шеќер во прав
    100 гр мелени бадеми
    125 гр чоколадо за готвење (се ренда)
    2 лажици млеко
    2 мали лажички кафе
    2 лажици рум
    Сите состојки се мешаат заедно за да се добие смеса, а потоа се формираат топчиња кои се валкаат во ситни парчиња чоколада.


    Многу вкусни овие бразилциве :D
     
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    А какво кафе ставаш ако може да ми кажеш? Нес или турско? И се меша се заедно одеднаш? :|
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Кафето да биде сварено треба, турско без шеќер направи го и нека биде по густо за да има појака арома. Се извинувам заборавив да непоменам дека треба да биде сварено кафето.
    Сите состојки се мешаат заедно :)
     
  7. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Бомбици со смокви:

    500гр. локум
    250гр. смокви
    100гр. сецкани ореви
    сок од 1 портокал

    Смоквите се мелат во машина за мелење на месо, а локумот се сече на ситни парчиња. Смоквите, локумот, сецканите ореви и сокот од портокал се мешаат и се меси слатко тесто. Откако смесата ќе стане еднаква се прават бомбици и се валкаат во мелени ореви или во кокосово брашно. Се добиваат негде од 80 до 100 бомбици, зависи од големината.
     
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Бомбица со варен шербет
    се прави шербет;2 чаши за кафе вода;и шекер колку да се залие
    се става посебно 1 јајце;1/8 маргарин;на тивко да се пржи и се трга на страна
    во смесата се става шербетот, а потоа се додаваат мелени ораси и бисквити колку да се замесе
    1 ванилин шекер и Рум се прават топчиња и се валаат во ораси.
    ________________________________________
    * Рафаело Бомбици
    ½ шекер;200 мл вода- вријат 10 мин
    Се додава 1 маргарин.
    Кoга се стопи маргаринот се додава ½ млечно брашно.
    Се меша и се остава убаво да излади. Во средината се става
    лешник и се валаат во кокос.
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Денес ги правев, најбрзите бомбици што ги знам.

    200 гр мелени бисквити
    200 гр кокос
    400 грама банани
    100 гр чоколадо за готвење

    Бисквитите и кокосот, се мешаат, бананите се блендираат и се ставаат во садот кај кокосот и бисквитите, се меси смесата. Додека ги правите бомбиците, ставете 100 гр чоколадо да се растопи на пареа. (Јас додадов и многу малку масло за јадење). Врз готовите бомбици се става растопеното чоколадо. Се ставаат во фрижидер да се изладат.
    Се прават за 15-20 мин, лесни се и за јадење и за правење :) .
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    *Црни Бомбици
    250 гр бисквити;
    ¼ сецкани;
    250 гр шекер во прав;
    1 до 2 пакетчиња кокос;
    1-2 лажици какао
    :^:
    се замесува со малку врело млеко.
    ***другата процедура ја знате 8)
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Имам јадено и преубави се бомбици кои се прават од алва (знам дека се стават и бисквити, ореви, чоколадо...???), арно ама неможев да најдам рецепт. Ајде кој знае нека пише?
    (во периодов сум навлечена на алва :$ )
     
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    еве еден рецепт од нет
    http://www.me-chitash.com/zdravje/recepti?func=print&id=36&pop=1&tmpl=component
    уште еден од нет
    Eve uste eden posen recept za bombi...gore se dekorira so karamel od rastopen seker
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    *Чоколадни бомбици..*
    4 белки
    300 гр. мелени ореви
    1 куќињско чоколадо
    1 чаша рум
    50 гр. путер
    300 гр. мелени бисквити
    - Се промешуваат добро белките и се додаваат наведените продукти. Се обликуваат бомбици и се валат во рендана чоколада.

    *Бомбици со рум..*
    125 гр. мелени ореви
    125 гр. шеќер во прав
    120 гр. чоколадо
    1 белка
    3 л. рум
    - Се замешуваат оревите со шеќерот и изматената белка. Се додаваат стопената чоколада и румот. Се обликуваат бомбици и се валаат во мелени ореви или рендано чоколадо.

    *Рафаело бомбици..*
    1/2 маргарин
    1 чаша млеко
    1 чаша шеќер
    6 л. густин
    200 гр. кокос
     
  14. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Бомбици со халта(хопла):
    200 г. халта, 200 гр. желе бонбони, 2 пакетчиња ресана, 12 крем бананки. Желето, ресаната и бананките треба да се исецкат ситно. Халтата се мати со миксер се додека не ја добие потребната густина и потоа се додаваат исецканите бананки, ресани и желе бонбони. Од смесата се формираат бомбици и се увалкуваат во кокос или мрвици. Јас вчера ги правев и мн се убави и од оваа смеса одприлика искачаат околу 50-60 бомбици. мераци :)
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ги има овие рецепти:
    Бомбици од лешници и чоколадо
    [​IMG]
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    450 грама Шеќер
    120 грама Чоколадо за готвење
    125 грама Маргарин
    320 грама Лешник
    100 грама Бадеми
    ПОДГОТОВКА:
    Лешниците испечете ги во рерна, за да може да се излупат, па потоа сомелете ги.

    Пенесто изматете го маргаринот со шеќерот и ренданото чоколадо, па во него додадете ги мелените лешници.

    Сетоа тоа добро измешајте го, па од смесата обликувајте бомбици и редете ги во намастено и со брашно посипано тавче, па оставете ги да отстојат на ладно место.

    Во меѓувреме попарете ги, излупете ги и ситно исецкајте ги бадемите.

    Од 250 грама шеќер и вода сварете сируп, па секоја бомбица со помош на чепкалка потопете ја во сирупот и извалкајте ја во сецканите бадеми.

    Време за подготовка: 20 мин.
    Време за готвење: 40 мин.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Иако не сум некој голем љубител на беливе работи, овие дека се со кокос , премногу ги сакам !
    [​IMG]
    Бели бомбици
    За 50 бомбици
    -150 гр. кокос
    -150 гр. шеќер во прав
    -150 гр. маргарин
    - 2 лажици коњак (рум или вињак)
    - 1 лажичка мелено кафе
    За глазура
    -200 гр. бело чоколадо
    -6 лажици масло
    Начин на подготовка
    Се мати пенасто маргаринот со шеќерот и се додава кокосот.
    Се раствара кафето во загреаниот коњак и се додава во смесата.
    Се обликуваат бомбици кои се глазираат во бело чоколадо.
    Секоја бомбица се попрскува со малку бело чоколадо. :)
     
  17. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Овој рецепт за бомбици го имав ставено во темата “Колачи‘‘-немав забележано дека има посебна тема.
    Еве и тука ќе го ставам рецептот.

    *2 чоколади за готвење
    *450г. бисквити
    *крем бананчиња
    *Густи сок (по ваш вкус)
    *1 кеса шеќер во прав
    *кокос
    -Бисквитите се мелат,потоа во нив се додава шеќерот во прав,бананчињата се сечкаат на ситни парчиња и се додаваат,се додава малку сок (ама сосем малку,скоро на пола филџан),чоколадото се топи на пареа и се додава..На крај сето тоа добро се меша,се топенат рацете во млака вода и се зема по малку од тесто и се прават бомбици потоа се брбелаат во кокос.
    Ова е стандардниот рецепт :D А јас за по убави на око ги,си земам уште една чоколада ја растопувам и потоа ги правам пола чоколадо-пола кокос :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG4019A.jpg
      IMG4019A.jpg
      Големина на фајлот:
      65 KB
      Прегледи:
      4.385
    • IMG4020A.jpg
      IMG4020A.jpg
      Големина на фајлот:
      57,6 KB
      Прегледи:
      4.385
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ај нeкои интересни чоколадни и секако брзи колачи ако може некој да ми даде рецепт
    фала однапред....
     
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Овошни бомбици

    Потребни состојки:
    3 јаболки

    250 гр шеќер

    300 гр мелени оревИ

    150 гр мелени бисквити

    Подготовка:

    Изрендајте ги јаболките и на кратко пропржете ги со шеќерот на тивок оган. Во изладената смеса ставете ги мелените бисквити и ореви. Од неа направете бомбици и извалкајте ги во кокос, чоколада или ореви многу се лесни и вкусни.
     
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.349
    Девојки,за оние бомбици со чоколадо за готвење,крем и ситно сецкани кикирики или лешници одеше ли и маргарин?