Моите бомбончиња за една кума Почнав да работам пополека, ги направив бомбончињава последно, тие со циметче се за со торта а тие со пченка за во црква. Имам уште ама од пуста немарност не сум ги сликала да ги ставам
Мене бомбониве од Каталеа ми се преубави Туку сакав да прашав колку бомбони отрилика се става во кутивчињата и какви?
Ovie bomboncinja gi pravev za drugarka , mnogu ubavo se dekoriraat vo salfetkata i ubavo izgledaat na masata. Ako treba pomos kazete
Пред се,Прекрасни слики и идеии!! Па, бидејќи гледам дека ставате фотографии и начинот на кој се изработуваат овие бонбони,ќе може ли да ставите и слики од бонбончиња во форма на невестинскиот фустан,ако го знаете и начинот на кој се изработуваат-уште подобро .. Фала ви однапред!
Здраво! Дали некој сретнал вакви кутивчиња за бомбони, имате ли некоја идеја какви бомбони може да се стават внатре? За овие малите овални мислам дека кутивчињата се премногу големи..
^ Во вакви кутивчиња обично ставаат бонбони како од бонбониерите. Зависи од тебе за какви ќе се одлучиш, дали ќе одвоиш некој денар повеќе за Чери-бонбони и такви слични, или ќе одиш на поевтина варијанта некоја.
И јас си мислев на такви, чери или рафаело, но не знам дали по едно или повеќе, кутивчињата мислам и по три би собрале но дали е во ред да има само по едно?
А дали знаеш по колку пари се продаваат, ме интересира? Јас ги порачав од интернет сега само се мислам што да му ставам внатре..
Јас тие што сум ги видела само по едно собирале. Гледај земи си со помала големина, што ќе ти е по три бонбони да ставаш, само беспотребни трошоци се тоа.
Ќе пишам и тука Се понудив на другарка ми да и помогнам за свадбата со тоа што ќе гио направам кутивчињата за бомбони со тортата е сега ме интересира каква хартија треба да биде тоа? јас и реков дека може обична бела хартија од по дебелата и да ја украсиме со некоја лента во боја.. дури не земале материјали дали е во ред таква хартија или треба некоја друга Најверојатно вакви ќе бидат кутивките а, да и за 100 гости, колку отприлика кутивчиња треба да бидат