како мала нон-стоп бон-бонс ми купуваа секој мирис ми се допаѓаше, ама на сестра ми и пречеа, лошо и мирисаа па по нејзина желба престанав да ги користам
Сум ги користела, ги користам и понатаму ќе ги користам Многу ми се слатки и ме подсеќаат на детството. Омилен ми е тој синиот со облачињата ( milk shake мислам е ) и melody. Но забележувам дека за жал не се она што беа порано, квалитетот им е некако расипан. Порано кога ке се напрскав мајка ми само викаше по мене дека сум и ја усмрдувала куќата бидејки воопшто не ги поднесува. А сега не ни забележува. Но со оглед на цената може да се каже дека се добри.
Абрее девојки не прашувајте дали убаво мириса овој-оној ,сите преубавооо си мирисаат... Гиии обожавамм....!
Добро бе, а оти јас не можам никаде да ги најдам во Битола? Ај нека се најде некоја фина битолчанка да ми каже каде ги има па и јас убаво да мирисам. :'(
Ги користев кога бев помала, сега не дека сум толку голема, но ми се детски. Го обожавав од лубеница, од ванила и праска. Многу пријатно мирисаат, освежително и слатко, да ти го подобри расположението, да те развесели и насмее. На мене имаа вакво дејство, можеби треба да си земам едно сега, да ме развесели малку кога сум тажна и нерасположена.
Значи прекрасни сеее Го имамм овој Прекрасеннн за летниве денови...! И овојј го имамм... И овој е прекрасен ....и сите други останати.Исто така ги имам и Бон-Бонс дезодорансите.Што мислите вие за нив?
Имаш право што се мислиш бидејјки навистина знам акко е да не можеш да се одлучиш.Сие прекрасно мирисаат , кој и да земеш нема да зажалиш.И тој од милкшејк и од јаготка суперрр сее,и двата прекасно мирисаат. А сите вие кои мислите дека сте “големи“ и им поминал периодот на Бон-Бонс земете си некој да ве расположи...
Ееее... како порано не сум ја видела темава. Јас ги купував во кутија, значи едно парфемче, едно вакво: и имаше внатре поклонче(тетратка, ќесе, пенкало итн). За дезедорансиве не сум задоволна. Тие океј се, ама мирисот им е погрд и не расположува. Спојлер Овие 3 ги имам користено. Ама од милк шејк ми е најубаво. Го знам мирисот на тој од ванила, затоа што училницата стално мирисаше така па и наставниците се чудеа што мириса на ванила. Имаше едно девојче и си го мирисаше столот со тој парфем, лошо и мирисал столот, а таа смрдеше на парфем и стварно беше претеризам она.
Значи пред некое време во една парфимерија видов комплет Бон-Бонс кој содржеше:Бон-Бонс парфемче,Бон-Бонс дезодоранс,тевтерче и пенкалце... Сега никаде немоожам да најдам. Ако најдам убавезно ке си земамм.... Еве се дезодорансите: Го имамм розевиов. Има и Бон-Бонс шампони. Лелее девојкии кажувајте каде има ваков комплет ,и дали воопштоо има? Колку е само убавкоо.А што се останативе одвее?