Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојадисување на косата во текот на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Nedzhla, 7 март 2012.

  1. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.896
    Да не се лажете со поефтините варијанта за ништо не ја бива. Не покрива ама ич. Го зедов демек да заштедам ама џабе пак си зедов после на кореа.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    A Dali silver shamponite isto stetno vlijaat?
     
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.602
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Јас и се фарбав и прамени вадев . Немаше друго чаре ,имам бели влакна па морав. Не е страшно.
     
  4. yazanna

    yazanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Дали е штетно шатирањето во бременост,втор семестар
     
  5. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.544
    Допаѓања:
    2.518
    Zdravo bremena sum 20 nedela i sakam da izvadam prameni so blans na kapa.Dali nekoj ima vadeno i dali e nesto stetno
     
  6. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.150
    Допаѓања:
    13.924
    Пол:
    Женски
    Јас со првото незнаев дека сум бремена и се шатирав со фолии. Еве ја 12 год ќе прави. Со вторто ме фати крајот на короната па и дома седев и бев како од поплава исфрлена :$
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.544
    Допаѓања:
    2.518
    Jas sakam na kapa da izvadam prameni so bez amonjacen blans
     
  8. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.150
    Допаѓања:
    13.924
    Пол:
    Женски
    Немаш гајле, уживај.
    Ако ептен ти е шубе тогаш консултација со гинеколог
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ел1919

    ел1919 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2017
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    335
    Јас вадев прамени во 13недела и матичната и другиот доктор што одам ми рекоа може
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.544
    Допаѓања:
    2.518
    Па ке извадам и јас веке сум 20+ и најдов без амонјачен бланш
     
    На ел1919 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    се шатирате ли во бременост? Коренот ми е подраснат многу, ама некако премисла ми е.
     
  12. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    Во првата бременост не се фарбав,сега во вторава еве прв пат денеска 26недела се исфарбав.Истерав до сега 6месеци викам ај каква сум таква лето,врзана косата,ама сега посакав малку да се средам.Големкото ми е во школо па нејкам да одам таму така со бела надрасната коса.
    Пак бев малку со резерва па не ја оставив долго фарбата,порано се измив ама убаво покри се,не се гледа ни едно бело влакно :$
     
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    :( Женски 5 месеци не сум фарбана, ксфена коса имам и бели влакна кај патец прскам со спрејчето од лореал засега успешно ми одеше ама веќе многу се и се мислам месецов да се исфарбам само корен да ја освежам зошто гледам и како без сјај ми е некако :( Што фарба користите без амонијак 5ка кафена а да покрива бели?
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Јас пред нова година се изфрабав на фризер братучетка ми е стави некоја боја за седи влакна и плус уште една за сјај искомбиниравме и океј е се покрија.. Каква бев бела мајко моја.. Вика девојче ти па немаше олку влакна бели. Мислам од бременоста обелев и ми опадна косава колку паѓа да се чудиш сите викаат коса убава лице убаво јас никаква...
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    8.508
    Ама многу се замарате за нешто што нема никакво научно покритие, кој доктор ти кажа да не се фарбаш или ида користиш фарба без амонијак? Ти покажа некое истражување со последици ако се фарбаш? Зашто беспотребно се напињаш? Памтам уште пред некој месец прашуваше и уште не се исфарба. Смееш да се фарбаш со каква сакаш фарба и да се блашираш и да ставаш гел на нокти и да ги печеш во ламба. Се е апсолутно површно по никаков начин не се усвојува и не може да дојде до бебето. Проста логика, ако не влегува во твојот желудник/крвоток, како ќе влезе преку плацентата кај бебето?

    Фарбај се нормално, угодувај си колку можеш, после кога ќе немаш време ќе ти е криво што во грч си била за вакви работи. Знам оти нема да ти го сменам мајндсетот ама пробај за работи за кои не си сигурна да се потпираш на реални истражувања не на рекла казала муабети. Брзо лета бременоста после се посветуваме на бебето и на крај времето за себе е на минимум.
     
    На Bellaa1234, baguf4e и Ladyme им се допаѓа ова.
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Па женски бебиња носиме :inlove: викаат кај нив иде убавината сега, хахаха (facepalm) јас сум како отечена во лице и ќе се нашминкам и пак не сум си јас :D ама тоа е тоа. Ќе закажам и ја наредна недела здравје да се зафарбам корен само ми треба надоле ми е ок. Мене па не ми паѓа засега… викаат после пораѓај повеќе ;(
     
    Последна измена: 6 јануари 2025
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Важи, ќе те слушам тебе … најлабаво! Генерално си носат и фарбите и геловите и све останато хемија во нив не реков дека не треба или не смее… прашав за совет која убаво фаќа а да е без амонијак… ништо страшно, јас одлучувам за тоа дали ќе читам нема да читам кога ќе се фарбам или не.
    Тој што не поминал низ малце потежок пат нејкам ни да размислува на сите работи што ми доаѓаат на ум мене, уживај во бременоста и ич немој да се замараш со вакви како мене
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    8.508
    Ако некаде си ме сретнала низ темите јас сум далеку од лабава за работи за кои има доказ дека се штетни, ама и не следам бабини деветини. И гелот за туширање има хемија и шампонот и сјајот за садови, па имаш секојдневен контакт со нив. Факт е дека никој нема забрането фарбање и тоа ти го укажав ама ти сакаш само некој да ти потврди да не се фарбаш, а не да ти понуди друга реална страна дека нема опасност. Затоа не се прашува за мислење туку бараш подршка на твојата одлука. Никој нема настрадано во бременост од фарбање коса, покажи ми едно единствено истражување каде се препорачува да не се фарбаш? Дека остава последици на мајката или бебето? Фризерите, козметичарите напуштаат работа кога забременуваат?
    Апсолутно најдобронамерно ти пишав да си ја смириш совеста дека нема да правиш ништо лошо ама ти си убедена дека лошо ти мислат, уживај.
     
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Ама нешто погрешно ме читаш :D јас погоре прашав совет за бренд на фарба што покрива бели без амонијак, пошто повеќето имаат искуство дека не покриваат кафена/црна… нигде не наведов ни страв од фарбање ни бабини деветини :l: ако имаш совет сподели
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    8.508
    Не покриваат без амонијак, реално и обичните дрогериски брендови не држат, ама безамонијачните воопшто. Јас се фарбам истата моја боја 5ка, веќе 9год само заради белите, нема која ја немам пробано од поскапи до поефтини, последната година само Палете ми држи по 4 недели со 3 миења неделно. Е сеа има и опција на нова марка да направиш алергиска реакција ако веќе мењаш обавезно тестирај на едно делче од скалпот претходниот ден, јас на Ревлон добив реакција.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.