Ради коронава земав се исфарбав сама ама не ми е тоа тоа, ми фалат светлите прамени. Дали користите бланш во домашни услови и каков? Решив сама да пробам
Да, инаку јас се фарбам исто како и пред бременост брз никаков проблем, само првите 3 месеци не, поради тоа што ми се лошеше од миризбата.
Ти благодарам, и јас може да почекам, сепак да не експериментирам со нови фарби туку со таа што ја користам цело време.
А бре жени ја прочитав стопати оваа тема и уште се мислам. Дека кажете ми која од вас во 6 месец ставила бланш и фарба но без амонјак. За да добијам плава боја. Што мислите
Јас во 8ми и бланш и се комплет, балајаж си правев кај мојот фризер, секако користат фарби без амонијак и супер ми се фати, никаква промена на пигмент, исто ко пред да останам бремена боите.
За бланш не знам да ти кажам... цела бременост се фарбам сама со фарба без амонијак од syoss убави се фарбите, има и развивач на боја се копмлет во пакувањето. Супер задоволна сум од фарбата дури мислам дека и отпосле ќе продолжам со истата фарба.
Готово и јас закажав за утре. Неможам веќе ваква да се гледам. Ако ми смета миризбата ке седам надвор и готово. Но искрено сеуште ми е шубе некако
Дали се фарбате нормално како претходно секој месец или? Имам бели влакна и не можам да се гледам ваква
Прв пат се фарбав во 12та недела со фарба без амонијак и уште не сум се ама планирам овој месец пред празниците
Во првата бременост не ни знаев дека сум бремена се шатирав, а и од кога дознав пак си продолжив и фала богу се си е ок. Сега баш и мене ми е период за шатирање се мислам дали да почекам 12 недела да пројде, а до тогаш да шетам ко ,,чума,, или да си терам се најнормално
Женски , јас не сум се фарбала никогаш во животот ... ама сум сеправела ладна , минивала , виткање на коса со млечна киселина ... два пати годината , година наназад .... и уппс сега бремена , што да правам знае некоја ??? сте чуле нешто или ??? можи ли да ја виткам или не ???
Мене фарба без амонијак не ми ги покрива белите влакна а имам многу.Купив спреј од ДМ само за корен, визуелно брка работа не изгледам запуштено, ама многу ја слепува косата, како лак е. Минатата бременост ја фарбав со кна ама не ми се свиѓа таа боја , уште ја чекам да израсне да ја ишишам, бидејки фарба не ја покрива.Дали колор шампон е штетен во бременост? Има ли некој кој покрива бели влакна?
Јас се фарбам, шатирам, шишам и фенирам Па нема да одиме како избркани. Зар до фарбата дошло еднаш во 3 месеци? Средена и среќна трудница придонесува за среќно бебе во меше