1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бонбони

Дискусија во 'Свадба' започната од TheSecret, 22 март 2013.

  1. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нигде не сретнав ваква тема ако грешам делит :lol:
    Бонбони..за со торта, за во црква...има толку многу што неможам да се одлучам какви :rofl: од каде ги набавивте вашите...
     
  2. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51

    Еве јас ќе споделам од моето искуство....Го имав истиот проблем неможев да се решам со која варијанта на бомбони да одлучам оти ги има во изобилство различни идеи.Јас моите бомбони и покани ѓи порачав во Софи Гифт-Скопје,имаа огромен избор,а ако имаш твоја лична идеја може и да ти изработат.Големи професионалци,жената навистина си ја знае работата.Исто и ќитенки,бомбони за во црква со паричка и жито...Зависи и во кој стил сакаш,со чипка,бисерчиња,школки...како ќе ти биде аранжиран ресторанот,со кои бои ќе акцентираш и така ќе гледаш сите детаљи да ти се надоврзуваат да има иста тематика... :)
     
    На Neznam1 и zuzu82 им се допаѓа ова.
  3. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    мене ми ја препорачаа Маја од Црниче и не згрешија девојката си ја знае работата мене сите китенки,бонбони ми се основа бела со лентички и бисерчиња бордо преубави :D
     
  4. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    Неколку идеи за бомбони .....
     

    Прикачени фајлови:

    На tamarce.j му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    На последната свадба кај што бевме невестата со секе парче торта даваше и бомбони
    некако многу интересни беа во форма на цвет
    вака нешто
    [​IMG]
     
  6. mlad-bitola

    mlad-bitola Нов член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    6
    најубото нешто :D
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Периодот кога одев по свадби, само на вакви фазони налетував.

    [​IMG]

    Сеа гледам помодерен изглед, па во кутивчиња, тинтири-минтири сфатив дека јас одамна немам отидено на некоја свадба :D

    Едвај чекав да ни` ги дадат, не оти ќе ги јадам, ми кажа некој да сум го ставела тоа врзопчето под перница и демек на сон ќе ми се појавел тој што ќе ми биде маж. Дете бев, у све верував... :lol:
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Глупости, фрлање пари за нешто што собира прашина одредено време, те нервира додека го преместуваш од еден ќош во друг, станува кафено од бело после извесно време собирање прашина и на крај завршува во ѓубре, никој не го јаде и 100000% скапа ствар без никаква улога!!!!
    Јас не направив за свадбата бонбони од горенаведените причини и верувајте дека на никого не му недостасуваат, дури и 90 % од гостите што во иднина ке прават свадби ке го следат мојот пример (така кажаа) :)
     
    На blackwave, TaciCarbonero, Mimi123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.907
    Допаѓања:
    32.504
    Пол:
    Женски
    Бонбончињата за мојата свадба ги правеше моја братучетка. Јас не сакав да нарачувам бонбончиња, ама братучетка ми ме разубеди. Материјалот го купив од женска чаршија. Така повеќе ми се исплатеше. Ако купував бонбончиња требаше да давам многу пари. Скапи се секаде.
     
  10. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.984
    Излишен трошок според мене. Не разбирам зошто невестиве упорно ја одржуваат оваа т.н традиција
    и полнат нечиј џеб.
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Другарка ми одлучиле вакви да им бидат бомбоните, мене ми се допаѓаат, ама скапички се. ваљда, не сакав да ја прашам за цена, не ми беше згодно.
    [​IMG]
     
  12. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    Се согласувам дека на крај се ќе заврши во канта,точно дека се и прескапи,но ете има варијанти и некој си ѓи прават дома,зошто да не.....НО сепак невестинските бомбони се дел од нашата традиција,и некако не ми оди да се вратиш од свадба без бомбони.....сепак сум ЗА бомбончиња :)
     
    На Neznam1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Со тоа што се делат бонбони заедно со тортата, се дава еден вид благослов на гостите, да им биде благо, убави и богато како што е на младоженците во моментот. Не е тоа тренд за полнење нечиј џеб, туку благослов.
     
    На Fatalnata, ilipili и mice83 им се допаѓа ова.
  14. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски

    Така е!!!! Во целост се согласувам.
     
  15. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.984
    Без желба да влегувам во спор со било кого, да го дообјаснам мојот став.

    Кога бонбоните се направени од девојката што се мажи, кога таа го вложила својот труд и добра мисла во изработката, наменувајќи ги за своите блиски (гости) - тогаш апсолутно се согласувам дека тоа е во најмала рака одличен подарок за поканетите, па слободно може да се каже и дека е благослов.

    Но, денес, кога поради забрзаното темпо на живот, добар дел од поготовката на свадбата се остава во рацете на надворешни лица (цвеќари - за декорација, бонбони, бовчи; фото студија- за покани итн.), се губи непосредноста, а со тоа и "тежината" на благословот.

    Да бидеме реални, повеќето адети (влкучително и невестинските бонбони) се прават, затоа што сите така прават, традиција е, па и интересни се за правење, а малкумина се интересираат за суштината на адетот и зошто се прави.

    И за крај, не сум етнолог, не тврдам дека сум во право, но модава со бонбоните одвај мислам да има 20-ина години. Ве молам, не ми се нафрлајте веднаш ако не е така, но колку што се сеќавам, кога како мала ме нослеле по свадби-невестински бонбони немало. :D
     
    На blackwave, Cacuvche и eleni23 им се допаѓа ова.
  16. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Така е!!! Кога прв пат излегоа беа они обичните направени ДОМА, три бели бонбончиња врзани во тул со црвено машниче направено како локна (со ножици) што повеќе личи на конец :)
    А сега која е логиката на бонбончево од цвеќара?
     
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Јас си ги правам сама дома, и не се воопшто бонбонче во бело тулче, туку се ептен сложен дизајн. Затоа што знам дека ќе си ги чуваат, си ги знам луѓето, и сакав да ги почастам со убаво изработена декорација. Дека не е исто ако го купис од продавница и дома напрвено, не е исто. Но има девојќи кои не ги бива воопшто за оа, и не знаат никој што го бива. Зошто да не купат?
     
  18. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Губење време и пари за ништо, а ќе видиш дека и твоите во канта ке завршат:)
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Нека, мое е да им дадам на сите по едно бонбонче затоа што верувам дека кога од срце е дадено стварно е благослов!
     
    На Bozica1980 и mice83 им се допаѓа ова.
  20. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.372
    Јас многу се радувам кога на свадба ќе ми дадат бонбонче и од сите свадби до сега на кои сум била си ги чувам во една корпа и многу се радувам кога ги гледам,здравје сега на мојата свадба планирам да им давам на гостите со тортата :)
     
    На Sudika и kikin им се допаѓа ова.