Научена сум више на синхронизираниве серии, ништо чудно не ми е. И не ја почнав на нет немам време, затоа на тв ќе ја гледам знам кое време и не ми одзема многу.
Jaс сфаќам некој да гледа турски жалопојки синхронизирани, ама некој да гледа светска американска серија синхронизирана, е тоа не ми е јасно за млад човек.
Тоа време што ја гледаш на тв симни си ја и пак гледај си ја тогаш. Греота е навистина ваква серија да се уништува со синхронизација. Џереми Ајронс синхронизиран, ццц, богохулие. Сериозно. Како и зашто ја синхронизирале не можам да разберам. Ем јазикот кога го слушаш ти влегува во уво, целото чувство е сосема поинакво. Не може да се мери во никој случај.
Еј па и ти немој така, на глумецот кој го синхрознизира Џереми ова му е врв во кериера Навстина девојки симнете ја серијата со превод ја има преубава е. Верувајте.
Good news за сите што преферираат да гледаат на тв: прееска баш видов најава и беше со превод, најверојатно ја укинале синхронизацијата, конечно им текна.
Уште ги даваат овие бе на Сител или? Јас ги гледав на ХРТ1...мислам дека Владеење ми е појака серија според мене...(не)заради глумците
^Нели можеш да си ја симнеш на торенти и да си ја гледаш на PC/TV? Инаку, според мене, страшно добра серија, за актериве да не правам муабет (имав crush на Чезаре), ми се допаѓаше таа интимна тензија што ја имаше меѓу него и Лукреција и цело време очекував да се случи нешто меѓу нив (со претходна психо-терапија дека се само глумци и не се во роднински врски, бла бла...) Џереми Ајронс - генијален. Толку беше драматичен - ѕвер од глумец. Исто така, Микелето ми беше еден од подобрите ликови, со задоволство ги чекав сцените со него, некако, многу енигматичен и комплексен лик ми беше. Ма сите беа супер. Единствено што замерувам е што серијава не си доби достоен крај. Не се потрудија ниту филм да снимат (имаше шпекулации за такво нешто) за да ја заокружат како што треба. Остана недокажана, а заслужуваше подобар завршеток.
После читање на книгата, решив да ја почнам и серијата. Засега ме привлекува и баш ме интересира како ќе биде прикажана. Веќе забележувам некои разлики, во однос на книгата. За Чезаре се согласувам исто и Лукреција е многу убава и добро ја пренесуваат глумата. Воглавно сите актери океј ми се. Штета што не можам на тв да ја гледам, морам на лаптоп со слушалки, ако не сум сама, заради еротските сцени. Не ја читав детално темата да не налетам на некој спојлер, макар што веќе и знам што ќе биде (секако доколку е истиот тек како во книгата).