Боровец (Бугарија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Foreveryoungiwannabe, 15 ноември 2012.

  1. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Сакав да има една ваква тема,ако нема :D

    Во Боровец сум била два пати и сакаме пак да одиме оваа година.Преубаво е.Борова шума,снег,скијање...Иако не е толку познато како Банско,многу е убаво :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. bubu1

    bubu1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    12
    Стварно е преубаво, мирно. Да си одмориш душа
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    Јас можам да бидам туристички водич во Боровец.
    На кој што му треба, кај мене правец.

    Како мала не знаев да отидам до училиште, а во Боровец можев и со преврзани очи да отидам од нов во стар дел и така натаму.
    Па приказните за легендите во стариот дел, или тој луксузниот хотел на кој му го убија шефот зашто бил мафијаш...Се знам!
    Сите одмори, добро не сите, но повеќето од нив, и зимувањата ги поминувавме тука. А ако не отидевме таму на летување, тогаш навраќавме на неколку дена.
    Беше прекрасен. Мирен, зеленило од сите страни, коњи, кафанчиња...

    Немав отидено 6-7 години, и кога минатата година го посетив пак, ми се стемни.
    Родителите редовно поминуваат викенди и ми кажаа дека е драстично сменет, ама до толку?
    Порано беше мало планинско местенце со меанчиња уредени во фолклорен стил, ракотворби на сите страни, викендички од дрво и 2-3 хотела кои скоро џабе и да функционираа, Рила е на врвот. Сега бе? Нека градат нагоре што им душа сака, ама дај барем во центарот нека нема станови, апартмани и слично.

    Каде што се наоѓаше порано Бороспорт (супермаркетот или не знам што беше точно) се наоѓа најдоброто ресторанче со исклучително вкусна храна. Се вика Joy. Сопственикот е најуслужлив човек на свет. Првиот пат кога сме отишле автобусот не оставил во 3 наутро и од немај каде сме седнале на клупите надвор. Од галамата, дека 4 деца, се разбудил газдата и не прибрал внатре, ни рекол кој што сака да си земе и не мора да плати ако нејќе. Тој како и да е нема да примети, тука е до нас, па си се качил горе да спие. Од тогаш најмногу таму јадеме.
    Сега по тоа што гледам Черниот тигар е пропаднат, барем не е толку актуелен, но претходно беше центар на сите случувања. Имаше верверички внатре. :lol:
    The Blue (само во Бугарија има вакви имиња) беше многу интересно местенце, но сега веќе е запуштено мислам дека.

    Одлична храна во принцип има секаде. Многу е вкусна и со мерак зготвена.
    Кој ќе го посети ако сака да проба прекрасна торта нека повели на Гараш во холот на хотел Рила. Доручек, ручек и вечера ми било.

    Го сакам тоа што Рила е секогаш полн. Кој скија, кој си пие чајче во хол и ги гледа скијачите од карши, кој шета по продавници. Душата на Боровец си ја носи. Џабе има полуксузни хотели изградено кога е незаменлив.
    Ја обожавам шведската маса. Да отиде човек, да се здебели и да нејќе да се врати дома е.
    Ми се допаѓа чувството кога си пливкаш во базен, во топличко и си ги гледаш скијачите на стазите.
    Уф, ама ми се оди.

    Заклучок, кој не бил, нека оди!
    Посетете го дворецот на царот и Мусала. Таму едно чајче.

    А за мене колку и да е сега сменет, колку и да не владее таа атмосфера која беше претходно, уште ми е сто пати подобар од Банско. Таму скоро и да пораснав и ќе си го сакам постојано. :)
     
    На eli25, danichap и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  4. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Сефора,и мене ми е едно сто пати поубав од Банско.Еве,за недела ипол пак ќе одиме.Неколку пати имам одено,нажалост само во зима на скијање,би сакала и на пролет.Дворецот е прекрасен,колку што се сеќавам имаше и една галерија таму,многу беа добри сликите.Дворецот...А и самиот двор се :x Дворот мирен,тивок,сиот покриен со снег,езерцето со малото водопадче...Секогаш би се навраќала таму,затоа што во Боровец ги имам поминато едни од најубавите моменти во мојот живот :) Приказната со базенот ја доживеав претходната година.Само не во Рила,во феста чамкорија.Базенот затворен,со стакло,ти на топличко си пливаш,надвор снег вее.Мх,одма сакам да одам.Храната е навистина како што викаш со мерак зготвена.Во Боровец мислам дека те услужуваат најуслужливите и најнасмеаните луѓе.Дури во Бороспорт,кога доаѓавме да си ги земе скиите тие не познаа и убав муабет си напраивме.Не зезаа дека ако сме биле добри,ќе ни пуштеле две бугарки,а на мене и на братучетка ми ќе ни ги прателе најзгодните и најубави бугари :lol: Колку убави спомени еј...
    И да,кој не бил,дефинитивно нека оди.Не се залетувајте за Банско дека е популарно,Боровец е тоаа вистинското. :)
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Не сум била до сега а авантуриста сум по природа и сакам нови места да запознаам-до сега сум била у Банско и Сандански,еве сега за Божик ќе одам у Сандански
    Ај повеке детали кажете за цените у Боровец,каде престојувате во кои хотели.....сами си правите аранжмани или преку агенција,букинг.....
    фала однапред
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    Ние престојуваме стандард во хотел Рила, освен претходната година во Јанакиев кој не го препорачувам зашто нема да се доживее тоа искуство.
    Од мене добиваш палче нагоре за Рила затоа што е секогаш полн со туристи, има одлична храна, услуга, продавнички и така натаму.
    Таму се сите случки, одма е на планината, а малку подолу кон патот се наоѓа Iceberg. Таму би престојувала следен пат.

    Ако си попарајлика на Мусала се наоѓа еден хотел. Хотелиште! Само опкружен е со шума, без продавници и кафанчиња.
     
  7. Stylesh

    Stylesh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Немам појдено... Но, имам гледано слики и мислам дека е преубаво... Ако одите убаво да си помините...:)
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.747
    Јас сега бев прв пат и воодушевена сум!
    Многу сакам иглолисни шуми со високи дрвја, па можете да замислите колку уживав во Боровец!

    Ми се допаѓа тоа што е многу порелаксирано од Банско, се ти е тука, и има доволно простор за сите. Седиш и пиеш кафе на самата ски патека. Децата до тебе се занимаваат со сонег, прават снешко или се снакаат. Има градинка за деца каде што можат да застанат на скии, а има и многу благи патеки за почетници. Храната е многу вкусна и имаат прилично топол однос.
     
    На Foreveryoungiwannabe и Sephora им се допаѓа ова.
  9. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    980
    Јас минатата година бев во Боровец,во хотелот Iceberg
    Боровец е преубав,право зимско место-планина.Многу повеќе го сакам отколку Банско,Банско е модернизирано и немам чувтсво дека сум на планина,додека Боровец е сон.
    Се надевам дека и сега ке одам таму.
    Хотелот е преубав.Јас без воодушевена од него.Храната е одлична.Бев сместена во горните соби и ги рачунаат како вип,ма да нема нешто воодушевувачко во собата па да ја наречат вип,обично е ,само што има убав поглед - се гледаат стазите.
    Ми се допаѓа и што има дискотека,која е огромна и препредобра.Доаѓаат и од страна луѓе,не само гости на хотелот.Бев зачудена што женските па и машките се качуваат на подиум и играат.(барем кај нас тоа го нема и ке те направат луда ако се качиш да играш и сите ке те гледаат :D )
    јас не се качив да знаете,ама следниот пат обавезно :lol:
    мислев слика да прикачам од хотелот ,ама ги немам на овој пц :(
    Боровец :up:
     
    На gorannol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    45.454
    Пол:
    Женски
    И ние бевме годинава.Многу е убаво,преубаво.Од се сум задоволна.И од хотелот,храната,цените,услугата.Поубаво од Банско,не е толку пренатрупано.Природата е преубава,можам само да замислам како е на пролет или лето.
    И ски терените се убави.Ги има секакви ,и за почетници и напредни скијачи.Како што немав скијано неколку години,сега се изнаскијав.А уште помило е и што децата научија да скијаат.Син ми возбудено ми кажува како скијале со сетра му и инструкторот неколку км,по благите почетнички стази.После и со мама се пуштија .И за маж ми беше уживање.Имавме и големо друштво,така да забава со скијање-одлична комбинација.
    Ми беше криво што не се качив на Мусала,ми кажаа дека и таму терените биле убави.
    Здравје ,Пак би сакала да одиме.
     
  11. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Минатата година бев во Боровец и преубаво беше.
    Ама, очигледно јас сум единствената на која повеќе и се допаѓа Банско отколку Боровец. :lol:
    Убаво е и таму и таму, ама Банско повеќе ме привлекува. ]:)
    Ама како што кажав Банско повеќе ме привлекува, можам да кажам и дека многу ме нервира што немаш во бачило каде да седнеш и дека со цени се занесуваат малку.

    Но планираме пак да одиме во Боровец на зимовање. :)
     
  12. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Некој да знае во моментот дали има снег? :D кој хотел ми го препорачувате?
     
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.942
    Пол:
    Женски
    Еве провери на линков за вреенска прогноза,се надевам нема да кочи

    http://www.bulgariaski.com/borovets/webcams/index.shtml


    За хотел ти го препорачувам Флора оддалечен е некои 150 м од гондолата.
    http://www.booking.com/searchresult...ource=hotel&gclid=COO1iMj3vckCFRQTGwodZUYNJA&
     
  14. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    дечки разгледувам хотели за во боровец и сум во конфузија тотално не знам сто да одберам да биде со појадок и вецера и да биде поблиску до гондолата ...некоја препорака??
     
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    45.454
    Пол:
    Женски
    Не мора да е блиску до гондолата,сите хотели имаат сопствен превоз до таму.Ве носат со комбиња на секои 15 мин.Нема гужва ни застој.
    Јави се во агенција и прашај си,ќе ти понудат и ќе си направиш избор.
    Инаку најблиску ти е Рила,има опција и со вечера,мислам.
    Хотел Самоков,Јанакиев,Флора,Ајсберг ти се исто така многу блиску.
     
  16. malecko5

    malecko5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    592
    Искуства од Вила Малина и вила Јагода?
     
  17. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Дали бил некој во Самоков,искуства? Вака ми изгледа супер ама што знам :)
     
  18. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    6.667
    Пол:
    Женски
    Некој ке сподели искуства, Самоков или Ајсберг?
     
    На Bojana 123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    2.355
    Допаѓања:
    11.118
    И ние сакаме Боровец,незнам за овие два ама го пофалија Јанакиев и другари лани беа во Euforia убаво било,а мене ми се свиѓа и Радина,па ако некој има искуство нека пише:)
     
  20. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    6.667
    Пол:
    Женски
    Ајде заедно да одиме :P
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.