И јас како мала го користев Бон Бонс од банана ,сон беше парфемчето и многу ми е мака што го нема повеќе во производтсво И другите ми се убави ,ама со него не си можат. Уште си ги чувам шишенцата ,да се потсетувам на убавото детство ,ама станувам носталгична секој пат кога ќе го помирисам
Моја тема :geek: Многу ги сакам овие парфемчиња. Прибидејќи не фрлам пари на скапи парфеми, овие ми се сосема тамам и плус се достапни за секој џеб, а богами и вредат повеќе од цената што ја имаат. Исто и јас ќе спомнам дека нема некој што не ме прашал со што се мирисам. Пред 2 дена бев на заболекар и докторката дури ме праша што мирис сум ставила оти цела амбуланта убаво и замирисала Иначе во моментов го имам и си се мирисам со овој а ги имам користено и : Сега на ред ми е овој Го мириснав пред некој ден во Жито маркетине и се воодушевив
и јас го имам Бон Бонс од банана ...т. е. имав сега го имам само шишенцето од Скопје си го купив пред 7 години... преубави се
Лелееее колку ги сакав ко помалечка, имав неколку од нив... и уште кога ќе ги видам обавезно одам да ги мириснам за да се потсетам на старите добри времиња!
Ги сакав и ги имав како мала, но сега не ги користам, некако предетски ми се.... Треба да заведувам со некој поженствен парфем.
Најбоље парфмечиња ааа! хаха,и мене ме потсеќаат на малечка Колку се радував,и ги имав повеќе знам Ги има уште низ некои продавничиња,на пазарче знам ги има уште,а на други места каде има да не знаете,и повеќе избор на нив?
Јас го земав Pesca Pop онаа со портокалово капаче и жолто шишенце,но не ми изгледа толку долготрајно како што пишете,како вода е Го купив 90 денари Можно е да е копија или ??
Завчера ја отворив темава и ми текна на парфемчињава (и како мала имав еден памтам) и си реков морам еден бар да земам и кога оп ете ми денес на маса, вчера си порачав од татко ми. Ми го земал овој.. Прекрасен е, како мало дете се радувам на мирисот, нареден пат со мои пари ќе купам пак, со друг мирис (се заљубив готово ). Татко ми се изнасмеал кога ги видел, ама кога ми го донесе и му реков мирисни ми вика аа убави биле хаха
И јас сега го имам овој,си го купив од Охрид пред десетина дена од една парфимерија - 160 денари. За мене овие беа и ќе останат најдобрите парфемчиња,прекрасни се,трајни и многу слатко мирисаат Уште од мала ги користам и не планирам да се откажам од нив никогаш. Се сеќавам лани после подолго време се сетив на Бон бонс и бев во Веро да си купам едно,си го зедов синото од ванила.Кога стигнав дома се напрскав и мајка ми почна да ми се дери колку пари сум фрлила пак на парфем,кога и го покажав не можеше да поверува дека толку убаво мирисам од Бон бонс,си мислеше кизне каков парфем сум купила
Леле.... се вратив во детството со темава Преслатки парфемчиња, преслатки... секогаш за роденден си добивав барем едно. Го имам користено тоа што е во почетниот пост, од милкшејк, ама најомилено дефинитивно ми е едно.... од лубеница мислам дека беше, не сум сигурна. Розово-зелено шишенце. Убаво ме потсетивте да му порачам и јас на татко ми едно, да ме пречека со такво кога ќе си одам дома
Тадаам!! Сега две имам . Си го земав и тоа шареното, што е од ванила. Сега ќе си ги менувам секој ден. Уфф да имав пари од сите по едно ќе си земев . Прекрасни се. (Од камерата од компјутер ги сликнав, затоа се вакви )
На зелен пазар или битпазар сигурно ќе најдеш. Мене татко ми тој од праска ми го зема од зелен пазар. А ако си близу Кисела Вода или па ја знаеш населбата да ти објаснам во која продавница ја има. Ако не побарај си во твоја близина во мали продавничиња или пак на пазар, а плус на пазар ти се поефтини и ги имаш сите за избор.
Не ми се верува со колку девојки сме делиле исти мирис Одааамна престанав да ги користам и затоа не се ни секам кој ми е бил омилен ама знам дека мајками нон-стоп ми купуваше вакви и мнгу си ги сакав, и постојано ја терав различни да ми купува оти си ги собирав шишенцата... деца
Сега бев во Верото позади Бисер што е, ама не можев да најдам. Ги гледав скоро на Бит пазар ама ајде де не си купив а сега читајќи ги вашите коментари мора да си набавам барем едно. Кај можам да најдам, во некој поголем маркет ги има ли. Немам време да одам пак на Бит пазар а сакам да си земам стварно..