Јас ќе имам околу 300 гости, т.е. нема да бидат повеќе од 300 а имам 220 бомбончиња, имам уште материјал и штом ги направам поканиве ќе ги досредам и другите, ако има доволно за сите ќе делам на самата свадба со купончињата и ќе наздравуваме, а ако немам ќе делам со тортата, секако ќе ми стигнат за со торта, ама мене бомбончињата ми се преубави и од сега сите си нарачуваат, јас сакам две, јас три, некоја сакала од сите врсти по едно, па морам да направам повеќе. Иначе БатерфлајСк не е правило да му дадеш секому бомбонче кога веќе не делиш пред вечерата, колку има толку ќе дадеш, не знам зошто да ти биде срам, тоа е исто ко со тортата, што ако дојдат сите гости по торта а немаш доволно за сите, јас пример нарачав 150, се знае, тоа е за немажените девојки, е сеа што сите баби и тетки трчаат по торта тоа е друго. Нема правила кога ќе чукнат тапаните
На мене многу ми се свиѓа тоа да се наредат по масите пред почетокот на свадбата, ми иде како декорација, ама пустото едно бонбонче најефтино е 20 ден, по 200 гости се 4000 ден. Кога ќе помислам на париве некако се предомислувам и мислам дека ќе давам само со тортата на немажени и неженети. Само не знам колку од прилика би ми биле доволно 50-60 ?
Кокосче зависи колку гости ќе имаш, ако имаш 200 гости доволно ќе ти бидат 100 бомбончиња. Не знам баш кај има од 20 денари асално бомбонче, прилично се скапички, поготово ако сакаш да личи на нешто, мене ме фатија 13 денари дека сама си ги правев. Јас ќе зимам торта од 150 парчиња и 220 бомбончиња бидејќи знам дека ќе има тепачки за бомбоните Јас се запрепастив кога ги видов цените, затоа решив се сама да направам и супер излезе се
Ти убаво си направила, туку јас кај немам време , па и не ме бива за такви работи ич, така да морам да нарачам. Штета нема да ми се исполни желбата да дадам на сите.
Da mi stignaa, mnogu se ubavki. Inaku jas si gi zimam po nabavna cena. Inaku se dvizat okolu 40 den gotovi, gore/dolu so cenata
Сноу А може ли да ми покажеш слика како изгледаат и колку ги земаш ти по набавна цена, ако не е тајна секако
^Уште ги немам сликано...ама 90% слична на оваа. Дури оваа е и малечка, и држачот за бонбони е поинаков. + не е вака бела млеч, туку проѕирна како лебедов: Спојлер -Јас приватно изработувам декорации за свадба (бонбони китенки и др), и ги земам по 15ден. Затоа не се врзувај дека би ги нашла за таа цена. Очекувај 20ден. дека ќе се во случај да ги најдеш.
Snow-Queen, прекрасни се бонбончињата. На една свадба каде што бев, бонбончињата беа ставени во стаклена пепељара и многу убаво изгледаа. Беа поставени на масите. Имаше за секој гостин по едно.
Може да најдеш и поедноставни од некои си 15, 20 денари Од каде си инаку? Во Скопје се далеку поскапи отколку во другите градови, барем по тоа што имам слушнато
Не да се поскапи. Јас кога прашував за мојата свадба, секаде ми велеа од 30 денари па нагоре. Повеќе се исплати дома да ги направиш.
Има и по 10 денари и тоа многу убави... Нешто како ова бонбонче само 10 денари е во Штип. http://www.deltapres.com.mk/product/%D0 ... 1%83%D0%BB
BellaS, бонбончињата во другите градови се поефтини. Во Скопје бараат многу пари за најобични бонбончиња.
Па не знам баш колку е исплатливо од Скопје да одиш во друг град специјално за бонбончиња. Кај е превозот овде Друга е ситуацијата ако земаш и други работи или имаш други обврски, па успат и бонбончињата. Сепак, секој си знае како му се исплати така ќе си прави.