Криво ми е кога најблиските ќе ми стават црвче во глава и имам потоа грижа на совест. Ај помина, а цел ден сум на раб да прснам од плачење, ама ај. Убава сум била. А сакав стварно за мене да си бидам средена, нема везе, ми помина. Утре веќе нема да мислам
Ќе се фарбаме за 2-3месеци ајдс... и ја мислев да се фарбам не можам да се гледам со 2 бои во коса. И мене ме премислија ај сега демек не оди и така ќе си дома цел месец после пораѓај и после пак ќе тррба одново коса си расте. Собрана во пунџа и ајт..
Се си е ок. Разбирам. Хемикалии се. Ама сакам јас да сум задоволна од својот изглед, а не сум, и тоа ме нервира. Со една депилација се преродив, уште косата сакав да ја средам. Незнам колку се познава кај тебе но јас сум шатирана со бланж и фарба, и сум плава. А коренот ми е темен и имам многу бели влакна. Баш собрана горниот дел се познава. Некој и да не ми каже, сама се гледам во огледало и изгледа несредено
Не мислев ради хемикалии општо мене ми викаат кај со стомакот седи мирна ради короната. Иначе сестра ми се фарбаше до последен ден кажуваше на фризер дека е трудна и со нешто посебно ја фарбаше... Те разбирам и ја сакав во болница и на слики после да бидам она дотерана пошто си скапавме дома ама ете се откажав...
Јас прва бременост се шатирав. Кога прашав доктор ми се изнасмеа со муабетот, а кока кола кога пиеш не е хемија? Прави си се најнормално.
Така де. И мене докторот ми кажа дека е ок, треба не знам си каква количина на некоја прејака хемикалија за да има можност не дај Боже да направи штета.. @Alishan30 јас мислам да си се ишатираш, ќе се освежиш, ќе се осеќаш многу поубаво - среќна мајка = среќно дете. Секако дека ќе подрасне пак и пак ќе се шатираш после и пак ќе биде ок и нормално. Не е себично затоа што ниту наштетуваш на бебето ниту нешто му скратуваш. Јас цела бременост одев на нокти, на депилација и сега еве на фризер. Дај си оддишка и опушти се
Апсолутно! А Ии ако е проблематично тоа е до 12 нед кога е органогенеза потоа мисла؟нема врска؛ Јас си одам на депилација на 3 недели, болно е ама девојките мн внимаваат и се е по протокол؛ Не се фарбам али идам на фризер, не значи дека ако сме трудни треба ко пештерци да бидеме си лакирам и нозе а раце прекинав затоа што не смее со лакирани нокти на пораѓање؛ И кога идам кај гинекологот посебно на ГАК си се дотерувам и шминкам малце
Ако не се породам ќе се охрабрам да одам следната недела. Срам ми е од фризерката, оти и откажав.па нека помине време. Маж ми пред некоја минутка: "цел живот никој не слушаш и си стабилна со одлуки и ставови, еднаш послуша и си го уништи расположението"
Баш сакав да ти пишам и споделам дека братучетка ми кога се шатираше во бременост имаше алергиска реакција од бланшот.Се исфрли цела во лицето и отече ,примаше инекции.Инаку претходно цело време си беше шатирана и се немаше случено такво нешто.Добро што си се откажала
@Alishan30 како си сакаш .Еве јас со првото од кафена се офарбав црна таква ми е природната боја и велам поретко да се фарбам.Се фарбав на 2-3 месеци со боја со амонијак.Не знаев мислев дека е без амонијак.Сега од свела кафена пак се офарбав со црна ама без амонијак.Мислев поретко ќе се фарбам ама имам бели влакна многу и сега ем црна ,не си се допаѓам, ем морам пак секој месец да се фарбам оти па белите од километар се гледаат Сега не знам како да си ја добијам претходната по црната
И јас бев шатирана плус прелив и сега репчето ми е плаво, а останатиот дел смеѓ со бели влакна. Деновиве само ќе се ишишам и ајт. И онака врзана косата ќе ја носам цело време, додека направиме 40 дена ќе фати ладно, вируси, не дека ќе одам којзнае каде...
Не се фарбам моментално , ниту додека бев бремена со другите две деца . Кога би се фарбала , би користела друга алтернатива ( колор шампон , к'на , на крај макар со молив за очи ќе покријам бели влакна .
Јас се фарбав неколку пати со Олиа без амонијак, ваљда така се викаше фарбата. Сама се фарбав. Дотерај се сега, после уште помалку време ќе имаш, да не речам ич
Zdravo devojki i jas imam edno prasajne bremena sum 7 nedeli i 3 dena dali mosam da ja farbam kosata nekoj vika deka mose posle 3 4 mesec sea da ne nastetuvam za bebceto sto vikate vie mosam ili ne