Боречки вештини или Борбени вештини се систем на кодифицирани вежби и традицији на борба. Сите борбени вештини имаат за цел, физички да победат друго лице, или за лична одбрана од физички закани. Некои од боречките вештини превземаат голем дел од нивната теорија од систем на верување, додека другите го следат кодот на честа. Боречките вештини се сметаат за уметност и наука. Дел од вештините се претставуваат најчесто како борбен спорт а дел од нив се претставуваат како натпревар во форми. Бидејќи не видов ваква тема, ја отварам оваа, со цел да споделиме од најосновни информации, кои боречки вештини се практикуваат кај нас, каде може да се посетуваат, до бенефитите кои што сте ги почувствувале практикувајќи ги истите. Еве мене, конкретно ме интересира Taekwondo-то, дали има кај нас тренинзи и каде?
Мој совет до сите што сакаат да тренираат професионално боречки вештини, НЕМОЈТЕ! Колку и да тренирате само ќе изгубите мотив, време и се друго. Сум била сведок на многу натпреварувања овде, катастрофа сме. Поштените спортисти ги уништуваат, им ги земаат борбите, ги паѓаат психички, не бираат средства и се изживуваат на деца се со цел "нивните" клубови да ги земат ваучерите (парични) од агенција за млади и спорт. Не си го губете времето и нервите зашто стварно не вреди. И да пријавиш џабе, ќе подмачкаат се (нема ни кај да пријавиш) Да знаете 90 % од спортистите во боречките спортови се со врски. Судиите судат за нив, свесно и покрај снимки и се те прават будала. Резил сме луѓе, РЕЗИЛ!
Па се мисли да се бавиш со боречки спортови без да идеш по натпревари, ако веќе почнеш прпфесионално и ако си добар нема судија што може да те спаси таму нема Продолженија, пенали, слободни удари... Може да влијаат судии ако е нерешено, се останато е оставено на себе