1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бон-Тон

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Dvolicen, 2 ноември 2013.

  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Добрите манири се огладало на човекот ,нивото на култура-та и интелегенција-та .Што се е Бон-Тон ?

    -После завршување телефонски разговор велиме (дослушање)

    - Без разлика колку долго ги познавате колегите, “Добро утро” или “Добар ден” нема ништо да ве чини.

    - Ако ѝ подарувате цвеќе на девојката обрнете внимание цвеќето да биде свежо (лалето и ирисите треба да бидат затворени), обрнете и внимание дали цвеќето стои надвор (ако е зима тоа може да замрзне)
     
    На izabela.nik, LadyC и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Aх тој Бон-тон кој го почитува денеска? :D мадам доколку би го почитувале би било се поубаво :D
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Денешно време нема ни бон-тон, ни култура, ни етика, ни морал.
    Преретко е некој да биде ваков, по овие принципи.
    И ставрно ги почитувам таквите луѓе. :)

    Јас имам книга бон-тон добиена од татко ми за роденден како дете и отсекогаш ја читав и многу работи веќе ми се вкоренети од неа и ги почитувам. :)
    Сите околу мене ме знаат како многу претставителна, културна, знам каде како да се однесувам...леле се изнафалив самата. :lol:

    А, замислете што се случува денес, многумина бон тонот го поистоветуваат со флерт. Со некој ќе бидеш културен, и одма оооп си мислат флертуваш со него, иначе зошто би била така културна. :^)

    А, конкретно, одвај 5% луѓе дали познавам кои знаат за бон-тон. Се друго е ојдено, за жал. :x
     
    На edna_malecka, veren, Alanna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Никогаш не сум читала БОН-ТОН! Јас сакам Биди она што си,немора да ги чита тие глупости.... :devil: :bandit:
     
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Бон-тон во ресторан

    1. Во ресторан влегувате и излегувате од него без поздравување, освен кога на влезот ќе ве поздрави послугата. Мажот ја бира масата, но со консултација на жената.
    2. Мажот нема да седне на маса додека жената удобно не се смести. Келнерот му се обраќа исклучиво на мажот. После консултација со жената, мажот порачува пијалок и храна. Доколку келнерот тоа не го направи, мажот ќе ја послужи жената со пијалок.
    3. Жените во ресторанот не треба да ја поправаат шминката ниту фризурата. Доколку мораат тоа да го направат, треба да одат до WC.
    4. Мажот треба да ја испрати жената до WC. Ако ова за вас е премногу формално, станете кога таа станува и придржете ѝ го столот.
    5. Ако ви се случи нешто: ако ви падне приборот на под или истурите пијалок, келнерот е должен да го замени приборот и да донеси нов. Не треба да се извинувате ниту лично да интервенирате, туку љубезноста на келнерот да ја наградите со бакшиш.
    6. Кога мажот и жената се во ресторан, мажот би требало да плати, а ако жената сака да учествува во плаќањето на сметката, може подоцна да му понуди пари, иако не е непристојно жената да плати.
    7. Во поголемите друштва сите исто треба да го поделат трошокот за храна и пијалок, но ако ти си го повикал некого, никако не смееш да дозволиш таа личност да го плати својот дел.
    8. Ако келнерот ви донесе погрешна порачка, одбијте ја одлучно и љубезно, без повишување на тонот и правење на сцени.
    9. Сите евентуални проблеми треба да ги решавате со менаџерот на ресторанот, не со келнерот.10. Секој ресторан има свој дрес код, па ако некаде не ви го одобрат влезот бидејќи не сте облечени по нивните правила, не инсистирајте туку побарајте друго место.
     
    На ReinaDeCielo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Мојот партнер е внимателен и ги применува нормите на Бон-Тон однесувањето.На почеток на врската ми беше необично.Можеби и тоа влијаеше за да ме привлече како личност.Вниманието многу значи за секој,а особено за женскиот пол.
    Добрите човечки манири,кодексот на однесување,културната компонента,семејното воспитување и моралот,за жал тешко соодветствуваат со денешната реалност.
    Сепак,повозрасните генерации го применуваат.А младите се дел од новата генерација која се изгуби во материјалниот свет.
     
    На edna_malecka, Gordana10 и vitomir им се допаѓа ова.
  7. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Сеуште има бон-тон, само улогите се сменети... :rofl: се шегувам :$
    Сега се помалце култура има, а не па некој на нешто да внимава... нажалост.. :worried:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    1. Кога се влегува некаде, секогаш прво влегува машкото, а потоа девојката.
    2. Кога се излегува од некаде, секогаш прво излегува девојката, па машкото (ако и отвори врата, уште поубаво :)
    3. При качување по скали секогаш прва оди девојката, а по неа машкото (на пример во случај да носи мини здолниште, или се сопне, да може да ја задржи машкото)
    4. При симнување по скали, секогаш прво оди машкото, а по него девојката (исто доколку се сопне при симнувањето, да може да се задржи за машкото).
     
    На edna_malecka, ReinaDeCielo и Cka им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Да ти се сневиди у времево ми се иде на секој втор човек да му фрлам БонТон во лице |( Немаат општа култура. :@ Нема никакво почитување кон постарине жени и мажи,едноставно не слушнале за културно однесување.Јас лично никогаш не сум читала БонТон,моето семејство ме е научило на сета впиена култура во мене!Горда сум на моето семејство!
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Сметам дека постарата генерација не е запознаена со бон тон однесување за жал. Би требало да им бидат пример на помладите.
    Моја топла препорака би гласела :
    1. Пожелно е со соговорникот да се разговара на одредена дистанца, и да се внимава притоа да не дојде до ненамерно споделување на телесни течности ( сериозно го имам отворено чадорот кој го носам во ташната ).
    2. Почитувајте ја редицата, сите се брзаме, повеќето од нас се тука да добијат информација, не е во ред "само да прашате нешто".
    3. Со причина стои жолта линија и натпис кој известува дека истата е тука поставена заради почитување на приватноста на клиентите. Тоа што ќе ми дишете во врат нема да го забрза редот.
    4. Не разговарајте меѓусебно за време на претстава во театар, за време на филмот во кино и за време на Богослужба во црква. Поканете ја пријателката на кафе и тогаш разменувајте рецепти.
    5. Кога веќе сме кај посетата на ваквите настани и места, почитувајте го соодветниот дрес код.
    6. Со сите напори и проекти на владата кантите за ѓубре да се што повеќебројни, жално е да го оставите ѓубрето каде што не му е местото.

    Вистинска реткост е да се сретнат џентлмени во вистинска смисла на зборот. Точно е тоа што Силвер го напиша, често љубезноста е замешана со флерт. Секоја пофалба за маж ми и неколку негови пријатели кои не прескокнале да ми отворат врата, врата од автомобил, да ми бакнат рака како знак на љубезност и почит при поздравување. Ми подариле цвеќе, ми помогнале да го облечам палтото.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Бон-Тон : многу важен и многу отсутен :worried:
     
    На edna_malecka, ReinaDeCielo и sweet-star им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Како што тргнало, апстракција ќе стане тоа.Излегува дека воопшто не треба човек ни да е културен.Но, има луѓе кои се уште ги имаат вистинските вредности...
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Деловен бонтон
    Во контактите со деловните партнери, најважен е првиот впечаток. Поради тоа, ако сакате што подобро да се покажете, не е доволно само убаво и уредно да седите на состанокот. Покрај сето тоа, многу е важно и како зборувате и како гестикулирате.
    Сето тоа е дел од бонтонот кој треба да се почитува кога станува збор за состаноци на кои (ако ги почитувате сите правила на убаво однесување) постои добра можност да договорите добра деловна зделка.
    Љубезен глас, ведро лице, фини движења и општа одмереност – еве ги првите неколку работи кои речиси секогаш би морале да бидат присутни во деловната конверзација, без разлика на тоа дали е тоа во сооднос со темата за која се разговара.
    По јасното излагање и внимателно одбраните зборови, важно е не само да слушате, туку и да го чуете соговорникот, при тоа да не го прекинувате во излагањето и покрај тоа што ви е неизмерно досадно. Почекајте да заврши, а потоа почнете со реплика.
    За водење на деловен разговор можете да користите белешки за да не дојде до забуна или застој. Додека разговарате со некого, немојте да му приоѓате многу блиску – трудете се да склучите договор, а не да го заведете соговорникот.
    Во деловниот разговор не употребувајте негативни предзнаци или зборови како што се „па“, „ова“, „она“ и слично. Веројатно ви е јасно и зошто треба да избегнувате такви зборови.
    Доколку почувствувате дека вашиот соговорник со вас зборува од височина, останете воздржани и не возвраќајте со иста мерка. Трудете се да не бидете преопширни, разликувајте го важното од неважното и попуштајте на ситници.
    Не претерувајте со комплименти кон деловните партнери, користете што помалку празни и „слатки“ зборови. Трудете се да не се истакнувате во преден план, тоа нека биде соговорникот, кого јасно и љубезно ќе го гледате во лице (што не подразбира фиксирање со поглед).
    Покрај тоа, останете смирени без разлика на исходот на разговорот што го водите.
     
    На edna_malecka, ReinaDeCielo и Dvolicen им се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Tака е ,а посебно со припадниците на посилниот пол да не се применува бон тон одма мисли в раце си му паднала |( .A на крај и ќе те изнавреди ко за шлаг на тортата.Oтидоа вистинските вредности ,во неповрат :emo:
     
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Бон тонот го почитуваат само културните луѓе.
     
    На edna_malecka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. JANAz

    JANAz Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Бон тон , се учи од најмала возраст. Секој обид понатака само е вештачка творба, кога тогаш ќе излезе на виделина простатлукот.
     
    На edna_malecka, izabela.nik и crimson им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.748
    Допаѓања:
    32.115
    Пол:
    Женски
    За жал, во денешно време ретки се оние што знаат што е тоа бон-тон. Јас секогаш кога одам некаде се однесувам како што треба, во зависност од тоа каде сум. Во продавници, бутици и други продавници, секогаш велам здраво и чао/пријатно. Кога ќе ги видам комшиите обавезно ги поздравувам (не сите). Секогаш знам да се заблагодарам. Така ме учеле од мала.
     
    На edna_malecka и viki-viktorija им се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    Мoже aвтoр-фoтoгрaфијa oд тoa кaкo изгледa книгaтa?
     
  19. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    1.441
    Пол:
    Женски
    На маса
    5. Не сите од нас знаат која вилушка или лажица за што се употребува, па затоа не е срамно, пред самиот оброк да го замолите келнерот да ви посочи што треба да употребите.

    6. Телефонот никогаш не смее да се најде на масата.

    7. Гледајте да не доцните. Оправдувањето дека сообраќајот бил виновен за вашето доцнење не е доволно ако доцните повеќе од 15 минути. Сепак, не е фер да ве чекаат оние кои стигнале навреме.

    Разговор
    8. Учтивите луѓе ретко кога разговараат за лични работи, односот со колегите кој го имаат на работа, деца, навики и вкусови. Навистина не е важно што сте правеле тоа утро.

    9. Учтивите луѓе зборуваат за своето семејство, односно не озборуваат.

    10. Слушањето е далеку поважна вештина од зборувањето. Тоа не значи цело време да молчите.

    11. Учтивите луѓе никогаш не прекинуваат некој додека зборува, дури и кога станува збор за анегдота која сте ја слушнале по стоти пат.

    На посета, гости
    12. Не смеете да доцните, но исто така, не смеете ни да подраните. Не е убаво да ги пресретнете домаќините како преместуваат маси, поставуваат чинии...

    13. Децата смеете да ги донесете само ако биле вклучени во поканата.

    14. Не е учтиво да одбивате храна, ако сте на диета, не би требало воопшто да прифаќате покана за вечера. Можете да побарате помала порција или да оставите храна во чинијата.
     
    На ReinaDeCielo и viki-viktorija им се допаѓа ова.
  20. viki-viktorija

    viki-viktorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ah site sme vozrasni i veke kaj nas e zakoraven toa ili imas ili nemas sto kaj na se vika KULTURA.CARSISKI COVEK ZNAE DEKA TREBA BAREM OVIE TRI ZBORA DA GI ZNAE: VE MOLAM,IZVINETE,BLAGODARAM!Drugoto e od po Doma sto se te ucile Roditelite.Ubavi Misli Feminki ;)
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.