Како помала имав мнооогу,и откако ќе го испразнев шишето-си го чував,си ги собирав на една полица.Навистина се и квалитетни,траат, и имаат убав и голем избор.
Во зегин јас најдов, 159 ден.го земав, а на друго место никаде нема, секаде претражив, никаде буквално не најдов, па си зедов милк шејк палвкото, мн.е убавко
Сите ве читам и си мислам изгледа со мене нешто не е во ред. Јас никогаш не можев да ги поднесувам овие бон-бонс, ми се повраќаше од нив и ако некој во моја близина ми мирисаше на било кој мирис од овие ми се идеше да бегам 20м подалеку.Веројатно не ми ги поднесува организмот, а и до вкус е, јас несакам такви благи парфеми, ванила, цветни и сл.
Кинеска продавница за бижутерија и козметика... сите парфемчиња се оваа цена..па сега нз дали се по квалитет исти.. дали да су купам од 170 незнам да не биде исти
Јас пред 3-4 месеца си купив од Зелено пазарче 150 ден. и мн. ми се допага , но не е траен мирисот ич
Бон Бонс се еднставно да ги испиеш Пред неколку години, кога се појавија повеќе варијанти кај нас, имав едно, беше црвено со жолто капаче, се викаше Mou Mou ама веќе никаде го нема..го барав и на нет не можев слика да најдам. Е, тоа беше многу сладок мирис...на колачиња и мала нишка на кафе..уф. Спомени...
Ова од ванила скоро го потрошив. Толку ми се sweet овие бон бонс. Планирам да купам уште 3 Порано имав и дезедоранси, два. Еден син, еден розев. Најмногу си ги сакав, демек еве, имам и јас свои парфеми и пораснав.
Вчера си го купив овој Pesca Pop Ги има и во Жито маркетите и е со цена од 159 денари. Прекрасно мириса, на праска некако
Па ако си од Скопје, лесно можеш да најдеш, имаш на повеќе места. Зелен пазар, Бит пазар, мали продавнички, маалски продавнички, Тинекс, Веро, мини-маркети (зависи). А ако си од некој друг град, види по коментариве може некоја од твојот град коментирала каде ги има
Found them, пресреќна сум, си се подновив со еден бон-бонс милкшејк, а за сите што се бон бонс манијаци и што не се запознаени сеуште со овој новитет, тадааааам, бон бонс гел за туширање и шампон во едно, ах ќе си умрам што немав доволно пари.
Е,па,немој долна да останам.МЕ настрвивте и мене па пред некој ден си купив и јас. Ама сега не е веќе мое,малечката го виде и се допадна и само ми рече:Мамо,јас ќе го земам ова за мене,може? Што ќе правиш,ај ќе земам друго,ама и тоа знам дека ќе заврши кај неа.
Еден од најпрекрасните мириси.Носат ептен убави спомени.Мене првиот ми беше од дада ми која ми го даде и се осетив „голема“ за прв пат.хахаха Ги обожавам,ми иде да ги изедам.
Ова ми беше омилено,како мала не се одвојував од него. Памтам го добив за 5тиот роденден како подарок од тетка ми.Едноставно го обожаваам. Да знаев кај се продаваат уште сега ќе отидев да си купам
Може јас да ти одговорам ? Во Тедико ги има геловиве,прекрасно мирисаат,мислам има со праска,мандарина и сл,многу свежо мирисаат,летно некако...А и околу 100 и нешто денари се,нешто ми е останато 190 денари за 500 мл
Прекрасно мирисаат, трајни се и не се скапи Ги имам користено повеќето, а омилен ми е Milk Shake. Сакам овој да си го купам но никаде го нема .