Чекајте, јас можеби сум малку збунка, но јас знам дека бомбончиња не се даваат на сите гости, туку само на немажените и неженетите. Бар на свадбите јас што сум била невестата ти става по едно бомбонче на чинијата во која ти става торта. Е сега гужвата при делење на тортата ме живцира, па никогаш не се буткам, така да многу пати и без бомбонче сум останала, затоа што дур дојдам на ред веќе нема. И јас имав полно бомбончиња по свадби што сум одела и си ги чував, ама се насобраа многу, место ми фаќаа, па прашина и еден ден се сум фрлила и баш си реков џабе парите.
Бонбончињата се даваат на немажени. На неженети не се даваат. Затоа треба да се нарачаат во број колку што ќе има немажени на свадбата.
И јас исто. Сите бонбончиња ги чувам. Убаво се направени и нема шанси да не ги чувам. За јадење нема шанси, бидејќи се од поодамна.
Ооо гледаш не сум знаела дека само на немажени треба. Па од каде да знам во последно време се е извртено. На сите свадби што сум била кога се сече тортата машки повеќе се буткаат, па и бидермаерот кога се фрла, на некои свадби, машки кога ќе се наредат бог да чува, не смееш да припариш ќе те избуткаат.
На една свадба кај што бев старосватица имаше такво нешто. Не само машки, па и стари жени се буткаа за да добијат бонбончиња. Јас ги давав бонбончињата, ама само на немажени.
Јас мислам дека бонбончињата се надаваат на немажени и неженети исто како тортата што е за немажени и неженети (не е тортата само за девојчиња)
Бонбончињата се даваат само на немажени. Тортата нема врска со бонбончињата. Гледам дека така правеа на свадбите каде што сум била. Секаде е различно. Има некои што даваат бонбончиња на секој што ке дојде да земе торта.
И јас прв пат слушам за вакво нешто,планирам на масите да ѓи поставам бомбончињата,пред секој гостин,и невестинската торта ќе биде од cupcakes и за секој гостин што ќе дојде по торта ќе добие,мислам дека е малку непријатно да почнам да прашувам кој е мажен или женен,иако знам за мојте гости кој како е...замислете Извини ти мажена си? Ако си,нема торта за тебе... ...
ДА да бомбончиња се даваат на немажени и неженети како и тортата што ја сечат младите, а за другите гости нели делат торта од ресторанот ама секако дека ако ти дојде некој нема да му речеш не зимај или пак да не му пресечеш парче торта , јас имав еден куп бомбончиња дека кај нас така оди тоа кога ќе ти дојде некој што не му е детето на свадба демек за него да земе едно две и набрзина ќе отидат така да резерва бомбончиња обавезно
Видов на ФБ има некоја новоотворена чоколадна печатница. Веројатно печатат со растителни бои затоа што чоколадото се јаде, а можат да испечатат буквално се, дури и слики. Запознаен ли е некој повеќе со ова? Бидејки гледам дека имаат и бонбони за свадби па сакав да знам ориентациона цена, да не прашал некој што се спрема за свадба...
Ве молам за помош, дали знаете каде можам да најдам виолетови или бели лижавчиња на големо, ама да не се многу скапи?
Провери во ГТЦ доле во приземје кај Шехерезада има продавница продаваат невестински бомбони,разни украси за торти има,лижавчиња....провери дали ке најдеш нешто.Е за цената незнам и зависи колку ти требаат и прашај може да се договорите за некој попуст,јас лично немам купувано огромни количини