Здраво ставав ботокс по прв пат вчера, преку ден се беше океј ама вечерта почна глава да ме боли ужасно. Денес исто се разбудив со страшна главоболка, дури и вратот и вилицата ме болат. Инаку ставав Botulax. Сте имале ли вакви искуства до сега? Пиев Бруфен со Парацетамол ама не ми помага
Сакам да ставам ботокс во 2 зони, кажете ми каде е подобро да отидам се мислам помеѓу Дермаплус и New20s? Кои се по искусни?? Ми е страв од компликации.
За колку време после користење пептиди и ретиноид забележавте резултати? И оваа брчката на чело помеѓу веѓите никако не исчезнува бидејки спијам на страна. Не можам на грб да заспијам, ми нема спас значи… џабе серум.
Мој искрен совет, стави си ботокс на таа регија. Јас користев година дена и пептиди и ретинол и што ли уште не и немаше некоја забележителна разлика, а пари фрлив многу повеќе.
И мене за таа брчка ништо не ми помогна, само ботокс што ставив еднаш таму и 4 месеци беше ок. Но и ботоксот не ти е трајно решение, на 6 месеци треба да реаплицираш.
Сте пробале ли со Night(sleeping) skin patches? Еве како изгледа кај мене, пошо ја имам откако спијам на страна: А, општо онака имаше ли подобрување на кожата? Текстура, пори, fine lines?
со иста мака сум. Мимичка брчка на чело меѓу веѓите ама за ботокси и филери читав дека жени имале јаки главоболки отоци па некако шубе ми е да помислам на тоа. Кај омаж хронична главоболка па уште тоа ми фали
Јас немав главоболка и оток. Само чувствував затегање некое на почеток и тежина. Јас баш поради тие работи гледав да одам кај некој дерматолог со искуство , ми беше страв некој да не ме зезне.