1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Борџии (The Borgias) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 16 мај 2011.

  1. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Читав кратки биографии за Борџиите поодделно, и во книгата е доста филувано и претставени се уште поизопачени отколку што говорат податоците. А гласините за инцестот не се никогаш потврдени.
    Сепак за останатото некако книгата ми делува поблиска до фактите, а серијата, што знам.. како серија е добра, ама не ме асоцира баш на сликата јас што ја имав за нив. Не знам точно зошто, но таков ми е впечатокот.
    Периодот кога ја гледав серијава не ми излегуваше од глава мелодијава
    http://www.youtube.com/watch?v=6N_17Qlxw9w
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Серијава не успеав да ја гледам на нет, а книгата ја немам прочитано, а знам за кого станува збор.Сакам да ја гледам, начув дека на нашиве телевизии, на сител, ќе ја давале серијава, ама не сум сигурна :?: дали и кога ќе ја даваат :?: :wasntme:
     
  3. Tantica

    Tantica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    На сител ке ја даваат
     
    На Ema.Sk и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Да на Сител ја најавија.
    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=8feqy4tSEso
    Изненадувачки и за неа и за другите серии, во позитивна смисла :) . Не дека гледам често телевизија ама чат-пат ако погледнам подобро ова да оди отколку некоја бапска серија. Hе е некој спектакл како што очекував, не ме навлече нешто многу серијава, ама ако ништо друго барем амбиентот и костимографијата се автентични и добро изработени.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Во право си, барем нема да даваат некоја старовремска серија.Мене ми се допаѓа што воопшто и снимиле серија за Борџии, една од највлијателните фамилии во Италија, пред 17 век, затоа и сакам да ја погледнам серијава.А и ретко се накануваат да снимат нешто од постаро време. Секако дека мора да имаат автентичност :) Баш ме интересира, каква ќе биде серијата :)
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Немам сретнато на тв, дали имаат кажано кога ќе ги даваат Борџии.Дали некој знае или слушнал, отприлика кога ќе ги даваат? Од кога ја чекам серијава и никако да ја дадат |( Тудорите веќе ги има, Елиза ја даваат, ама Борџии ги немат.Јас би ја гледала и на нет, ама не можам од мојов компјутер, еднаш гледав еден филм и компјутеров фино на сред филм се исклучи |( откачи, незнам што му бидна.И сега вака си чекам.... :wasntme:
     
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Па серијава е баш како за празници : D, ама дали ќе ја пуштат во скоро време кој ги знае. Првата сезона ја имав изгледано, ако имам време распустов ќе ја почнам и втората (ама се сомневам дека ќе имам).
    Една мала занимливост, принцезата Дијана (Лејди Ди), преку нејзиното семејство била некаков далечен потомок на семејството Борџија, мислам од лозата на Лукреција. Интересно :)

    ^^Гордана, ако не ти се допаднале Тјудорите, како што мислам дека прочитав твој коментар на таа тема, не сум баш сигурно колку и Борџии ќе ти се допаднат, ама сепак види и сама, можеби и попозитивен прием ќе имаат од Тјудори кај тебе.
    А инаку кастингов баш им е погоден, cе гледа дека внимавале на тие работи. Колку за споредба

    Родриго Борџија (папата Александар VI)
    [​IMG]
    [​IMG]
    Чезаре Борџија
    [​IMG]
    [​IMG]
    Лукреција Борџија
    [​IMG]
    [​IMG]
    Џовани (Хуан) Борџија
    [​IMG]
    [​IMG]
    Гофредо (Џофре) Борџија
    [​IMG]
    [​IMG]

    .
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да, Тјудорите не ми се допаднаа, не ја ни следам таа серија веќе, кажав и зошто во таа тема, да не се репризирам :D Мислам ќе ми се допаднат, знаејки ги, не лично :D :wasntme: Чекам да ја дадат серијата, па ќе видам, претпоставувам дека би ми се допаднале, незнам, прво да видам каква ќе биде, мислам во однос на колку добро ги протолкувале ликовите, настаните од тоа време.Не е само да се направи серија, туку киолку што е да се создаде автентичноста на она кое се претставува, а за тоа и треба професионалност. Како што е и кај серијата Елиза, претставување на еден лик, емоција, до толку да изгледа реално,не како кај Тјудорите, Хенри како туку така да е реализиран самиот лик, плус актерот го промашиле, глумецот не оддава впечаток на силна личност, барем таков впечаток ми остави глумецот.Ко за споредба, глумецов што го глуми Фабрицио, а и останатите, не дека сега мене ми се допаѓа типот :D туку се гледа дека најдобро и најпрофесионално ја одиграле улогата, воопшто не е забележливо дека е глума, мислам во однос на тоа дека не е туку така или ради реда направена серијата, секако дека е глума, но тоа е толку природно реализирано, живописно.Кај Тјудорите како да се работи за аматери, не професионални актери.Тоа е она кое ја прави серијата за Тјудорите одбивна.Јас сакам такви серии.Веројатно ја имаш гледано серијава Борџии, како тебе ти се допадна во однос на ова што говорев претходно? :)
     
  9. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ^ Актерите се добри, особено девојката во улога на Лукреција ми остави позитивен впечаток. Костимографијата и сценографијата веќе напишав дека делуваат автентично, ама се на се, во дејствието како да фали нешто. Плус ќе видиш, со време и некако симпатични ќе ти станат Борџиите, биг хепи фемили : D , воглавно не соодветствуваат на оние оцрнувани и омразени во историјата. Ама со оглед на тоа што постојат малку податоци за нив и не може да се знае што е вистина, а што клевета, тука има повеќе простор за слободен приказ, за разлика од Тјудорите каде веќе сме навикнале на друга претстава за нив и серијата наиде на повеќе критики.
    Другото е оф топик и во спојлер (можеби требаше на другата тема да дискутираме)
    Не знам за Елиза, не гледам, ме потсеќа на шпанска серија, а Тјудорите, сите ги критикувате заради актерот, не оддавал впечаток на цврст и силен човек.. Јас пак мислам дека човек што има шест брака зад себе (воглавно неуспешни) не може да е толку цврст карактерно, алудира на разгалена и каприциозна личност. Јасно е дека Хенри VIII не бил баш таков како што е прикажан во серијата (физички воопшто не наликува, плус за онаа улога потребен бил некој од околу 40 години кој може да го подмладат максимум 10 години по потреба, а потоа постепено да го остаруваат, зашто дејствието започнува кога кралот има повеќе од 30 години) ама зошто да не може да биде и вака 'детинесто' интерпретиран некој што се разведува и стапува во брак под влијание на други луѓе?
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира серијава, каква е.Инаку, да малку податоци постојат за фамилијата Борџии.Како и да е, секогаш ќе фали нешто, дали е за серија или филм.Прво да ја видам серијава, се надевам ќе ја дадат, па да видам дали веродостојно ги претставиле Борџиите :geek: Многу ме интересира серијава, ама никако да ја дадат, чекам и чекам, се надевам ќе дочекам :D Плус и позитивните коментари во темава, дополнително даваат инспирација за човек да ја види серијава :)
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Серијава нели ја најавуваа на сител, ако не се лажам...ама изгледа абер немаат да ја даваат :^)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Ќе ја даваат за давање само којзнае кога. И онаа српската 'Гревот на нејзината мајка' Сител ја најавувале една година пред да почнат да ја емитуваат, така да не им е прв пат. На кој не му се гледа на интернет ќе мора да се стрпи..
     
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Дали има нова трета сезона излезено
    откако го отуја папата?
     
  14. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Рано е за трета сезона. Од пролет.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Natence88

    Natence88 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Добро што има серии како оваа и Тудорите за да ги одбегнеме глупостиве што се даваат на нашиве програми. The Borgias почнав сега да ги гледам, ми се допаѓа многу серијава, ама The Tudors ми е дефинитивно најомилена серија. Сите серии беа прекрасни, почнувајќи од глума, до облека, музика...Тревор Морис е композитор и во двете серии. Секогаш компонира музика која нема да ви излезе од глава. Слушајте ги A historic love и The Howling wilderness од the tudors. На сите ви ја препорачувам таа серија.

    Позз
     
  16. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Јас ја гледав Тудорите, планирам и оваа. Тудорите ми се свиѓаше, но ништо премногу. Фалеше некоја возбуда, за Борџии не знам каква е.
     
  17. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Одлична епизода, ко финале да беше, а не почетокот на сезона. Колку се само омразени, не знам како преживуваат. И зошто овој Асканио толку упорно е на нивна страна по се што му направија на неговото семејство? Колку крв, убиства... :x
    Ама Чезаре, ах беее...
    [​IMG]
    Уф, ептен ми е мило што се врати серијава. Ама стварно се малку 10 епизоди годишно, премалку.
     
  19. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Машки
    Првата сезона ја изгледав и е прекрасна,се надевам дека и втората е еднакво убава.Вистински факти,историска приказна,разврат,инцести,интриги.Секоја чест.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Kaко идат сезоните се се поинтересни. Jас сум пријатно изненадена. :) Не отворајте спојлер ако не сте ги гледале до крај.
    Лукреција и Чезаре...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ама ќе бидат несреќни двајцава.. Мислам дека на чезаре му се ослободи сета потисната љубов кон неа...