1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бонсаи

Дискусија во 'Дом' започната од AnaKarenina, 5 мај 2014.

  1. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Моето бонсаи е Carmona како погоре во првиот пост што има слика. Со години си живее одлично секоја пролет вади нови листови. Но, од кај моите родители го земав кај мене во стан и од топло внатре му испопагаа сите ливчиња и некако се исуши. го извадив сега на тераса и го залевам ама мислам дека е мртво. Има ли шанса некако да го спасам или мислите толку му е? ;(
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @wings и моето истата судбина го снајде. Прво почнаа ливчињата да се сушат, па да паѓаат едно по друго и на крај целото се исуши. Мене што ми беше најчудно е тоа што јас не му сменив услови, на исто место го чував, истата постапка за наводнување ја имав, не знам што се случи. Да не те обесхрабрувам, ама мислам дека и твоето е веќе исушено, барем според ова што го напиша. Потполно истото му се случи и на моето.

    Тек сега гледам дека @Loretta ме прашала за бонсаито - немам пробано од гранчињата да насадам ново и ете сега ми е криво :D
     
    На wings му/ѝ се допаѓа ова.
  3. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Сега се расчитав и гледам дека си бара често залевање а јас зимоска (па и сега) го залевав по мнооогу малку на две недели (facepalm) Уствари јас со моиве две раце сум го уништила испаѓа....цццц а мислев да го потопам во вода цело да почнам да го спасувам ама касно е значи...
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас го наводнував баш според инструкции што ги читав по статии, ама ете пак ми умре. Не знам што беше работата, може се пречувствителни :?:
     
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    И јас имав бонсаи, некоја врста на фикус, има после зимава не пушти ливчиња, цело се исуши а коренот му беше скапан а ми беше драг подарок од мм
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    Од каде да купам?
    Колку пари,како се одгледува? Се ѓубри почвата? Колку често се наводнува? Наа која температура треба да е?

    Оф,Сакам.
     
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Знам дека бонсаиве се наоѓаат по цвеќарници кои се добро снабдени и колку што ми е познато, не се под 100 евра. Инаку, слушав сега скоро на ТВ дека доста се тешки за одгледување, па ако нешто му се случи, отишле куп пари во неповрат.

    А дека се преубави - тоа е факт. И јас копнеам по бонсаи, ама не се осудувам да чувам.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас имам втор обид, ама нема да поставувам слики дур не го обликувам :) Инаку не е купено, го набрав од планина :D Бонсаи уствари можете да направите од било кое дрво, само од некои е полесно, од други потешко. Јас имам насадено мала смрека, вака личи баш на дрво со крошна, ама можно е да го скастрам и да му дадам форма на елка. Убаво се прилагоди на новата средина, го ставив во истата саксија од претходното бонсаи. Ми беше страв да не ми се исуши, ама еве го тера :) Е сега, малку проблем ќе биде да се обликува, зашто боцка, па кога ќе му увртувам жица ќе треба два пара ракавици да носам :D Ама мислам дека има потенцијал, здравје ќе поставам слики тука за некој месец откако ќе го средам.

    Едит: @Lady Phoenix има бонсаи и под 100 евра, дечко ми последното го купи од Хорти Експерт за 1500 ако добро се сеќавам. Зависи од типот на бонсаито и дали и како е обликувано. Таму имаат и многу вредни бонсаи, не се продаваат, ставени се само како на изложба. Прекрасни се, многу убаво средени, е тие којзнае колку се скапи :) Ама ако имаш желба да пробаш да одгледуваш, ќе најдеш по цвеќарите и поевтини.
     
    Последна измена: 28 ноември 2015
    На Mrs.Bass, simoncelicius, Tinushka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Јас си порачав семиња од алиекспрес (треба веќе да ми стасаат ) и тоа за Screenshot_2015-11-29-08-42-42.png
     
    На DVAANGELA и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  10. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    11073803_456710591157297_8308470322071587927_n.jpg 11215801_948982818532002_7196331609716314351_n.jpg 11150358_948982711865346_813541022302432674_n.jpg преубави се
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Моите семчиња стигнаа од алиекспрес.
    Сега ме интересира дали има некој посебен начин како треба да се посадат или како секое др. растение ?:?::?::wasntme:
     
  12. бонсаи90

    бонсаи90 Нов член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    znaci tie semcinja sto gi naracuvate ... nemaat ni B od BONSAI (PRAVILO ZA BONSAI UMETNOSTA: bonsai ne e bonsai zasadeno vo domasni uslovi od seme,tuku pronajdeno vo priroda) .... ako sednete procitate kupite nekoja kniga literatura za bonsai se ke vi bide jasno .... prva rabota sto treba da ja znaete za pravilnoto drvo bonsai e toa sto sekoj vid na drvo moze da bide bonsai ... megjutoa toa drvo treba da se pronajde ... toa e drvo sto e zakrzlaveno vo svojot rast ,rasteno na kamenja (na karpi) , rasteno na viski mesta kade sto nema vo negova bliznia nesto sto bi go zastitiolo od vremenska nepogoda ... drvo koe pretrpelo se i sesto od prirodata povekje lici na grmuska odkolku na drvo ..... da se odkopa ... odnosno toa se vika YAMADORI ... lov na drva... pravilno i aftenticno bonsai drvo nikogas nemoze da se pronajde na pazarot ili vo nekoj rasadnik za "BONSAI" drvca .... Procitajte nesto povekje za pravoto bonsai i sto znaci bonsai :Harry Hairo, Nick Lenz, Walter Pall, Andrew Smith i George Heffelfinger.... Walter Pall eden od najdobrite bonsai majstorina svetot ja ima najpocunata knia za odgleduvanje na prabo bonsai.... taka da ne se zalazuvajte mn mn ...
    moj sovet prvo procitajte poseovetuvajte se na kanjon matka , veles , krivolak, katlanovo .... ke najdete mn ubavi primeoroci sto ke se goredeete so toa sto se go napravile .... ako edno bonsai drvce od semce zivee 10 god sto e i toa mn .... yamadori bonsai zivee 1000
     
    На Jordanovska-K, afrodita26 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. бонсаи90

    бонсаи90 Нов член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Bonsaito nikogas ne treba da bide zasadeno vo zemja ima posebni "SUBTRATI" za bonsai ... toa e mesabina na pesok so glineni kuglicki i po moznost koj moze da nabavi zeloit ...za podhranuvanje na drvoto .... bonsaito nikogas nesmee da ja zadrzi vlagata vo saksijata zatoa skapuva korenot i umira drvceto ... preporacano za poglemite bonsai od 45 do 65 cm ... da sekoj 2 godino presaduvanje i kratenje na koren za podolg zivot ...
     
    На galapce, Tinushka, afrodita26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    Здраво, сакам да порачам семки од алиекспресс за бонсаи. Но читав по интернет дека за да изртаат семките требало да ги држам во фрижидер или на 4 степени. Дали е точно?

    Има некој/а искуство со бонсаи но од семка почнато?
    (како им се движат цените на бонсаите)
     
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    Ти успеа ли??
     
  16. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Порачив ,посадив...4 месеци поминаа ништо. Така да не се лажете.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Да да, ми успеа, си тера убаво. Исто и дечко ми си засади, он веќе го окастри, и неговото тера. Е сега, јас во саксијата го ставив со се земјата како што го откопав, сигурно и тоа има врска. Само малку пожолте зашто не го чував убаво, неколку пати заборавив вода да му ставам :tmi: Ама сега го пазам :wasntme:
     
    На galapce и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    Браво:clap:
    Голема желба ми беше да си имам, ми купи мм, ама за кратко го убив:(
    Ко ќе имаш време, ако сакаш, би те замолила да ми пишеш како го негуваш, кога и колку вода, каде го чуваш, каква земја, саксија, кастрење пресадување...:$:wasntme:
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Засега го чувам на тераса, го фаќа сонце, ама не премногу за да го исуши. Вода му ставам по потреба, обично ја проверувам земјата на 2-3 дена, бидејќи тоа зависи и од времето. Саксијата е истата од претходното бонсаи (имам слика прикачено во темава) и уште го немам кастрено, зашто ми е страв дека ќе го зезнам :wasntme: Засега е прилично густо, па имам многу избор во однос на формата, гледав идеи на интернет, ама никако да се одлучам :D
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dance989

    Dance989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    image-0-02-01-1420a3d64f3819f104942295a0b97256348449a88d25d288dbaaec2c45643028-V.jpg image-0-02-01-1420a3d64f3819f104942295a0b97256348449a88d25d288dbaaec2c45643028-V.jpg Моето Бонсаи :mm::inlove: засега во супер форма, за некој период ќе треба да се кастри, само одвреме навреме знае да му падне некое ливче, ми рекоа не е страшно :|, вода на упатството пишува еднаш на 15 дена, но сметам дека му е малку па на 2-3 дена му ставам по малку. Ќе почнам и да го прскам откако прочитав овде дека му годи. Баш се заинтересирав за оние што сами сте ги зафатиле, би можеле да се пофалите со фотографија :)
     
    На Mayyya и AnaKarenina им се допаѓа ова.