Не крцкаше се стопува вајда.И пакетче ванила ставив заборавив да пишам.Малку испага од дозава што пишав.Колку за двајца да се облажат да знаеш
Бомбици од банани 2 банани (пасирани со вилушка) 100 гр. шеќер во прав 100 гр. кокос 100 гр. мелени бисквити Се валкаат во кокос или мелени ореви. Сникерс бомбици 2 јајца 200 гр. шеќер во прав 1 маргарин (растопен) 300 гр. мелени бисквити 300 гр. мелени кикирики Се матат јајцата, шеќерот во прав и маргаринот. Се додаваат мелените бисквити и тоа се мати. Се додаваат и мелените кикирики и пак се мати. Смесата се лади во фрижидер еден саат. Бомбиците се валкаат во кокос или мелени кикирики.
Споделете некои рецепти за raw/сирови бомбици. На Интернет најдов различни варијанти, ама сè што ми е од Гугл ми е сомнително дури не видам нешто навистина проверено.
Да го пишам овде за следен пат да си го најдам рецептов за плазма бомбици Пудинг чоколаден правам едно пакетче стандардно, додавам 200 гр предходно испечени несолени лешници, една темна чоколада и околу 100 гр путер, додавам 300 гр Мелена плазма. Да се излади во фрижидер убаво па обликувам. Превкусни
Да, правев. Купувам готов пандишпан и од оние пудинзите на др. Еткер што се матат со млеко, без варење. Го матам пудингот, го кршам пандишпанот во него и мешам да добијам смеса што ќе се оформи во бомбици. Може и од пудингот што се вари да ставиш, ама вака е побрзо. Оформувам топчиња, ги редам на послужавник. Стапчињата за cakepops прво се потопуваат во чокладо на страната кај што ќе се реди бомбицата па се забодува во топчето. Да се стегне малку, па ги потопуваш бомбиците во чоколадо, го цедиш вишокот и ги ставаш во чаша исправени да се доцедат. Додека се стврднува чоколадото може да посипеш шарени трошки за декорација.