Јас невестинските бомбони ги поставив на масите пред секој гостин,истовремено ја декорираат и самата маса.Лично на мене по срамно од тоа да тргнам по масите да собирам пари мислам дека нема....и веднаш тргнуваат коментарите ,,Ајде тргна невестата пари да собира по масите,,...Мислам дека нема да се збогатам со тие стотина евра што би ги собрала од гостите,но како и дае многу индивидуално е тоа.
Се одлучив за какви бонбончиња ќе правам. Едните ќе бидат кај мене на невестинската маса, и ќе ги поделам со торатата (за нив нема да има за сите) А другите што ќе ги изработам ќе има за секој гостин на неговото место.
И јас одлучив за бомбони дефинитивно, сама ќе ги изработам а од првиот прототип ќе добиете и слика Идеата е да бидат цветови, најразлични, ружи, хибискуси, лалиња, кали, гербери.... сите направени од жица и хулахопка, тукушто изгледав над 20 туторијали на УТ и дефинитивно збеснав Со оглед на тоа што и самиот бидермаер ќе биде така поколоритен, од најразлични цветови во боја, венчаницата на себе ќе има така повеќе боја и дефинитивно супер ќе се вклопи и ова во целата приказна Наскоро ќе добиете слика и од бомбоните а и од поканите
Јас сакам да делам бомбончиња на нашата свадба,но и мене ми смета тоа што при давањето гостите во тој крај даваат пари и мене ми е многу глупава таа ситуација.Во мојот крај ја нема таа традиција,а во на мојот иден сопруг ја има и сега кога ќе врвам со бомбончињата гостите кои што се од моја страна нема да дадат пари ,а од на мојот вереник да и дури тогаш ќе настане збрка. Токму поради тоа ние се одлучивме кога ќе ги делам бобончињата да кажам не примам пари и така ќе се избегне една непријатна ситуација.Така имаше случај во кој што невестата делеше бомбончиња,но парите не ги земаше кога и даваа гостите. Во секој случај одлучна сум сама да ги правам бомбончињата за свадбата и да ставам заедно со тортата за сите по едно бидејќи сакам да имаат еден убав спомен од нашата свадба и кога ќе ги погледнат да кажат ее ова е од на или свадбата
AngelOfArh пушти некој линк кај си гледала, јас барав ама ништо не најдов.Едно време и јас се мислев да си правам сама ама немам сеуште некаква идеја какви сакам да изгледаат.
Моите бомбончиња, не замерувајте што сеуште не ми се ставени бомбоните, ми е страв да не ми се растопат од жешково па ќе ги лепам некаде пред свадба, на крај тоа, дотогаш има уште многу работи за завршување
За да не ти се растопат бонбончињата, купи од тие белите на база на ментол, што се ронат во устата. Јас такви бонбончиња правев. Ги купив од Европа. Сестра ми купи од тие благите бонбони и од топлото се растопија.
Сумер Грл, јас ќе купам од оние што се со бадемче внатре од Краш, но мислам дека од кои и да купам ако ги ставам од сега ќе се истопат и ќе се растечат до 8ми Септември, но добро што ми кажа од сега да си знам, може да се смени некој план, знам ние на сестра ми купивме од истиве како твоите ама со вкус на јагода и дека се беше на црвено супер се вклопи Јас моите ќе ги лепам со силикон кај ливчето што е. Пробав на едно со бомбончиња од дома што имав и супер дојде
Затао ти ги предложив тие бонбончиња, за да не ти се растопат. Јас имам уште од моите бонбончиња и не се растопени.
Бела пиши на YouTube How to make naylon flower, ќе ти излезе сигурно милион идеи, ама и ти истекнуваат куп идеи додека правиш, јас дали направив две, три според видеото, се другото на мојата машта остана Бомбончето ќе иде кај ливчето
А материјаливе од каде ги набави? Гледав видеа, и не знам кај има таков конец што ги врзуваат за телчето хулахопките?
Абе Бела, снаџи се па живи, обичен конец, каков специјален, нема ништо филозофско, ехехеее...јас направив 150 бомбончиња со една макара, вчера ги рачунав колку ќе ми излезат, отприлика ми излегуваат по помалку од 10 денари по бомбонче, работната на рака моја и на свекрва ми не ги ставив во есапот Рака не срце, не елесно, си бара многу работа и многу време посветено на нив, секоја вечер по 4-5 саати посветувам и за отприлика 2 недели направив 150 бомбончиња.
Јас материјали си купив, ама така некоја мрза ме фатило и нервоза за нив, што не ми се чепкаат. А морам да почнам да ги работам.
Леле Сноу јас ќе си пукнам на две недели пред свадба да не ми бидат готови Мене еве два месеци порано ми се готови и искрено мислам дека требаше порано да ги почнам Ама ќе ги завршиш, не одиш на работа за да губиш време, дома си ќе ги завршиш, јас за викенд правам најмногу
За да не се мачам да ги правам бонбончињата, задачата и ја доделив на една братучетка. Убаво ги направи бонбончињата.
Е да, ќе се снајдам и ќе направам неколку. Јас секако имам многу време, свадбава изгледа во 2014, март, април ќе ни биде.