Спојлер 100 денари??? Кај нас по 180 се ,арамилак невиден значи... Патем дали некаде сте виделе она на кое пишува котон,имаше многу убав пудераст мирис,дискретен,мислам со сина боја беше шишенцето ,кај нас го нема а и не знам дали се уште се произведува
Добро е шо ја видов темава, баш ме потсетивте да ги побарам парфемчињава ги обожавав како мала. Ми ги донесоа подарок ова и едно розево котон мислам пишуваше на него, и двете мирисаа слатко, ама во ова од ванила сум заљубена, уште си го чувам шишенцето
Ги обожавам! Последно си купив вакво, , само за да го мирисам. И си ја мирисам собата. Ми иде да го пијам.
Кога мајка ми виде што си купив ми се изнасмеа, а после коа се нашприцав ме душкаше цел ден Сите ги сакам, некои мириси ме потсеќаат на детството и така ми будат убаво чувство
^ ПримоБачо го немам мириснато, ама Милкшејк ептен слатко мириса, како млекце така, убаво, пријатно, меко некако.
Јас си купив од милкшејк и многу убаво мириса и цело време си се прскам со него а за ова примобачо незнам како мириса немаше таков. И фала многу mamita што ми кажа каде има иначе немаше да најдам
Она Milk Shake плавкото има преубав мирис, би можела да не се одвојам од него. Ама малечки се бре, за 1 месец ќе го потрошам.
Омилен ми беше Sweet Vanila го обожавав и уште де ама немам повеќе таков сретнато (а сите други мирисаат преубаво ќе си купам деновиве )
Леле баш добро ме потсетивте и ми го вративте сеќавањето едно време ми беа омилени да најдам пак ќе си купам која им е цената сега деф се најубави
Уф, прекрасни се сите. Многу имам пробано, дури и не се сеќавам. Го немам тој со бакнежите пробано, мора и тој.
Керками ги доби за нова година во пакетче и навистина многу добро мирисаат многу ми се допаѓаат а таа е воодушевена има свој парфем сега е голема а има само 5 години
во тедико се 170 баш ги гледав пред некој ден, на друго место немам ни видено, а дали си трајни?? сум користела како мала и баш беа слатки на мирис, само не се сеќавам на трајноста???