1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојадисување на косата кај мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од Ketchup, 14 јули 2018.

  1. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Пред неколку дена, на инстаграм видов видео каде што мајката ја фарбаше ќерка си со колор шампон во розова боја. Девојчето немаше повеќе од 4-5 години.
    Завчера во автобус, сретнав мајка со синче кое беше иста возраст на девојчево од видеото и беше офарбано зелено. Настрана овој потенцијален тренд, години наназад може да се видат по улица мали деца со по некое бланширано праменче низ коса.
    Како гледате вие на бојадисувањето на косата кај малите деца од психолошки и здравствен аспект? Дали мислите дека е во ред да се третира чувствителната коса на децата со бои уште од најмала возраст, иако по интернет може да се најдат фарби кои се прикажани како сосема безбедни за детската коса? Или тоа дека некој прамен со бланш нема да има голем негативен ефект врз косата на детето?
    Чекам ваши мислења.
     
    Последна измена: 14 јули 2018
    На realGirl, КикиМаус, angelche16 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Детската коса е толку свежа, преубава, како свила и нема потреба да се бојадисува со било што. Фризурчиња оправдувам, доколку детето дозволува секако, ама фарбање, макар безбедно не би. Ако еве има безбедни бои, за едно, две праменчиња за некоја посебна прилика ок, ама цела коса јок. Сепак е боја, хемија е, и искрено јас не сум да се фарба коса се додека навистина не се појави потреба за тоа. Јас на пример прв пат се шатирав на 26 години поради видливи бели влакна. Дотогаш ни за боја не знаев. Друго, ако толку рано се започне со бојадисување, деца како деца ќе бараат повеќе и почесто, па што ќе биде на тинејџ години или во адолесценција. По мене, крајно непотребен тренд, како и облекувањето на децата во фустани од крајно непријатен материјал уште од бебиња за да бидат ко принцези, затоа да ги оставиме децата да си бидат деца.
     
    На PaLaVa, azelea, КикиМаус и 14 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ненормална работа. Искрено, точно тоа го мислам.

    На многу теми, вакви експлицитни изјави се толерираат, да видиме моево дали и колку ќе 'издржи'.
     
    На azelea, КикиМаус, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Големо НЕ за фарбање на децата пред доцен пубертет.
    Ова ми личи на лечење фрустрации и комплекси на родителите врз своите деца или пак да покажат колку тоа они се кул и модерни преку истите.
     
    На realGirl, SummerGirl, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Не сум видела некое толку мало дете со фарбана коса или по некој прамен. А деца од по десетина години да, сум видела, момчиња со фарбани шишки претежно.
    Мали деца кои сеуште користат произоди за најчувствителна кожа, со што помалку хемија, не е добро да се изложуваат на грубата хемија која ја содржат фарбите за коса. Родители внимаваат какви шампони купуваат за своите деца, не па фарба да им стават на коса. Истото е и за колор шампони. Тоа не се шампони за деца.
     
    На Таа Сум, La.loca, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Верувај ми, сум чула и за четиригодишни, кои специјално на фризер ги носат за таа намена. Ќерка ми е три, па не можам ни на сон да замислам да ја носам на фризер да ја фарбаат. Толку убава и кревка коса да се изложи на бои на најмлада возраст ми е како силување на истата. Што побогу ќе добијат со тоа не ми е јасно. Се сеќавам каква ми беше косата како осмооделенка, па таков сјај и свелинкавост не се враќа со ниедно средтво, не кератини, не маски, не сечење, не чуда, ништо. Едноставно, како и се друго, годините си го прават своето, си оставаат белег и на косата, а со бојадисување само се забрзува стареењето на истата.
     
    На КикиМаус, Briar Rose, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Сè додека не им се наметнуваат работи на децата што им штетат на здравје, против нивна желба, или пак се наметнуваат политички или религиски гледишта, апсолутно не ми е гајле каква храна, облека, музика, играчки и сл. родителот одлучува да му дава на детето.
    Аналогно на тоа, истото го мислам и за фарбање коса. Ако е безбедно и ако детето сака, нема зошто мене да ме засега тоа.

    Јас не би фарбала мое дете, не гледам причина за тоа, ама не ми ни пречи.
     
    На Indiegurl, dayla, zalosna и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Брат ми се шатираше у 6то, у 8мо беше пола зелен, пола црвен...Сам сакаше...Ако така гледате, и на фризер кога го носите детето и кажувате како да се шиша ( најчесто не како тоа сака ), и тоа е наметнување на ваши ставови...

    Ако му е мерак, голема работа, коса е тоа.
     
    На realGirl, oblace1, Indiegurl и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Јас се сеќавам кога бев 4-то одделение мој соученик имаше шатирана коса.
    Исто така пред некој ден пред мене одеа мајка и момче со избланширана коса и среќаваат некој си познаник и истиот му вика „мало фраерче“ на момчето - а тоа насмевска од увце до увце. :D

    Мерак им e, можеби сакаат нешто ново штознам. Ама не гледам некој си проблем.

    Инаку пред некој ден гледав Kids Vs. Food на REACT каналот на јутуб и девојченцево си ја има правено косата ама толку убаво и нежно омбре - многу ми се допадна.

    upload_2018-7-14_15-14-40.png
     
    На dayla, zalosna, Joi и 5 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно..мене ме нервираат мали деца, малтене бебиња, па накитени со златни алки, ланчиња и мињгуши.
    Фарбање на коса кај мали деца не е нешто прифатливо многу, нема некоја експанзија...што значи не е некоја " мода"и реткост е да видиш такви деца со бојадисани прамени надвор:^)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.639
    Пол:
    Женски
    Ако детето сака и ако е безбедно за косата (да не се гори и оштетува), не гледам проблем. Деца се, мерак им е. Не е ова нешто сега излезено, порано се сеќавам како помала во мода беше многу да се шатираат машките. А сигурна сум дека и сега тоа се прави.
    Јас како помала не се имам фарбано, ама знам другарките си правеа прамени во боја со помош на степче. Побезбедно од тоа амин :lol: (иако не траеше многу ама лесно и безбедно за правење).
     
    На zalosna, Lolo5, Briar Rose и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Фарбањето и шатирањето деца воопшто не е никакво помодарство.

    Уште пред цели шеснаесет години деца се фарбаа плави, розеви, црвени..Се сеќавам со другарчињата од маало еднаш решивме секој да ја офарба косата во различна боја за така да се препознаваме. Лично се сеќавам дека одбрав плави прамени кои ми беа вадени со бланш и на кои толку многу се израдував што се чувствував како филмска ѕвезда, иако имав само шест години. :)
    Не само тоа, туку на толку години и почнав да се шминкам. Бар да научев како немаше да ми биде криво..

    Дали имам последици по лицето и кожата? Не. Имам неколку безопасни масни ткива на главата, но тие се појавија во период на пубертет, многу подоцна после експериментирањата со фарби, колор шампони и спрејови во детството.

    Ако почнеме да набројуваме што сѐ е штетно за кожата и организмот, и го земеме предвид плус загадениот воздух кој секојдневно го дишеме каде ќе ни биде крајот..

    @Ketchup каде ме потсети бе, имам слики од тој период, на кои буквално личам на подвижно виножито. :D
     
    Последна измена: 14 јули 2018
    На dayla, zalosna, DAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Иако за време на моето детство во Канада ова беше комплетно нормално, especially for the holidays и постоеја привремени бои за коса наменети за деца (кои немаа никакви штетни последици), сепак овде скоро и не сум видела деца со бојадисана коса.

    Како и да е, кога станува збор за други родители, воопшто не ме интересира дали некои родители се согласуваат децата да ја бојадисуваат косата или не. Сметам дека тоа е лично нивен избор кој треба само нив да ги засега.

    However, кога ќе подразмислам, @Ketchup со темава ме потсети на еден комичен настан кој ми се случи on one Halloween night... :lol:

    Имено, во моето училиште наставниците организираа Halloween Party по предавањата и имаше можност по желба да ни цртаат jack-o-lanterns на лицата, да ни ја бојадисуваат косата или да ни ставаат glitter, да ни даваат extra accessories, etc, за да се подготвиме за забавата, но и за trick-or-treating вечерта по завршувањето на забавата.

    Се сеќавам дека таа година бев облечена as a sea mermaid, но без светки или нешто посебно, just the costume. Иако мајка ми цело утро ме убедуваше дека костумот ми е супер, јас и не бев баш задоволна бидејќи мислев дека изгледам so dull and boring... |(

    И откако ми заврши и последниот час пред да започне забавата, наидов на мојата наставничка Mrs. Elliot, која мислеше дека би изгледала прекрасно со неколку обоени прамени од косата и светкава шминка на лицето која потсетува на fish scales.
    Секако дека се согласив и бев толку возбудена што ќе имам makeover :makeup:

    Oткако заврши забавата, татко ми требаше после работа да ме земе и да ме однесе дома за да се подготвам за trick-or-treating.

    Од моментот кога среќно истрчував кон колата извикувајќи: Daddy! Daddy! мислам дека човекот ќе се шлогираше кога ми ја виде целата коса обоена во тиркизни, виолетови и розеви нијанси :o

    Ми се чинеше дека се исплаши за трајноста на бојата во мојата коса, но откако му објаснив дека се работи само за обичен temporary hair color spray од Walmart for like, 2 bucks, престана да се грижи :D

    Освен тоа, татко ми во семејството се сметаше as the cool parent 8)додека мајка ми, on the other hand, беше построга. Tough love... :l:

    Но следната грижа што ни се појави додека се возевме беше за тоа каква ќе биде реакцијата на мајка ми кога ќе пристигнеме дома и ќе ме види ваква "шарена" :worried:

    Така, пред влезната врата се фатиме цврто за рака, we took a deep breath и се осмеливме да заѕвониме на врата. Само што мајка ми ни ја отклучи вратата, и двајцата ги затворивме очите очекувајќи го најлошото...

    But to our surprise, мајка ми, напротив, почна да се смее додека ме зеде во раце за да ме види подобро-беше пријатно изненаедена од тоа како Mrs. Elliot ме дотерала ;)

    Всушност, сите бевме изненадени што и таа мислеше дека изгледам прекрасно со сета таа шарена коса и светлушките на лицето.
    Во тој момент, искрено, и на двајцата ни олесна и сфативме дека there was nothing to worry about after all :D

    Така, ја поминав вечерта trick-or-treating од врата на врата, добивајќи еден куп комплименти за мојата sea mermaid коса... Plus I got loads of halloween candy :party:

    large (9).jpg
     
    На Hellobeautiful, WarriorMind, ane.bella и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Oh god, а тамам успеав да ги потиснам сеќавањата од тој период кога машките се шатираа и пуштаа опашки..

    Ако е со некоја неагресивна боја безбедна за детската коса и кожа, зошто да не. Сигурно многу мали девојчиња би биле пресреќни да имаат плава или розова коса како ликовите од цртаните. Само не сум сигурна колку се безбедни фарбите и дали имаме во Македонија продукт соодветен за деца, најверојатно степче и колор шампон се најдобра опција.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Малку некоординирани одговори има во темава. Значи во насловот си пишува фарбање кај МАЛИ деца, а гледам одговори од типот: па ако е 8мо одделение нека се фарба. Значи 15год, не е веќе мало дете.. Тие треба повеќе да се едуцирани за последиците од фарбање, а доколку не се, тогаш родителот е тука да објасни што како, па еве и интернет има, слободно нека отвори; компјутерот не е само за игри и дремење на социјални мрежи.
    Се мисли за дечиња до 6-7 години. Што знае дете, колку е штетно едно бојадисување коса? Тоа само сака да е шарено како барбика или лик од цртан филм, и затоа родителот е тука да проба да му објасни на малото дека тоа не е убаво (верувајте маливе дечиња како сунѓери се, впиваат се, а ако сте убедливи и креативни ќе успеете било што да им ’продадете’), но секако на крај родителот одлучува дали ќе дозволи бојадисување коса.

    Јас не сум за фарбање на косата на дечињава. Значи не може да кажете “само коса е“ .. Па ај ако не цела нека му падне од хемикалиите, да му се оштети за навек и никогаш да не може да ја опорави. Луѓе ќе ја ишишаат лошо косата (со ретчење, иссецкана како салата) па едвај ја опораваат, а не па фарба, што директно пробива во влакното, се гори коса.

    Ако некое има толку мерак за да има неколку прамени во различна боја, тогаш има во парфимерии, маркети (таму имам сретнато) едни продукти што вака мене ми изгледаат ко камени пудри. Се поминува на праменот со продуктов и останува боичка, после едно-две миења се вади. Нешто како креди се, така ме потсетуваат. Буквално како со креда во боја да си поминал по коса. Не ми текнува како се викаат, ако некој знае (или јас ако најдам) нека стави. И секако, не се штетни како фарба. А за девојчињата, сум видела прамени во боја кои се продаваат. Нешто како hair extensions, само со обична шнола се на врвот, и се прицврстуваат за коса. Исто е и со степче. Ете постојат и други, нештетни варијанти. :D
     
    На Someonespecial, Joi, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  16. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Едно големо НЕ!
    Збеснати родители или како и да е, барем малите деца ја имаат најубавата коса, мека и сјајна.
     
    На WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    На мало дете ако не му дадеш или презентираш дека нештото постои, нема ни да го бара.

    И мое мислење е дека е резултат на збеснати родители.
    Детето треба да е дете. И претерувањето во облекување како возрасен не ми се свиѓа, мини варијанти на трендовска гардероба за девојки и момци.

    Друго е кога веќе на неговите желби има влијание околината и друштвото, интересот да проба нешто ново е нормален кога ќе влезе во пубертет. Јас на пример почесто гледам шатирани девојчиња на возраст 10+, една колешка ми кажуваше како ќерка ѝ (11 год) сама барала да ја носи на фризер. НО и тука треба да се постават граници. Девојче од 11 не треба да изгледа како девојка од 17-18. Сега им дозволуваат и фарбање, и римелчиња, сјајчиња, а јас до средно не сум барала ништо повеќе од лабело. А и во средно сме се "фарбале" со детски финти, имаше спрејчиња на пазарче кои после едно миење паѓаше бојата :)
     
    На azelea, M&M, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.680
    Допаѓања:
    116.507
    Пол:
    Женски
    Мајка ми почна да ми ја фарба косата кога имав 16 години.
    Според мене,деца можат да се фарбаат од 15 години нагоре.
    Малите деца помлади од 15 години имаат многу осетлива коса,тенки и нежни влакна,па не би требало да им ги фарбаат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Poleka bre zheni :)
    Eve jas na maleckite im pravam pramenchina ednash na 2-3 meseci :)
    Koristime _20180715_175802.JPG _20180715_182517.JPG _20180715_182216.JPG
     
    Последна измена: 15 јули 2018
    На TutiFuti, Pepa B.., SofiMar_ и 10 други им се допаѓа ова.
  20. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Не ја сфаќам потребата за фарбање на децата....
    Јас сум за големо НЕ..
     
    На cresa-jagoda и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.