Борџии (The Borgias) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 16 мај 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Серијава е направена за најпознатото семејство од Италија, Борџии, верувам дека кој ја читал Невеста во Борџии знае за што е серијава. Мене првите зборови од книгата се уште ми се во главата, Кантарела, Кантарела, како го стискаше отровот во раката и го гледаше спасот во него. И како да не прочиташ таква книга? :) А сега видов дека и серија направиле. првата епизода се уште не ми е гледана, но обавезно ја гледам денес или утре.
    http://www.youtube.com/watch?v=Fxw-ofWIzEE

    Еве трејлер, а и линк од првата и втората епизода, инаку до сега девет се излезени :)
    http://www.free-tv-video-online.me/play ... 2346IOK48W

    [​IMG]
     
  2. purple.butterfly

    purple.butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Чим ти се свиѓала книгата, мора да ја гледаш и серијава!!! Јас ја гледам секоја недела редовно, само совет ако симињаш од Замунда - од минатата недела ја оставаат само по еден ден и после ја бришат, минатата недела стоеше само во вторник. Во САД ја даваат во недела, значи кај нас во понеделник:))), ама еве денеска ја немаат ставено, валјда утре:)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Не симнувам, онлајн ги гледам :) Море денеска ја гледам па што сака нека биде :!:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    Виножитке, виножитке, кој ќе ме погоди ако не ти...
    Книгата, за 2 години 3 пати ја читам....ми е една од најомилените книги воопшто, толку проклето добро и непретенциозно напишана, може да ја дискутираш од мал милион аспекти, со различен човек, потенцираш различен момент од книгата...Калогаридис, ме воодушеви...
    А со инаформацијава за серијава, и ти исто.. :*
    Ех кантарела.... :lol: барав знам и јас во некој од моите постови тука... :lol: изгледа сум била многу љута, штом кантарела ми требала...
    Кога ќе размислам боље...и сега не е лошо да најдам некаде....има потенцијални консументи :lol:
     
    На eutixismena и RainBow им се допаѓа ова.
  5. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Џин Калогридис направи ремек дело со "Невеста во Борџии" :clap:
    одамна ја прочитав ама Чезаре, Лукреција, папата и неговите гадости уште ми се вржани во меморијата..
    Многу добра книга...
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Фамилија од Марио Пузо исто е за Борџии,пообјективно ги претставува од НЕвеста Во Борџии.
    И многу поширок опис дава,уште како деца ги опишува Чезарe и Лукреција и како станува Папа Александар Шестти.
    Сигурна сум дека ќе ви се допадне.
     
    На She, Estelle и enca.69 им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Ја изгледав првата епизода и ми се допадна, ќе ги симнам и другите.
    А книгата е совршенство, ја прочитав за нецели два дена.
    Јас, Мона Лиза е исто добра од Калогридис, но Невеста во Борџии е одлична.
     
    На purple.butterfly и enca.69 им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Леле серијава :x Прекрасна е, без здив ја изгледав, не трепнав.
    А морам да признаам дека Чезаре е бааги симпатичен :$
    [​IMG]
     
    На 1209, Rosewood и purple.butterfly им се допаѓа ова.
  9. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Mене книгава не ми се допадна.
    Не можам значи да си замислам и да сфатам дека такво нешто
    навистина постоело, за мене папата е највисоко нешто што
    постои,ако и во тоа престанам да верувам и почнам да мислам дека се е изопачено
    на светот....не знам, и не сакам значи да помислам дека таа прикаска е вистинска.
    300 страни прочитав и ја фрлив, ми се згади, не можев да читам.
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Книгата мене не ми остави некој ептен посебен впечаток. Интересен историски роман, не велам дека е здодевен или лош, но едноставно не ме опседна, тоа е тоа.
    Не ме тепајте само :lol:

    Серијава во секој случај изгледа многу интересно, и ќе ја гледам.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Ај вака. Серијава не е баш според книгава.
    Мислам дека Санча во книгата не беше покварена, а во серијава така делува. ороспиичка, башка немаше она секс со брат Хуан, братот на Чезаре :wasntme: На сила ја омажија или мене некои работи ми се помешани? И Алфонсо, брат и, беше добар нели?
    Дај некој нека ме потсети
     
  12. purple.butterfly

    purple.butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Ја како шо се сеќавам, во книгата Санча беше со Чезаре, а не со Хуан. И мене тоа ми дојде чудно во серијава, а и тоа како е прикажана она како карактер.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Да, дефинитивно не е исто, ама добро, ваљда нема факти, па како сакаат така ја толкуваат приказната за семејството. Само сега ми е чудно, Санча ми е ужасно одбивна. А првава сезона има девет епизоди, втората сезона ќе се емитува во 2012. Серијава била ужасно скапа.
    А онаа на Чезаре, Урсула, леле ама е грда, ми се плаче кога ја гледам :devil:
    Баш си беа складен пар со тој грдиот маж :^)
     
    На purple.butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Мислам имаше секс со брат му, ја силуваше една вечер....
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Ама во книгата,
    а во серијава не ја силува туку е радодајка, и не е еднаш, нон-стоп се заедно, со мерак се омажи, расипана до даска.
    Не е воопшто исто, серијава со книгата :)
     
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    Па тогаш, според мене, е изгубена смислата, мислам да, не постојат факти и секој може да ги развива настаните онака како што сака, но мене толку врзана за книгата ме држи токму карактерот на Санча, според мене нејзиниот лик е она што ја прави книгата посебна, во книгата токму тоа јас го најдов како суштина...
    Толку силна и разумна жена, влезена (не по своја волја, нели), во еден магичен круг, кај што доминираат неправди, закани, убиства, свет во кој што само нелогичното е логично, и таа, горда, воздржана достоинствена...наведнува глава кога знае дека неможе поинаку, прифаќа пораз, губи битки, за да полека, стрпливо и тактички напаѓа кога наоѓа и малку простор за тоа, за да може на крајот да ја исправи главата, и да ја добие војната...
    Начинот на кој таа се справува, со тој расипан, бескруполозен свет, ми е нишката која ја маркира книгава, како поинаква од многуте од овој тип...
    Според ова, за мене филмот ќе биде само уште една приказна, раскажана за Борџиите, но сигурно ќе ја нема магијата што ја има книгава, за која мислам дека освен убавиот начин на кој Калогридис ја напишал, пресуден е нетипично тврдокорниот, достоинствен карактер на Санча...
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    И јас се разочарав кога видов дека не е исто, меѓутоа во серијава не е главен лик Санча. Барем во првава сезона. Борџиите се во центарот, што е и логично, сепак, книгата е Невеста во Борџии, а серијава е Борџии.
    Ама и серијава е предобра. Не на начин како книгата, но сепак си има своја магија. Загледај ја Енца, може ќе ти се допадне.
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Посекако ќе ја изгледам, верувам дека е добра, само зборот ми беше, малку се подразочарав, затоа што баш сакав да видам како ваков силен лик ќе биде изнесен на платно.. . :)
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Нареднава недела планирам да почнам да ја гледам серијата, пак ќе кажам многу интересно звучи.
    Само една забелешка, се надевам нема да бидам погрешно сфатена - Џин Калогридис, женско е.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Да, женско е :) Инаку многу малку епизоди има :( А другата сезона кој ќе ја чека до 2012...