1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ботокс

Дискусија во 'Лице' започната од Spidy, 8 февруари 2013.

  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    Почнав еден муабет со мајка ми деновиве, почнала да и смета една брчка што и се јави меѓу веѓите и секогаш изгледа како да е налутена. Ја има со години веќе, ама сега многу и се приметува и стварно ја прави да изгледа лошо расположена, а во принцип е многу ведра личност.
    Знам дека и ботоксот не е трајно решение, ама колку што видов по интернет дава добри резултати, па си викам да ги прашам феминките за искуство (каде и како се изведува, колку пари е, колку трае ефектот).
    Она долго време користи ноќни креми против брчки и си ја чува кожата, остатокот од лицето и е сосема во ред за 46-годишна жена, ама оваа конкретна брчка стварно и го менува цел лик и многу и смета. Башка јас сум цела на неа, па еден ден очекувам истата мака да ја имам :^)
    Па кажете кој што знае на темава... :)
     
  2. CosmoGirl

    CosmoGirl Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Јас не би се боцкала, па колку и да е успешно.Какви бре инекции, глупости, кога сигурно има и други начини, сигурно има некој вид на крема што ги пополнува брчките, нешто како рибаш оревче во пукнатина на дрво.Озбилна сум.Сигурно има.Та плус во случајов се работи за една брчка, лесна работа.Само еве и мене ме интересира дали некој знае за некоја ваква крема или подлога за шминка, како и да ја викаат..
     
  3. tinkerbell333

    tinkerbell333 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Џабе ќе фрлате пари на креми, ништо не помага како ботокс и пунење на брчки. Мајка ми го имаше истиот проблем, има 56 години и ја пратив кај мојата докторка кај што одам веќе 8 години. Др. Самоникова, има приватна ординација во Скопје и е најдобра.
    Јас уште немам брчки ама си одам таму на редовни третмани на лице и на слабеење. Мајка ми беше многу задоволна, рече дека докторката била многу реална и сама и кажала што да прави а што не, се гледало дека нејќе само да ти ги земе парите. На крај и ја наполни таа брчка меѓу веѓите и изгледаше многу природно и немаше никакви модрици,ни точки. Еве помина скоро година и уште и е супер.Изгледа мн помлада
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    Ако не е тајна, колку плати за процедурата?
     
  5. tinkerbell333

    tinkerbell333 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    мислам дека ја фати околу 100 евра и знам дека цената зависела од тоа колку се длабоки брчките.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    срцка ај кажи ни повеке за ботоксот колку пати одиш колку те кошта исто и за слабеежето кај докторкава како го прави колку слабееш на колку време одиш и цена
    те молам важо ми е
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tinkerbell333

    tinkerbell333 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    okcenzi,

    ботокс уште не сум ставала, уште немам брчки млада сум:)
    ама мајка ми ставаше, еднаш се става тоа, брза била процедурата и мислам дека ја фати околу 100 евра и и трае веќе една година сигурно, немала потреба пак да стави.
    јас си идам на козметичар таму скоро секој месец, а за слабеење идев лани пред летото, на мезотерапија и е најефективно у свет! јас направив 7,8 третмани, идев на секои 2 недели и целулитот ми го снема скроз, исто така и ослабев во обем точно колку што сакав. еден третман кошта 3000 денари. еве уште немам целулит ама планирам да отидам пак пред ова лето колку за оддржување. Претходно сум пробала и ЛПГ и кавитации ама од сите тие кратко трае ефектот и после целулитот се враќа дупло.
     
    На BossGirl123 и okcenzi им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Еве што најдов на нет


    Природен ботокс - домашна маска за затегнување на лицето
    - Подготовка
    Потребни состојки:

    1 лажица густин
    5 лажици свежо исцеден сок од морков
    1 лажица павлака

    Подготовка:

    Во малку вода растворете го густинот. Ставете го во сад со 100 мл врела вода. На тивок оган мешајте додека да се згусне смесата.

    Во изладената смеса додајте го сокот од морков и павлаката. Добро промешајте, нанесете ја маската на чисто лице, па оставете да делува околу половина час.

    Маската измијте ја со млака вода, па нанесете хидрантен, хранлив крем.

    Останата количина можете да ја чувате во фрижидер.
    За најдобар ефект, маската треба да се нанесува три дена по ред, а кожата ќе се затегне и ситните брчки ќе исчезнат.

    Пс. Што е густин?
     
  9. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    ^^ Нишесте,она за шлагови и кремови за торти што се користи. :)
     
  10. мари че

    мари че Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае или има искуство со пополнување на усните? Како оди процесот и кој доктор вие би го препорачале? Како се движат цените? Прикачете и фотки од вашите усни.
    Ве молам не ме тепајте дека "треба да се сакам себеси таква каква што сум". Ме интересира чисто информативно.:angel:
     
  11. Lola122

    Lola122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Па и мене истото ме интересира..сакам да ги потполнам усните,но ме интересира кај кој доктор да одам и колку пари тоа чини
     
  12. vogue.and.vogue

    vogue.and.vogue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    179
    Јас првиот пат ставив 1,5мл хијалурион (рестилајн ) и ме кошташе 200е, а после 6м ставив уште 1мл ама овој пат ставив принцес кај Др Игор Пеев на пластична хирургија.
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Кoјa е рaзликaтa пoмеѓу првиoт и втoриoт?
     
  14. vogue.and.vogue

    vogue.and.vogue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    179
    првиот наводно е поквалитетен и подолго трае.... ама бидејки самиот хијалурион си прави база при секое аплицирање затоа се одлучив за поевтина варијанта бидејки веке имав направено базна подлога од првиот пат.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fitgirl

    fitgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Колку те кошташе хијалуринот принцес?
     
  16. vogue.and.vogue

    vogue.and.vogue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    179
    околу 6500 денари ампула и аплицирање
     
    На fitgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има правено некоја процедура (хијалурон, ботокс итн...) кај Др Марија Бунда Калпак и како е задолволен? Фала
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Здр до сите..Дали има некој правено ботокс на пазувите..Кога го направи..Во која ординација и Колку беше/е цената!?..Сподетеле инфо/искуство..п0з
     
    Последна измена: 15 јули 2019
  19. manna89

    manna89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Здраво,

    Во Септември бев кај Анчевски и ставив ботокс 27 единици како што ми беше препорачано.
    Само што имав наполнето 31 година.
    Од ботоксот не видов никакво фајде, брчките ни најмалку не се сокрија.
    Би сакала да знам дали некоја од вас имала слично искуство.
     
    На BossGirl123 и bubemconia им се допаѓа ова.
  20. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Јас PRP правев и мислам дека од тогаш уште побетер ми станаа брчките а и бубулици почесто ми се појавуваат.

    Сега сакам ботокс иако малку каснам , брчките меѓу веѓите веќе ми се видливи на 31 година. Лани не ми беа толку.

    Каде во Скопје би ми препорачале да одам? Освен не Анчевски, таму 3 пати сум била за коса и лице секогаш ич не сум задоволна.