Сноу подобро со коса да експеримантираш откако ќе се породиш. Во тек на бременост бојата не фаќа баш убаво, а и многу бргу паѓа, за две-три миења. Јас гледам по мене, а користам скапа, професионална фарба и ја немам истата нијанса како претходно. Бланшот не знам дали е штетен, јас еднаш во живот се имам добро зафркнато со него и од тогаш реков, бланширање више никогаш.
мислам масла за коса,чичково,рицинусово,маслиново-порано ја масирав косава со вакви ама од како сум бремена не незнам да не има нешто проблем
немам искуство со тие масла... ама мислам дека маслиновото не би било штетно... за др масла не знам ама сепак на глава си ставаш и го миеш тоа.. ај можеби некоја др ќе пише дали е користела
мамички да ви кажам одвај чекам да се исфарбам, немчжам да се гледам веќе вака, косата ја носам врзана во репче за да не ми се познава многу. Двајца доктори различно ми кажаа, прво докторката ми рече да почекам да поминат десет недели па после можам да се исфарбам, па после докторот ми рече избегавај ако можеш, користи колор шампони и така. И да ви кажам јас така засилена , трк купив колор шампон, демек ќе се спасам и го носам на фризеркава моја она ми г стави и кога гледам корените не се фатени, инаку косата супер си фати , ама корените не. лелелле ми се слоши. и така ништо со колор шампоните јас да ви кажам ќе почекам да влезам во 12 недела за некое време и ќе се исфарбам, и плус на свадба сум, како ќе одам така? кафена се фарбам не јак хидрогенот и се надевам се ќе биде добро ајде позз
Мајки слободно фарбајте си се и ставајте масла за коса, бебушко ќе си биде во ред ...мене докторката ми дозволи и јас редовно си се фарбам со новата фарба на гарниер што е без амонијак...Сакам да си бидам модерна и убава трудница
Јас пред бременоста бев тазе шатирана и издржав до породување + до 8 месец старост на бебето.Ми се погоди модата со омбре фризури па несакајќи таква излезе и мојата коса.Инаку сум против фарбање барем во првите 3 месеци од бременоста кога е органогенезата.
јас не сум фарбана од мај месец а плава се фарбав.. природна ми е темно кафена.. е сега подникната сум страшно.. ама сакам да ми кажеш дали ти мириса фарбата мене тоа ме плаши да не ги дишам тие хемикалии.. јас од тоа несакам да одам на фризер...
Па да ти кажам право оваа од гарниер и не ми мириса толку јако како другите фарби па можеби затоа и ја трпам инаку додека беше топло фризерот ме фарбаше покрај отворен прозор па и не осеќав некој мирис...
и мојава е така,надоле шатирана A горе мојата природна -темно кафеава јас сакам кна да ставам бидејки убаво ми ја прави косава ама сга во бременост не сум за тоа
Јас баш пред една недела си ја бијадисав косата.Долго време ми стоеше така но си велам ако сега не ја бојадисам после па ич не ќе можам и не ќе имам време за тоа...па ќе бидав пола црна пола кафеава
И јас некни тоа си мислев, дали да се офарбам или не? Некои викаат НЕ НЕМОЈ НИКАКО, други ми викаат АКО ДЕ ШТО ИМА ВРСКА..... и се мислам. Сега ми е порасната полу црна полу кафеава ми е. Ама си се тешам дека не ми се познава дотолку нема некоја голема разлика.
Јас прв пат се офарбав после 3 месец во бременоста. Сега сум 6 и планирам во теков на месецов повторно да се фарбам. Мислам 2-3 пати во текот на бременоста не е штетно за плодот. Само да не се првите 3 месеци.
Женски имате ли искуство со фарбата Лореал без амоњак демек била ми кажа мојата фризерка? После колку време можам да се фарбам а да не е штетно? Исто и дали штети маникир со гел? Инаку јас сум плава и без да знам дека сум бремена уште пред 3 недели си фарбав корен а веќе сум била во 3-4 недела
Loreal Preference има амоњак, баш пред некој ден ја земав од Рамстор, ама не сум баш задоволна, најсветлата нијанса мене не ми фати убаво, може е до мене, ама не би ја купила повторно Loreal Casting е без амоњак и имаше уште една на Лореал што e без амоњак ама сега не можам никако да ја најдам. Garnier Olia е без амоњак, а подобро ми фаќа од Лореал.
jas go prasav mojot ginekolog i mi rece vo prvite 3 meseci ne smee farbanje, a posle toa moze. izvinete za latinica