Го добив како подарок за роденден од една другарка. Тоа беше пред најмалку 10 години и од тогаш го немам видено. Мириса преубаво, жал ми е што не сум го сретнала никаде до сега. Ги имав скоро сите, ма ако не и сите видови. Тоа се парфемчиња од моето детство. Порано беа по 100 денари, а сега се нешто посакапи. Јас ги набавував од Зелено пазарче. Вчера во Базаро кај мостот Обединети нации ги видов за 100 денари и баш пријатно се изненадив. Немаше голем избор, но се надевам наскоро ќе добијат нови, па моооожеби ќе го начекам и мојот омилен. Девојки, дали некоја од вас некаде го има видено??? И 200 денари да е ќе го купам. Толку многу ми се допаѓа.
Теа4e Бон-бонс од памук мене многу ме потсетува на магнолија. Многу нежен мирис. Јас парфемите ги делам на летни и зимски (всушност лесни и јаки) овој е пролетен-летен МНОГУ пријатен мирис. Не можам да направам некоја споредба со друг парфем зошто овој ми е уникатен Ако си љубител на цветни парфеми (иако има огромна разлика од цветен до цветен) би ти се допаднал.
Мислам дека јас и ти имаме ист вкус. Па и јас ги делам на летни и зимски. И цврсто мислам дека прекрасно мириса овој,ама го нема...
И благодарам на темава која ме потсети на мојот Бон-бонс кој стои во плакарот. Го имам неколку пати ставено и толку ама сега ќе почнам. Еве го,јак е многу ама е прекрасен за во зима. Инаку се сеќавам декa кога бев помала имав два бон-бонса и мислам(не сум сигурна) дека беа овие и
Лелееееее Ги има уште некаде, стварно?! Каде?? Братучед ми работеше во Рубин кармин и од презентација ми имаше дадено некое глупаво новчаниче за клуч, му се радував цел месец. Многу ги сакав парфемчињава. Имав две, ама не знам од каде ги добив. Од моите не беа сигурно, затоа што не знаеја дека ги сакам и никогаш не ми имаа купено. Братучетка ми имаше цела корпа и кога одев кај неа и љубоморев што она има, а јас не. Не можам никако да се сетам кое го имав, ама да го помирисам одма ќе знам кое ми беше омиленото.
Milkshake Премногу ми се допаѓа, има некој убав, сладок мирис, а воопшто не е јак или нападен. Да ве информирам во врска со оние во Базаро, гледам сте спомнале дека има и е 100 денари. Ако ги погледнете убаво ќе забележите дека не ни пишува Bon-Bons, ниту пак Малиција Најверојатно се некоја копија, шишенцата се скоро идентични. Од љубопитност ги помирисав, верувајте не сакате да го почувствувате мирисот. Буквално мириса на алкохол. Така да, доколку сакате да купите, најубаво одете во Зегин. Ги има скоро сите и се околу 150-160 денари, незнам точно.
Ех, парфемчето кое ме враќа на детските денови. Прв пат го добив за роденден и потоа долго време ги користев. Многу убаво мирисаат ама и долго траат.
Лелее LittleFairy,бев денеска во Зегин ,проверив и немаше Па бев и во една парфимерија и таму имаа од сите само тоа го немаше и ми рекоа ако не најдам да им порачам во среда.Па ќе проверам и во други. А ти во кој град си? Ако треба и таму ќе појдам. Ајј во ЛП пиши ми.
Девојки,си го зедов овој: И тој сега се придружи во мојатаа колекција Бон-бонс. Но,ако го најдам од памук и тој ќе го земам,ама пусто го нема.
Преубав е го сакааааам само незнаев каде се продаваат ама прочитав дека во аптеката зегин ги имало сите па ќе одам да проверам и да си земам доколку ги има тие што ми се допаѓаат, а ванилава е прекрасна
јас во Зегин бев.Нема воопшто,никави. Но,можеби само во мојов град. сепак ти провери си. Инаку од Milk Shake e преубаввв