А некој нешто да напише колку е сместување? Како се резервира? Дали има место воглавно или е се фул? Цени по маркети, ресторани. Од каде се оди, по кој пат? Колку е до жичара? До ски терените? Што има таму, кафе, храна, колку кошта?
има ли некој исуство со вилите Јагода и Малина?Како стојат со услуга,каква е околината,општо некој опис? Разгледувавме вчера на нет.Постои опција за таму ама би сакала лично искуство ако некој има да сподели.
И ние ги гледавме лани ама никој неможев да најдам да сподели искуство. Инаку ми се баш идилични за планина Само види и локациски мислам не беа нај нај. Инаку Рила ми е деф бр1 за Боровец. Сме биле двапати , во март месец ,сега е бааги поскапо. И реновирана е сега. Имаше убава храна , базенот огромен а поглед фантазија И Иглика сме биле просечно е ама се поминува. Колеги мои и од Лион се фалеа доста
Јас читав за виливе на Trip advisor, лоши оценки имаат, па не би одела таму. Повеќе сакам во хотел. Инаку и ние планираме да одиме Боровец, ама некаде во февруари, порано нема шанса. Најголем проблем ми е храната, знам дека зачинуваат доста, па се мислам како ќе биде со децава од тој аспект. Порадо би одела во Боровец, иако не скијаме. Мислам дека е поубаво отколку во Банско, пред се поради боровата шума. Го гледавме Феста Чамкорија, па најверојатно таму ќе одиме, ако ме се премислиме. Да не ми беше многу пат со мали деца, ќе се заакав до Австрија. Брат ми беше лани, презадоволни се. Поевтино им дојде отколку во Бугарија, ама децата се големи.
Јас ви го препорачувам хотел Рила, преубав хотел нов е среден, храната е вкусна релативно сум задоволна.Со моите годинава ќе одиме во Феста Чамкорија па кога ќе се вратам ќе пишам споредба како било. *најдобро е во септември за во Боровец да си уплатите, ем поевтино е ем поголем избор има ние за некои 30evra од особа ќе поминеме за ноќ. Мене лично Банско ми е поубаво место само поради тоа што е поголемо има каде да се шета но Бороветс сепак е помало и мирно.
И ние верјатно некаде февруари ќе идеме,мене исто ми се свиѓа Феста Чемкрија,а ако има некој идено во Radinas Way или Iceberg Borovets нека каже како е.Боровец и потешко место се наоѓа дека помалку хотели за разлика од Банско,ама ми се иде ради боровата шума.
Сега се вартија мои пријатели до таму, а во јанураи одам јас.... Викаат дека вилите се зимска идила. Топло и чисто, и магично... Куќарката, тишината, околината преубаво. Оние беа со деца па не им требасше спа и затоа не ни гледаа хотели... Рекоа дека биле многу услужливи луѓето од таму и дека на 5 минути возење биле терените...
Боровец ни е редовна дестинација секоја година,уплатено ни е уште во септември. Хотел Рила не ми се допаѓа,премногу е голем и комерцијален за мој вкус,маж ми го дефинира како ,,Сити Мол за време на викенди”. Гужва,врвулица од народ,собите не се комотни и не би го избрала како дестинација за зимски одмор. Помалите хотели се поинтимни и што подалеку се од центарот,тоа подобро.Сите имаат организиран превоз до терените,а и убаво е што може да се шета во нивната околина со борова шума. Многу повеќе ми се допаѓа од Банско во смисла дека е помало и си на сама планина,не треба возење за да бидеш на падините,што е голем плус за оние кои не скијаат и не треба да чекаат гужва за да се качат на гондола и уште еден плус,не треба да плаќаат карта за возење. Од година во година во Боровец се повеќе народ има,имам приметено бидејки секоја година сме таму.Со кого не си се видел во Скопје,таму се гледате. Радина’с Веј е убав хотел,малку е подалеку од терените,но мене ми одговара од причини кои претходно ги набројав.Убав,нов,модерен хотел е.Во големите апартмани има и камин во самата соба,ама тие се доста поскапи од останатите соби.Спа центарот е добар,солиден,ама зависи кој што бара.Храната е убава секаде.Секоја година во хотелите е се поубава и побогата,немаат од нивните специфични зачини,барем не до толку да не е вкусно. Сместувачките капацитети одамна се пополнети,во септември имаше хотели кои беа на Stop sale за датумите за кои ние баравме. Ако најдете место,не се двоумете да резервирате,секаде е убаво. Секој ден ги гледам live web камерите и пратам состојба дали има снег.Викендов е отварање на сезоната.
Јас сум била во тие Јагода и Малина и за нова година и така за викенд. За нова година дефинитивно не е. Од тука плативме се а таму не тераа да доплаќаме задолжителна вечера за 31 и нема сакам нејкам ... мора таму да славиш. За викенд шема сум била и многу е убаво и ефтино. Значи за некои 100 евра (без превоз) можеш да си поминеш убав викенд за двајца во тие кукичките. За парови и фамилијарно Боровец а за млади луѓе и такви што сакаат забава Банско.
Има едно лево од Рила, сега кога бев не видов дали е отворено ама преубава храна имаат.Такво е традиционално не е некој современ ресторан за името не ми текнува.Тука кај Рила имаш многу местенца.И во Ice Angels не е лошо се е тазе и убаво е
Преубаво место, боровата шума е исклучителна, одмор за душата, вистинска релаксација, пријатно е и во лето, имав прилика да увидам.