На чело немам ставано, само измеѓу веѓите, задоволна сум, кај нив дефинитивно пак ќе одам здравје летото. @Martina991 препорачливо е да се става на 6 месеци, а колку ќе трае зависи од мн фактори. Јас во декември ставив, веќе почна да се губи ефектот.
Дали имаше некои нуспојави? Мене најмногу ми е страв(иако се случува ретко како што читав) да не излезе едното око подолу во однос на другото, на англиски терминот што е droopy eyelids И јас бев кај др Коста во Дермаплус пред четири дена па ме интересира искуство
Не, немав нус појави. Ми рече дека може да имам главоболка првиот ден ама немав. Ти аплицираше ботокс? На три зони? Мене ми беше страв исто така, ама па заради тоа одбрав да не одам кај забари или општи лекари што аплицираат ботокс, туку кај дерматолог, најдобро си ја знаат работата. А др. Коста исто така има и доста години искуство. Јас аплицирав на една зона зошто немам брчки на челото, а си имав проблем измеѓу веѓите, јас имам спуштени очни капаци и страв ми беше да ставам и на чело , да не ми се спуштат уште повеќе, а ова не му го спомнав на докторот. Нареден пат ќе се распрашам за ова
Да, ставив во две регии чело и веѓи и баш за ова со капациве заборавив да прашам и јас, а и некако за 5-6 минути све беше завршено
Се дели на три регии чело, веѓи и очи, ако имаш само меѓу веѓите би те коштало 3000-4000 денари бидејќи е една регија
За во Дермаплус, дали морам да закажам прво преглед па уште еднаш да одам за алицирање или може се наеднаш? И дали др. Тихомир аплицира исто така?
Јас подигам веѓи со ботокс кај др. Коста. До сега фала му на бога сум немала нус појави освен еднаш една модрица што си ја носев на веѓа 10тина дена
Мене ми е петти ден, немав ништо нуспојави, само некако десното око малку потешко го осеќам вчера, денес, ама може на психа е повеќе Само од тоа ми е шубе, да не се шетам со едно око подоле друго погоре
И мене ми се случило да осеќам така, можеби е психа, можеби има мала разлика што не ја гледаме а ја осеќаме. Мене левата веѓа самата ми е погоре, таа можам да ја дигнам и таа ми е "пораздвижена".