Мене баба ми рече дека сега кога ќе си даваме збор, за секој требало по една крпа и едно такво со бомбончиња. Јас сама сакам да ги направам, имам идеја како, цел ден денес пазарував само за тоа и 50 евра дадов за да можам да направам бомбони за неколку души. И самите бомбони ептен ме коштаа, 1000 денари кило, па тул, па траки, цветчиња, украси, врвци, силикон, еден куп пари. Да нарачав готови многу помалце ќе ме кошташе, ама мерак ми е, да направам ќе ви сликам да ви покажам што излезе. И сега... освен сега што ќе им давам на неговата страна луѓето што ќе бидат по едно такво и крпа, на друго место кај се потребни вакви китчиња да ги речам со бомбончиња? Зборот ќе ни биде и збор и веридба. И само крпа и вакво се дава на секој од неговата фамилија? Татко му, мајка му, дедо му, баба му, сестра му и зет му.... Точно е?
Точно пола саат ми требаше за да направам едно. На некој му се допаѓа или да не се замарам џабе? на сликиве изгледа минијатурно, ама ич не е, има 5 бомбони и тие големки се и мааалце и поубаво е во живо. Сепак сакам мислење.
Јас прв пат слушам за ваков обичај ама тоа зависи од кој крај сте,секој град посебен обичај.Знам на свадба со торта се даваат вакви а за веридба не сум видела до сега.Иначе супер се
Мене искрено не ми се допаѓа. И многу е едноставно, а си го правела пола саат Ништо посебно е, во тул бонбончиња и цветче залепено. Побарај на гугл или пинтерест имаш многу повеќе идеи да биде понеобично веќе кога си дала толку пари. За вакви во цвеќара ќе ти ги направеа за максимум 15ден.
Мене не ми се допаѓаат, за мој вкус се многу шарени и "детски". За адетот не знам, во Скопје ваков адет нема, ниту мажле кој е од Куманово ваков адет немаше ни он ни негови роднини, другари кога правеа веридби. Не се слушаат баби за се, многу пари си потрошила за ништо. Нивно време и наше време разлика огромна. Не знам од кај си купувала ама на женски пазар на бит пазар е најевтино и преубав избор има на секакви тракатанци за свадби.
Да и јас прв пат слушам за адетов. Бомбони требаат само за префрлање во црква ама тоа е обврска на свекрвата, кумата и мајката да си се снадбат, а не твоја. И на свадбата ако минеш бакни рака. А за на свршок прв пат слушам.
И мене не ми се допаѓа, извини. И изборот на бои.. Некако не ми изгледа убаво. Јас не сум правела вакви. Правев ама кога бев кума. Ама ако веќе правиш еве ти неколку предлози
Јас сум ваков тип, и дома ми е вака и во канцеларија ко што видовте во фото натпреварот, тоа сум јас и секој што ме знае а ги виде ми рече типична ти. Не сакам да си ја изгубам оригиналноста и препознатливоста, затоа што не требало такви бои и различни се моите од стандард ко што ги прават сите. Мене ми се убави, на некои не им се, направив уште вакви и такви и ќе останат. Вас, фала ви на искреноста, да се знаевме лично можеби со други очи ќе ги погледневте според мене и мојата личност.
Jas ke imam okolu 130gosti i nezz kolku bonboni za vo restoran i kolku za vo crkva treba. Ve molam za pomos
Не зимаат сите, јас имав многу од страв да не ми се малце и на крај од што ми останаа ги делев по масите
Кој се тие бомбончиња со ментол? Од Европа како изгледаат и која големина се од прилика? И каде точно може да се купат? Дали ги има на секој штанд на Европа?
По колку бомбони имавте за во црква и за со торта според бројот на гости? Едни ми викаат само со тортата се даваат, други викаат дека пред секој требало да има
Јас со тортата делев направив околу половина од вкупните гости. А золва ми пошто правеше во Прилеп на секој гостин кај што седеше имаше.
Девојки предлог за бонбони некоја страница? Му требаат околу 30тина, скроз се обични со тул или сламени. Не знам ни како се движат моментално цените, дали е поисплатливо дома да се направат или да ги порачам. Неколку што прашав од 30 - 50 денари бонбонче, се шокирав. Очекував пониски цени, зашто се од најобичните.