1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бонсаи

Дискусија во 'Дом' започната од AnaKarenina, 5 мај 2014.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Иако веќе имаме тема за Собни растенија, решив да отворам посебна за Бонсаи, бидејќи сепак станува збор за посебно растение со комплициран начин на одгледување.

    За оние кои не знаат што е тоа Бонсаи, наједноставната дефиниција гласи - дрво приспособено да живее во мал сад.
    Оваа уметност води потекло од Кина, а се смета дека првите примероци датираат од пред повеќе од 1000 години. Од крајот на 20-тиот и во почетокот на 21-виот век, може слободно да се констатира дека уметноста на бонсаито е застапена на сите континенти. Во зависност од староста, видот и убавината, бонсаито може да достигне и цена од илјадници долари.

    Кај нас што се среќаваат бонсаи од различни видови, како на пример: Serissa, Ligustrum, Zelkova, Carmona, Ficus ginseng. Но, бонсаи може да се создаде од било кое дрво или грмушка. Само потребно е многу нега и трпение.

    Обликувањето и смалувањето на дрвата се постигнува со неколку основни, но прецизни техники. Минијатурноста на дрвото и листовите се одржува со рамномерно кастрење на лисјата и корењата. Тука се применуваат разни методи, бидејќи секој вид дрво различно разлистува. Покрај ова, извесни кастрења мора да се вршат сезонски, бидејќи повеќето дрва имаат период на мирување,односно период кога не растат корењата и лисјата, и несоодветното кастрење може да го ослабе или уништи дрвото.

    При кастрењето, треба особено да се внимава на правилата. На пример, најниските гранки треба да бидат подебели од високите.
    [​IMG]
    Исто така, треба да се кастрат оние гранчиња кои растат навнатре, кон стеблото.

    Гранчињата не треба да ги оставате премногу блиску едно до друго. Не мора математички точно да бидат одалечени по 120 степени, но барем приближно да има подеднаква одалеченост.
    [​IMG]

    Целта на бонсаито е да се креира што е можно поубаво обликувано дрво.
    Дрвата соодветни за бонсаи се обликуваат со жица. Бакарна или алуминиумска жица се обвиткува околу гранките и стеблата, држејќи ги гранките во саканата положба додека тие самите не се здрвенат и потоа жицата се отстранува. Некои видови не се здрвенуваат многу, или се веќе премногу крути за да бидат обликувани на овој начин. Во овој случај обликувањето се врши главно со кастрење.
    [​IMG]


    Еве неколку многу убави бонсаи
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    За да се добие вакво бонсаи, потребно е многу време, постојано и правилно кастрење, како и соодветна нега и услови.

    Порано имаше еден многу убав и корисен блог, ама не знам зошто не можам да го отворам :worried:

    Доколку чувате бонсаи, би можеле овде да пишуваме искуства и да споделуваме слики.
    Моето бонсаи е Carmona и еве како изгледа
    [​IMG]
    Тазе е кастрено, уште некое гранче треба да скратам, само се уште размислувам за формата.
     
    На Safira26, galapce, ♡BuBaLe♡ и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Браво за деталното започнување на муабетот. :clap:

    Бонсаи е врв на уметноста. Дело кое го работат генерации. Готови бонсаија (вака е множина?) кај нас се екстремно скапи, а оние кои се евтини по цвеќарниците, прилично не личат на ништо.

    Сепак, за љубителите кои сè уште не биле, мој искрен совет е да поминат во Хорти експерт, кај Александар Палас и да побараат од вработените да им го отклучат делот кај што се бонсаијата и имаат вкупна цена од околу пола милион евра, што мене ме остави со подзината уста. :o

    http://www.hortiexpert.com/bonsai
     
    На okcenzi и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  3. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    Прекрасни се :)
     
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Навистина се убави и необични. Многу би сакала вакво. Ама немам услови да одгледувам.
    АнаКаренина, твоево е преубаво! :inlove: Се гледа дека се трудиш околу него.
    Јас би сакала вакво некое:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Уште многу работа и време треба за моево :) Само уште размислувам дали да има една главна крошна или повеќе :?:

    Туку, прашање до оние кои одгледуваат бонсаи - како и колку често му ставате ѓубриво?
    Затоа што прво прочитав дека му се става само кога ќе се пресади (обично се презадува на секои 3 години), ама после прочитав дека може и при редовното прскање на секои два дена, да му се става по малку хумус во почвата. Гледав видеа дека треба сосема мааалку да се ископа во земјата и да се стави хумус. Ама мене ми е страв да го копам, цела саксија е полна со увртени корења. Дури и надвор излегуваат корењата. Да не го умрам? :?:
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Која цена се движат Бонсаите ?

    Мене ми се многу интересни, сакам едно вакво.
    Знам дека треба да си многу внимателен кон нив, пречесто вадење (поради ниските корени) и топло сакаат.

    **

    За хумусот, мислам дека можеш да ставиш одзгора за да не се раскопува, но не на секои 2 дена. Тоа е премногу.
    (Имаше во еден Вест сега цела статија на неколку страни за некој човек од Мк кој пишуваше до детал за Бонсаито)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Беше денес некој на Цветниот фестивал во градски парк?
    Убаво е организирано, има многу убави цвеќиња и други растенија. Ако сте во можност, поминете.

    Јас се надевав дека ќе има изложено и бонсаи, ама само едно имаше

    Ова беше поставено на штандот на Green planet. Чинеше 9100 ден. Не дека е лошо, убаво е. Има дебело, извртено стебло и големко е. Ама мислам дека за 150 евра можат многу поубави бонсаи да се купат.
    Хортиексперт немаше изложено, ама нé поканија во нивната градина каде имаат разновидни бонсаи. Еве линк ако сакате да ги видите. Мене овие ми се многу поубави отколку тоа што го сликав во парк.
     

    Прикачени фајлови:

    • Бонсаи.jpg
      Бонсаи.jpg
      Големина на фајлот:
      156,2 KB
      Прегледи:
      511
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    :clap: Конечно ја најдов оваа тема :clap: значи ги обожавам овие бонсаи-ја

    Сакам да одгледувам бонсаи, ме интересира дали е скапо за да ги одгледуваш, пошто нема да биде едно, се работи за повеќе, сега кога ќе ми пристигне пратката некаде околу 50 семиња се.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Многу време ќе треба за да никне, башка сигурно нема сите да успеат да се фатат.
    Моево е купено веќе израснато, па затоа е полесно за одгледување. Само го кастриш според тоа каква форма сакаш да има. Не е скапо да го одгледуваш, само треба трпение. Особено ако допрва сакаш да посадиш семе.

    Моево добар прогрес прави. Му се појавуваат нови ливчиња, некои се потемни зелени, некои посветли. Баш убаво изгледа. Малку почна да ми се суши, па читав на интернет да го пикнам во кофа со вода и да го оставам додека не престанат да излегуваат меурчиња. Малку ми беше чудно, ама го
    набрборив :lol: После го оставив да се исцеди и го вратив назад. Читав дека не сакаат баш промена на местоположба. И одма пркна. Како ново е сега :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Морав да се пофалам - моето бонсаи ги пушти првите цветчиња :clap:

    Минијатурни и бели, многу интересни ^_^
    Сабајлево кога станав го земав за да го испрскам и гледам цветчиња!
    Во меѓувреме дрвцево пушти многу нови ливчиња, сега се мешаат светло-темно зелени, па и со цветчињава во комбинација - многу убаво изгледа. Сега ќе чекам и плодови :)
     

    Прикачени фајлови:

    На SV1911, LivingGlam, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Како мислиш го прскаш? со што го прскаш? на листови смее да се прска?
    Дај пишете повеќе за оджувањето на бонсаи? Видов и нешто како мали камечиња и семиња му се фрлаат од страна и после му ставаат вода на Youtube
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Да, да, смее да се прска. Јас минатата недела бев во Хорти Експерт и таму ми рекоа дека на два дена е пожелно да се прскаат ливчињата со вода. А на секои три дена го потопувам во вода - ја ставам цела саксија и ја оставам додека не престане да излегуваат меурчиња.
    Ти каков тип на бонсаи имаш?
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Како твојот :) ..со мали темно зелени ливчиња, ќе постирам слика од дома.
    Моето нема уште цветови, а е високо околу 20цм.
    Фала ти Каренина :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Да ве прашам девојки, пред две години си купив индиско дрвце така ми кажа продавачот дека се вика, е сега некои ми кажуват дека е од видот на бонсаи, значи изгледа вака како на сликата само што кај мене е помало.
    Кога го купив првата година цветаше, и од тогаш не покажа цвет, и на пролет кога ќе почнат ливчињата да развиват му се црвенкасти никако да постигнат темно зелена боја и еве се уште му се црвени и тенки. Дали некој се сретнал со таков проблем. И дали е стварно бонсаи или обично украсно дрвце... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • crepemyrtle.jpg
      crepemyrtle.jpg
      Големина на фајлот:
      234,1 KB
      Прегледи:
      192
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Нема проблем :)
    Ако имаш уште некое прашање, слободно пиши. Баш ми е мило што на форумов има некој што чува како моето бонсаи, да може да си се советуваме :)

    Инаку D-a-n-i, латинското име за растениево го знаеш? Ако го знаеш, на гугл лесно можеш да најдеш информации дали е тип на бонсаи и како се одгледува. Јас за индиско дрвце немам слушнато, така што не знам што да ти кажам. Ама гарант на интернет ќе ги најдеш сите информации што те интересираат.
     
    На D-a-n-i му/ѝ се допаѓа ова.
  16. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    AnaKaterina сега го пронајдов Lagerstroemia indica му е латинското име, и според оваа што го читам не е бонсаи бидејќи расте и до 6 метри :doh: али во секој случај има убави цветови :D
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Сигурно можеш да го одржуваш во мала висина и така да го направиш бонсаи.
    Јас имам видено бонсаи од даб, бор, јавор... Само што треба многу трпение и нега за да го направиш минијатурно.
    Инаку, дрвцево е многу убаво и јас искрено не би го правела бонсаи. Сега гледав слики на интернет, преубави цветови има, жалосно би било да го оставиш малечко. Ако имаш двор, посади го и пушти го нека расте :)
     
    На D-a-n-i му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов малку да ја размрдам темава, одамна немаме ништо пишано. Како ви оди феминки?
    Еве слика од бонсаито на дечко ми, конечно го прибра внатре, цело лето му стоеше надвор. Ова ми е многу поубаво од моето, баш ми изгледа како минијатурно дрвце :) Не може убаво да се види на сликите, ама стеблото е целото со вдлабнатини и баш изгледа старо. Лесно е за обликување, постојано му растат нови ливчиња, па треба да се кастри за да се задржи формата. Со текот на времето врз земјата се појави мов, почнаа да никнуваат малечки детелинки, па баш интересно дојде. Инаку е купено од Хорти Експерт, ама немам слика од тоа како изгледаше претходно. Сега е многу поубаво :)
    [​IMG]
     
    На galapce, LivingGlam, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    637
    @AnaKarenina, живо ли е сеуште бонсаито? Јас имам zelkova бонсаи, сакав да те прашам дали си се обидела да насадиш ново бонсаи од гранките кои си ги искастрила?
     
  20. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    @Loretta може ли да ставиш слика од твоето бонсаи!? :)Јас сакам да си порачам но не знам какво :|