бонбончињата тие што се даваат со торта си ги правев сама. првин сакав да бидат како школки но не си најдов никаде школки па потоа се префрлив на ангелчиња. Ангелчиња си најдов низ магацините материјал од битпазар и ме чинеа 50 евра се на се, а да ги купев готови да ми ги правеа требасе да дадам 100евра.
јас барав секаде и цел битпазар го прошетав ти зборам пред една година и ненајдов никаде по тие места. најдов околу 30 во базаро и ги земав по 30 ден. а потоа најдов еден магацин накај визбегово пантер мис се вика види мислам дека имаат и страна на нет имаа различни ангелчиња и ги замолив да ми направат комплет од исти 70 комада и ме чинеа по 23 или 27 денари.
ок фала ти многу баш ќе проверам да видам што имаат треба да правам бонбончиња и китенки за една другарка,.
Во нашиот крај има една глупава традиција со бомбониве. Се даваат во рака на секој гостин, од маса на маса, и кога ти го дават бонбончето се дава пари. Ова мене ми е типично просење. Затоа јас кога би правела свадба би ги ставила на секој во чинијата или пак до тортата кој сака нека си земе, како спомен од свадбата.
Тоа го имаше на свадбата на девер ми. Невестата даваше бонбончиња и бонови за вечера на гостите, а гостите и даваа пари. Кој знае колку пари собрала.
Па да ти кажам квалитетно се собираат пари, со оглед на тоа дека поблиските даваат и по 500, 1000 , а просечно од секој гостин по да 100 даде, и не е малко. Затоа ми е безвезе, некој со овие пари денот ќе го помине, а нестата ќе проси од маса на маса.
Не да се собираат пари. На невестата сите гости и даваа по 100 денари, а на свадбата имаше околу 100 гости. Од 100 гости по 100 денари, ете ти 10 000 денари. Добра заработка.
Мене ми е многу убава традицијава со бомбоните, на некој начин ствараш интимна атмосфера, ги поздравуваш гостите и им посакуваш убава вечер, но проклето тоа со парите ич не ми се свиѓа, али идниов ми младоженец кога слушна дека паричиња давале одма се ококори во очињата, се шалам, у секој случај ќе го практикувам ова, ќе гледам да ги средам моиве барем да не даваат пари, па се надевам и останативе ќе приметат и никој нема да извади, Многу ми е глупо тоа зимањето пари лелеее.....
Не само што е глупаво, туку и срамота е. Излегува дека земаш милостина од гостите. Кај нас на свадба немаше такво нешто.
А замислете го ова, да имаш 400 гости, ти даваат сите по 100 денарчиња и опа имаш собрано цела сума за да си го наплатиш невестинскиот фустан. Уживанација - гостите ти ја плаќаат венчаницата. Искуство од последната свадба на која бев: направи си огромна убава свадба, на која ќе делиш обични чоколатца - никако украсени (ниту од тој обичниот кичест тул кој го ставаат некои), за кои ќе ти даде секој по 100 денари. Барем донекаде ти се враќаат парите, а и си задоволна и уживаш. п.с. Недај Боже тоа да го направам јас некогаш .
Така беше на свадбата на девер ми. Сите гости на невестата и дадоа по 100 денари. Од 100 гости таа собра 10 000 денари. Ете ти една плата.
Дали некој знае да ми каже како се движат цените на големо на цветчињава по Бит пазар? Не мора да се истата боја
А замислете чудо - и бонбончињата не се без пари , нели?! Како што јас можев да разгледам на повеќето места, нема посаглам бонбончиња испод 30тина денари, така да тие пари што неветста што ќе ги собере не се баш чиста плата како што раскажувате вие. Е сега кој за какви ќе се одлучи да дели, јас не би делела бонбони кои се едно бонбонче завиткано во оној кичестиот тул и толку. Едноставно мене не ми прават ќеиф, никој не ја смета заработката.
Јас цветчињата ги купив од Би Пазар за 36 денари. Во една китка имаше 12 цветчиња. Тоа беше пред 2 години.