^ маргарин се става за да се поцврсти инаку и јас имам неколку рецепти за Бомбици.. 1. Бомбици 250 мл. млеко 1. пудинг од банила 3. банани ореви 1. плазма кокос 2. Бомбици 1. хопла од пола кило 4. пакетчиња ресани 1. плазма 1. кокос 3. Бомбици 1. плазма ореви 1. кутивче еурокрем 1. маргарин 1. кокос маргаринот го допиш со маргарин и потоа ги додаваш и другите.. 4. Бомбици 2. пакетчиња бискоти (ги мелиш) 2. филџани ореви 1. филџан шеќер 1. чоколадо 1. маргарин (го топиш) 1. кокос малку млеко
^ Веќе ги правев завчера,и ставив маргарин и воопшто не се убави.Стојат ,никој не сака да ги јаде како да преовладува маргаринот а мене ми смета мирисот
Како вчера не го видов прашањето (не бев баш онлине) . Јас за 5 мин ги правам во микро . Самата чоколада ги стврдне. И немора за јадење, ставам што ми се најде по дома од малиот а никој не сака да ги јаде
Jас ги направив овие на Eјми, одлични се на вкус, малку се благи, па од едно дури и ќе ви се слоши [/quote]
1 банана се гмечи а 100 гр.чоколадо се топи на пареа. во друг сад се меша 150 гр.мелени кекси и 70 гр.кокос па се додава растопеното чоколадо.Се меси со рака се прават топчиња кои се ставаат некое време во фрижидер да се стегнат.
Овие ми се најлесни и ги правам секогаш кога имам малку време. Варам еден будинг во пола килограм млеко и три лажици шеќер,откако ќе се свари уште додека е топол во него додавам 250гр мелени бисквити,250 гр кокос и 120 гр суво грозје,промешувам правам топчиња ги валкам во кокос и тоа е се. Одлични се за со кафенце.
ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ Основниот рецепт за 10тина вакви чоколадни задоволства вклучува: - 2 чаши стопено чоколадо за готвење - 1 чаша хопла (слатка павлака) - 1 лажица шеќер По желба може да ги направите со бело чоколадо или да додадете некоја арома. Во длабок сад се комбинираат сите состојки. Загрејте ги на тивок оган 2 до 3 минути додека не добиете лесна и мазна смеса. Внимавајте смесата да не достигне температура на зовривање, така што постојано ќе мешате. Откако ќе добиете еднолична смеса оставете ја да отстои 10тина минути на собна температура, а потоа во фрижидер околу 1 час. Откако смесата ќе се зацврсти може да ја обликувате со модли или пак во форма на мали бомбици. Можете да ги прелиете со чоколаден прелив или пак да ги извалкате во мелени ореви, бадеми, ф’стаци ... Откако еднаш ќе ги пробате – ќе ги правите постојано. Брзи и едноставни, а неверојатно вкусни. Уживајте! ДАЛИ НЕКОЈ ГИ ИМА ПРОБАНО БОМБИЦИВЕ, МИ ИЗГЛЕДААТ ВКУСНО!
Брзи бомбици 500гр. мелени бисквити 100гр. шеќер во прав 1 чоколадо за готвење (растопено) пола маргарин Кристал (растопен) млеко Се валкаат во кокос. Бомбици со локум 1кг. локум (без ореви) 100гр. шеќер во прав 50гр. кокос пола лимон (исцеден) Се валкаат во кокос. Бомбици од банани 2 банани (пасирани со вилушка) 250гр. мелени бисквити 250гр. шеќер во прав 50гр. кокос 50гр. бело чоколадо за готвење (рендано) 100гр. црно чоколадо за готвење 2 пакетчиња чоколадни трошки Се прават топчиња од бананите, бисквитите, шеќерот во прав, кокосот и белото чоколадо. Црното чоколадо се топи и топчињата се валкаат во него, па во чоколадните трошки. Рафаело бомбици 500мл. млеко 6 лажици шеќер 6 лажици густин 300гр. кокос 250гр. шеќер во прав пола маргарин Кристал (растопен) Се матат млекото, шеќерот и густинот. Смесата се остава да се излади во фрижидер. Потоа се матат кокосот, шечерот во прав и маргаринот. Ова се додава во изладената смеса. Се меша со лажица и се формираат бомбиците. Се валкаат во кокос.
150 гр мелени бисквити 100 гр - мелени ореви 50 гр суво грозје 2 шољи масло 1/2 лајци шекер Сето оваа смеса се меша и се меси со рака потоа со калап за цедење лимон ставаме во внатрешноста на калапот од смесата , и ги формираме слатките Одозгора мѕ посипуваме кокос
Бомбици од хопла 1 мало пакување хопла 500гр. сецкани ресани 150гр. сецкани ореви 200гр. сецкани желе бонбони 10 сецкани крем-банани Бимбиците се валкаат во кокос. Потребни се 2 пакетчиња кокос.
вака ја сум си бременка и сакам да направам 2-3 тури бомбици да имам во замрзнувач, ама не знам колку ќе тераат , ако може некој да ми каже дали со овој рецепт ке издржат едно 2 месеца во замрзнувачот без да се расипат . Благодарам однапред. 100 гр шекер 100 гр чоколадо 2дл вода 250 гр маргарин 100 гр кокос 250 гр бисквити. Поздрав.
Штом се замрзнати не дека ќе се расипат, ама замисли после 2 месеца да одмрзнеш маргарин (ако не се лажам и 2-3 мес. му е рок на употреба) какви ќе бидат на вкус - ќе мирисаат само на маргарин.
Дали некој од вас може да ми каже рецепта за оние што се прават од Корнфлекс. Ме напна мојон да му напраам такви. Мислам дека знаете за кои станува збор.Корнфлекс и чоколадо,така нешто беа. Фала однапред.
Легендарните емби колачиња. За подготовка на ембите е потребно: 1 пакување емби(чоколаден корнфлекс), 6 лажици мед, 100 гр потпечен сусам, 200 гр чоколадо за готвење, пола коцка путер (или ако сакаш маргарин) и 50-100гр шеќер. Се топат чоколадото, путерот, шеќерот па потоа се додаде корн флекс и сусам. Можеш да си правиш разни варијации со корн флекс али најубави се со оној чоколаден корн флекс
Рафаело бомбици 200 гр. шеќер 150 гр. маргарин 250 гр. млеко во прав 200 гр, кокос Подготовка: Шеќерот се става да се растопи со пола чаша вода да зоврие. Се додава маргарин и млекото во прав и на крајот кокосот.Се тоа убаво се измешува. Внатре се става орев и лешник.И на крај се валкаат во кокос.