Здраво.Пред точно 3 недели ставив ботокс во Дермаплус.90% од брчките ги снема, но сеуште имам една голема брчка на чело и сеуште можам да го мрдам челото во тој дел.Бев на контрола, но ми кажаа дека со ботокс толку може да се постигне, дека тоа е тоа.И сега овие денови приметувам дека почнуваат да ми се познаваат и други брчки, и повеќе да го мрдам челото.Навистина сум разочарана и не разбирам што може да е работата.Како кај сите други, брчките се губат, а кај мене не, а и немав толку многу брчки, ниту толку длабоки.Дали некој може да ми каже во што е работата, дали нешто е проблем со мене, или е до ботоксот.Ставив на 3 регии, платив 12000 денари, но ова воопшто не е резултатот што го очекував
Фала ви многу, тоа секако. Не требаше да одам тука, ама дека блиску ми е до работа, па затоа се решив. А дали знаете или некој да знае овде, дали после аплицирање на ботокс, следува корекција на две недели?Се консултирав со луѓе од други држави кои што користат ботокс, и таму обично следи корекција на две недели, која е вклучена во цената, а ботоксот им издржува и до година дена.
Јас лично имам ставено пред повеќе од една година и може уште неколку месеци без проблем да " издржи". Обично затоа се тие корекции, ако не "фатило" да се дополни , што во вашиот случај не верувам дека ке ви го направат тоа. Ама нема каде да се пожалите за жал. Ви преостанува да се јавите на корекција некаде или да почекате малце па да идете на друго место.
Јас имам спуштени капаци, немав никаков проблем со ботоксот, баш напротив.Мислам дека многу ми се подобри откако ставив ботокс.
Не би знаела да ви кажам точно зошто секогаш правам нешто плус не е само ботокс. Јавете се најдобро ќе ви објасни таа.
Јас закажав за ботокс нареден понеделник ќе правам во Дермаплус. Прв пат ќе е, сега гледам имаат некои попусти на инста, ама јас прво ќе се посоветувам со докторот каде да ставам , секако сакам да ставам измеѓу веѓите зошто ми се појавија веќе тие две II линии и изгледам како налутена , не се познаваат толку ама сепак да се спречи да станат подлабоки. Одам кај стручни доктори па се надевам се ќе биде во ред.
Јас подолго време се мислам и никако да се решам. За вакви работи ич не сум одлучна. Се ближам накај 40, но досега не сум правела никаква интервенција. А тие две линии се нешто што и мене најмногу ми пречи, иако не секогаш се познаваат многу. Кога ќе можеш сподели искуство.
Јас 35 години имам, немам други брчки на лицето само тие се измеѓу веѓите. Не се длабоки, па ете викав да пробам со ботоксот. Ќе се консултирам со докторот прво, ќе ти кажам како ќе биде
Гледам промоции на ботокс за 3 регии, но не ми е јасно како е поделено лицето на регии. Пример јас сакам околу очите и на челото, дали се тоа 3?
Здраво, Ако може некоја членка да сподели искуство/препорака за ординација/доктор во Охрид за ставање ботокс?
Јас бев прееска и ставив ботокс во Дермаплус бев. Ставив една регија, ми рече дека ми е доволна. Измеѓу веѓи ама ме боцкаше и во делот над веѓите. Кога заврши со боцкање, тој дел како да ми "тежеше" потоа ме пецкаше и сето тоа помина. Едвај чекам да видам по неколку дена како ќе биде
По колку време по ботоксот миете лице и станавте креми и сл? Јас го измив лицето сега сабајлево кога станав , он ми рече можам по 2 часа да го мијам лицето слободно