преубави се даа , како мала се отепував од лигавење мама да ми купи едно ама таа за ништо на свет не попушташе и така јас си штедев денарче по денарче за бон-бонс иако на крај пак мама додаваше 100тина денари на мојата мизерна заштеда ама битно се прчев дека сама си куив парфем сега не ги користам ама баш би сакала да си купам едно онака можеби ќе биде во скоро време
Девојки, ги имате видено некаде овие шампони/гелови за туширање и каде? Очајно сакам да си купам некое вакво. Посебно ова со мирис на мандарини ми се замота во глава, го замислувам дури колку убаво мириса.
Мислам дека има , нз кај гледав .Беа како комплет со нешто друго не се сеќавам одамана беше.Баш паметам шампони беа
Абе кај ги има овие сега? Порано насекаде ги гледав,сега ги нема нешто... Ако некој знае од кај да ги набавам нека пише,плс. Преубави се.
До скоро ги користев и ми се допаѓаа. Но, само оние кои не беа со мирис на храна (ванила, јагода..). Сега веќе не ги користам.
Ги има и во парфимериите и во поголемите маркети...само што не знам ни како мириса ниту да споделам искуство
Јас многу ги сакав, ама се презаситив, веќе не можам ни да го мириснам тој од Ванилата, и уште еден друг, со цреши е, не знам како се вика оти ја одлепив сликата бе ми иде нагон на повраќање, едноставно не ги можам веќе . Ванила општо овожавам, имам и други парфеми, од нив не ми се повраќа ама од Малицијава...... А баш ми е криво многу ги сакам ама тоа е, носот не ми ги трпи више
Ги најдов јас купкиве или што и да се тука кај нас во една аптека, ќе си одберам и ќе си купам некое во скоро време, но ме интересираше друго. Дали уште го има ова парфемче, котон флауер? Мене ми беше омилено, долги години го користев но не можам да го најдам веќе неколку месеци, а си го сакам пак, ми здосадија сите други кои ги користев периодов. Ај утешете ме дека го има некаде и упатете ме од каде да си ги дополнам залихите.