1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бон-Тон

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Dvolicen, 2 ноември 2013.

  1. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    5.947
    Пол:
    Женски
    Сосема ок што не е средено или недобришано, ама крајно не коректно да се коментира на тебе или пред други дека е такво. Несредено било не сум ни приметила бре. Иако знам се топам од срам ако е несредено. Ко да мора да било се и секогаш средено.
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Мене темава сеа ме потсети на една случка уште многу одамна. Негде 2015-та бев излезена, поточно извадена од две другарки од дома. Имав тешки периоди, беше обична свирка и сакаа да ме расположат. И знам само дека често одев во wc бидејќи ме гушеше гужвата. Кога влегов во главната врата која водеше до двете wc-иња (машко и женско), една се турна во мене баш на затварање на вратата и тогаш имаше лице од другата страна кое ќе настрадаше и прстите ќе му се фатеа. Среќа бев доста брза, не видов ништо освен што чув фала. После истото и мене ми се случи, па јас си реков фала и овој пат видов лик ама некој непознат. И ко коинциденција типон една маса пред нас, слави роденден со клошари (не можам да најдам друг збор оти стварно занигде се однесуваа) и мавта со рака. И ко шо ми се беше насобрала сета тага уште толку занигде се осетив оти wc-то ми отпадна и немав кај да си плачам раат.

    Беше доста културен, само што ја убрза работава со "се заљубив на прв поглед" и мене тоа ми беше несфатливо пошто јас си имав други нешта и не ми беше тој во фокус (инаку неговите прсти ќе настрадаа). Не пречеше, фино се повлече ама ми рече дека секогаш ќе е тука за мене. И чудно, премногу. Никој така ми немаше речено..Мистерии од далечната 2015-та.. Другарка ми ме опцу оти го испуштив детено. :wasntme:
     
    На poenta и Vikktorr им се допаѓа ова.
  3. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Женски
    Има ли книги за бон тон правила во библиотека? Ако да, да ми предложите. :)
     
  4. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    2.062
    Пол:
    Машки
    Најголемата иронија е што кога некој се придружува до некаков бон-тон, и тоа не премногу строго од типот „господинот потстанува кога дамата оди во тоалет и ѝ ја повлекува столицата“, тогаш самиот тој МОЖЕ да излезе смешен, комичен, карикатурален, во очите на другиот/другата.. Еве еден личен пример. Толку автоматски ми е влезено да подржувам врата додека кој било влегува зад мене, што секогаш го почекувам додека ја држам вратата за да помине... Една моја познаничка толку се испоналути што сум ѝ ја додржувал вратата што беше неверојатно. (Дејството се случува во Скопје) „Објаснувањето“ беше дека таа била феминистка, со држењето на вратата мажите сакале да покажат дека жените не можат сами да си ги „вршат“ работите, дека таа била против какво било „скриено“ покажување на доминација, дека можела сама да се снаоѓа во животот, итн. (Не, не карикирам!)..... Каде е тука коректното однесување? Кој е „ретрограден“ и се држи до некој минимален бон-тон, а кој е „напредниот“ кој е НАД бон-тонот? Не е баш јасно! И што е правилно однесување во која била ситуација? И за кого? Што е проблемот? Што треба да се знае? Имплицитните очекувања на сите вклучени во една реална ситуација на однесување: и на тој кој го следи бон-тонот, и на тој во однос на кој е упатен тон бон-тон. Сѐ друго е генерализација. Најлесно е да се каже „Ах, на Балканот нема бон-тон, ние сме најмизерна нација, Македончето е вакво и такво“, дај да видиме што за другиот е бон-тон и како тој може конкретно во дадената ситуација да се реализира. И, дополнително, НАЈЛОШИТЕ примери СЕКОГАШ се и НАЈОЧИГЛЕДНИ! Не можеме да судиме според ТОА ШТО Е ОЧИГЛЕДНО затоа што така, ВО НАС си го репродуцидираме истото очекување за бон-тонот, во однос на другите луѓе за кои им префрламе за немањето/имањето БОН-ТОН. За општо прифатено добро однесување ни треба севкупно добро образование кое меѓу другите нешта ќе опфаќа и бон-тон, образование кое ќе почнува уште од самото семејство па натака.
     
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    2.062
    Пол:
    Машки
    Баш би сакал да ти препорачам. Барав и не најдов он-лајн. Има работи, ама нема, нешто што личи на цела книгичка со правила.
     
    Последна измена: 10 март 2021
    На LoveRain му/ѝ се допаѓа ова.