И јас барав во тинекс, веро, тедико... сегде само дезодоранси има Изглеа ќе треба на пазарче да проверам
Jaс на Бит Пазар си купив, девојката ми вика абе се трошат ко луди 150 денари иначе се на пазарчево. Земав ванила минатата недела и при крај ми е. Ај што се бањам мислам дека во него, туку ќе си седам во соба и ќе си шприцнам да ми мириса убаво собата Инаку ми остана Милк шејк во сеќавање, следно на список дефинитивно
После ваше читање, ај се решив и јас да купам (иако ми се детски ). Го купив овој: Од Зегин, за 158ден. (немаше голем избор). А, мириса многу слатко...
Порано додека ги имаше по парфимерииве, а и имаа доста голем избор, ги користев редовно. И тоа ги обожавав pesca pop и oxygen bubble-ова на мастики мирисаше. И вакво имав, исто го обожавав, многу свеж мирис. А овие благиве ванила и милк шејк ми се препреблаги за мој вкус,никогаш немам купено..
Порано ги користев,више не.Но,како што ја читав темава викам ај и ја ќе си купам и ете.Сега го имам овој
У наредна прилика го купувам овој мирис на Бон бонс, неверојатно убав и ме потсетува на еден убав парфем од морган што го користев тоа е овој парфемов ме навраќа на старите убави спомени ахххх.
Колку ги сакав парфемиве кога бев малецка. Сите сум ги имала, па колку се правев важна кога се прскав.. Со крената глава Сега поретко ги има, ама каде и да ги видам веднаш ми навираат спомени и морам да го мириснам. Фаворит ми беше оноа од ванила, и сеуште мирисот на ванила го обожавам.
Ги обожавам парфемчињава.Сите имаат некој сладок вкус. Кога бев помалечка ми беа секогаш при рака нон-стоп имав по некое од нив.Ама и сега си користам,одамна немам купено,убаво ме потсетивте ќе појдам и ќе си купам
Си купив денес од ванила, баш сакав да ги пробам после толку многу позитивни коментари за нив. Мириса преубаво
Може да ми кажете од кај да најдам парфем од бон бонс во Битола? порано знам имаше во една парфимерија ама бев пред некој ден и нема повеќе.
Кога бев малечка татичко мој, знаеше често да ме изненади со овие малечки, детски парфемчиња како што ги викаше тој........ и јас си бе мннооогуу среќнаа!!!!
За сите Охриѓанки кои го обожаваат парфемчево: да знаете дека го има во ДОН маркетот, околу 100 денари ми се чини беше.