1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Борџии (The Borgias) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 16 мај 2011.

  1. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Чекајте, ова стварно? Затоа што пишува дека премиерата е на 8 Април... ?! :^)
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас ја симнав, т.е. се обидов да ја симнам, се симнуваше некаде околу 25 мин. епизодава, ми покажува дека има 54 мин. ама ништо, не ми ја пушта, само воведни неколку сек. шпица и толку....а толку се израдував :(
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    И јас ја ставив да се симнува пред некое време, ама ми пишуваше дека за 5,6 саати ќе се симне. Чекав некое време, ама ништо, не се убрза и ја исклучив. Ајде уште малку ќе си почекаме. :)
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ја симна некој епизодата? Јас што ја симнав од некој линк на шпански испадна дека е.
    Ај ставете ако сте ја симнале. :)
     
  6. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    http://kat.ph/the-borgias-2x1-dvdscr-do ... 85536.html

    Ја симнав и ја изгледав. :)

    Веќе знаеме дека не е според книгата, ама нели беше дедото на Санча тој што ја имаше таа ужасната соба со мумифицираните тела на неговите непријатели? Во оваа епизода беше прикажано дека уствари татко им бил тој. Хм.. :?: Исто така дека Алфонсо ја започнал чумата? Како!? Настрана од тоа,се појавија нови ликови, кои верувам дека уште поинтересна ќе ја направат серијава. Папата подготвува одмазда кон сите што им го завртија грбот, кога има требаа, односно на тие "Големи фамилии", и морам да кажам дека на почетокот кога Чезаре и Миќелето одат кај тој кардиналот (не ми текнува како се викаше) не очекував дека толку брутално Миќелето ке го убие детето.

    Патем за дискусијата уназад, дека Санча во книгата е со Чезаре а не го Хуан, баш барав на нет нешто повеќе да прочитам околу се, и најдов ( незнам дали беше на Википедија ) дека Санча била и со двајцата. :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Одлична епизода, одличен старт на сезоната. :)
    Чезаре ми се свиѓа дури и со трајната. :D :inlove: Секоја му чест на Џереми Ајронс како го доловува ликот, немам зборови. Толку на моменти ми е шармантен, па одвратен...
    Ех колку ми фалеше серијава... :)
     
  8. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Колку ми беше жал за Лукреција во оваа епизода. Штета додуша и за Паоло, барем да си заминеше и да не се видеа никогаш, нели го ли така да го убијат... Инаку, незнам за вас, ама мене Хуан ужасно ме нервира, нешто мн. филм ми го тепа мислиш он е папата. Али Лукреција добро го среди. :lol: :D
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Цццц Хуан, како пи*ка некоја избега, да ми простите на изразот. требаше да го убијат, ептен ќе ми беше мило. Лукреција само во погрешни се заљубува, ама мора сирота да се мажи, тоа е. Оваа Сфорца опасна жена, дури ни за син и не потклекна.
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Гледам повеќето ја споредувате серијава со книгата Невеста во Борџии.
    Ако барате сличнот, тогаш прочитајте ја прво "Семејството" од Марио Пузо. Оваа е книга е многу послична на серијава зашто центарот и кај двете е на семејството. Всушност Невеста му доаѓа како некој продолжеток на Семејството, иако нели се од различни автори и не е таква намената.

    Јас ја завршив прва сезона и се мислам дали да ја почнав 2ра. Да не ги бев читала книгите сигурно ќе почнев, ама вака познавајќи ја приказната не сум многу воодушевена како го оствариле тоа низ серијата.

    Зарем не ви се чини дека ликовите не се соодветно доловени? Mене воопшто не ми се такви какви што сум ги доживеала низ читање
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Јас ја симнав прва епизода и по тоа што го видов очекувам интересна серија.Ќеф ми е што ќе има што да гледам летово пошто другите серии прават паузи.
    Само просветлете ме колку епизоди и сезони има сега за сега?
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Првата сезона девет, втората десет. 2та сезона сега е при крај, денес е излезена претпоследната епизода.
    Јас серијава си ја гледам како засебна, не ја споредувам со ниедна книга, бидејќи семејството Борџии може да биде претставено од повеќе страни со оглед на тоа што нема факти.
    Инаку папава се исплаши нешто од громот, па почна да се покајува. Ама богами за толку гревови и толку потрошени живот...
    А Хуан ми е крајно одвратен, се надевам ќе умре во страшни маки од тоа болеста, како казна.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Јас сум залепена за екранот овие денови и изгледав 5 епизоди , сакам малку да ги влечам за да имам подолго време што да гледам, ама едноставно не ми иде, сакам да видам што е натаму и натаму и така.
    Чезаре ми е опасно привлечен.Добро се справува со целата ситуација, наметнатата титула и сите глупости.Папата ми е одвратен, исто и помладиот син.
    Лукреција ми е преубава, нежна, иако сеуште дете многу зрело делува за нејзини години, штета што ја омажија за тој шутракот, ептен е смешен и грозен лик.
    Мене приказната ми е одлична, само просто не сакам да верувам колку се расипани овие демек “најпобожни“ луѓе, ужас.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Отиде Папата.
    Него некако не ми беше епизодава најнај. Како сам Папата го пренесе Хуан и му ископа гроб? А после едвај го довлечка до гробот, а ваму на рацете го носеше.
    И не верувам дека никој под никакви услови би дозволил веридба, а ваму вчера умрел синот. А сигурно не таму, тоа малку ми беше безвезе. Разочарана сум малку. А башка сега и цела година треба да се чека.
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Овој Хуан ми е најодвртен лик во цела серија, за ништо не го бива, а се прави како да знае се и како да е најдобар во се.
    Антипатична фаца значи ми се повраќа кога го даваат во кадар.
     
  16. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Мојата омилена серија. :)
    Предобра.Сега за сега ја изгледав 4-тата епизода од 2-ра сезона.
    Ја имам читано и книгата "Невеста во Борџии",но во книгата целото дејство го раскажува Санча и книгата е многу поинаква. Ликовите се тие,со истите карактери,ама многу дејства се поинакви,на пример детето на Лукреција не е на кољушарот,Алфонсо ја нема таа судбина..
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Јас од сите епизоди кои ги изгледав до сега, не добив впечаток за Борџии како најлоша и најозогласена фамилија.Од сите фамилии тие најфини ми се видоа, да дека прават и лоши работи, ама сите останати прават многу полоши, овие барем им помагаат на другите, поточно Папата.
    Само јас ли добив ваков впечаток или и вие го делите со мене ова мислење?
    А ќе го отрујат Папата?
     
  18. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408

    Мислам дека не си единствена со тоа мислење :)Кога ја читав книгата,едноставно ги замислував поинаку,многу злобни,лукави(не дека не се такви),ама и јас како да добив таков,како тебе, впечаток гледајќи ја серијата.Во серијата некако,секоја злоба,секоја гадост што ја прават е најповеќе заради одмазда,но дали впечатокот ми е различен оти ги оправдувам на некој начин.. не знам. Но,не знам и дали имагинацијата за нив ми отишла предалеку додека сум ја читала книгата или во серијата се само многу поинакви претставени..
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Не е лоша серијава, барем од поновиве е меѓу најдобрите, ама јас очекував нешто подобро, особено од Џереми Ајронс во главна улога. А приказната наместо да се фокусира на изопаченоста на семејството Борџија по која останале запаметени во историјата, тука сите ги прикажале како изопачени, па излегува дека однесувањето на Борџии не е воопшто чудно или необично.
     
    На funkygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Jaс моментално ја читам Невестата во Борџии и заклучив дека многу малку работи се исти во серијалов и во книгата.Прво во серијава не е прикажан инцестот меѓу Чезаре и Лукреција и Папата,а во книгава доста многу е посветено внимание на тоа.Исто Санча во серијава е дадена како многу расипана девојка која не е поврзана со Чезаре туку со Хуан, а во книгава има голема љубов меѓу Чезаре и нејзе...како и да интересна е и книгава, само што од серијава си кажав веќе, не добив впечаток дека Борџиите биле толку злобни и озогласени, додека во книгата тоа се чувствува на секоја страница.
    А мислам дека помалку факти содржи серијата отколку книгата.