babylove овошни кашички

Бон Ивер (Bon Iver)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Tenkai, 21 јуни 2012.

  1. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Bon Iver е американски инди фолк/инди рок бенд оформен во 2007 од страна на Justin Vernon. Покрај Вернон бендот го сочинуваат и Michael Noyce, Sean Carey и Matthew McCaughan, иако Вернон ја има главната улога и речиси целата работа може слободно да му се препише нему. Вернон во 2007 го издаде првиот нивен студиски албум насловен For Emma, Forever Ago.

    Албумот For Emma, Forever Ago го сочинуваат десет песни. Нивниот втор студиски албум кој е издаден во 2011, Bon Iver, Bon Iver исто така го сочинуваат десет песни. Овој албум наиде на многу позитивни коментари, ја освои Греми наградата за најдобар алтернативен музички албум во 2012, а песната Holocene беше номинирана за песна на годината. Бендот ја има освоено Греми наградата за најдобар нов артист.


    Мене ми се вториот омилен бенд, веднаш по Колдплеј. Нивната музика ми е совршенство, само ги затворам очите и ги слушам. Нивните песни ми се дел од секоја плејлиста. Каде и да одам ги слушам. Не можам да кажам дека има некоја песна што не ми се допаѓа, но најомилен ми е нивниот cover на I can't make you love me (оригинално од Bonnie Raitt). Најверојатно ми е омилена бидејќи сосема се пронаоѓам во истата, а нивната верзија ми е поубава, но тие имаат далеку поубави песни од истата. Еве ги моите топ 5 песни (покрај I can't make you love me): Perth, Wisconsin, Skinny Love, Holocene, Minnesota, Wl.

    Дали сте чуле за овој бенд? Јас многу пати сум наишла на чудење бидејќи повеќето не ги знаат, всушност кај нас мислам дека е многу мал бројот на оние кои чуле или го слушаат овој бенд.

    Едит: Тука можете да го чуете целиот прв албум.
    http://www.youtube.com/watch?v=CYdZu3fz ... re=related

    Се извинувам, ама не можам да ставам линкови од песните, не ми ги дава.
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.989
    Пол:
    Женски
    Едно големо браво за темава :clap: .

    Мене ми се исто едни од омилените, прекрасни се.
    Сакам да си ги пуштам на слушалки кога ми идат моментите на размислување, и да пешачам низ град. :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=iIluBvQ77Bk

    еве една од нив, да ги чујат тие што не ги слушнале. :)
     
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.270
  4. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.336
    Допаѓања:
    3.497
    Пол:
    Женски
    Обично кога имам лош ден, кога е тмурно времето или кога едноставно не сум расположена тогаш си го пуштам Ивер за да ме релаксира.

    http://www.youtube.com/watch?v=vp-bPAKLfx4