Ако навистина нема ништо штетно по косата на детето - зошто да не? Ама макар и малку штетно да е - никако! Дете е, ќе види шарено и ќе сака. Тоа е сосем нормално и искрено ако има спрејче за коса, кое е сосем безбедно, би прскала мое идно дете за да си прај ќеф. Знам дека јас би си праела ќеф како мала со шарена коса, па да се замислував принцеза и слично. Нешто како примерот на @Briar Rose кој ми беше многу сладок. Ете така се радува едно дете.
Точно е дека постојат и збеснати родители кои сакаат да се покажат самите кул преку трендови кај децата со фарбање/дотерување/шминка, како што се екстремен пример детски избори за убавина во странство. Ама вообичаено во секојдневието, почесто кај самите деца има желба за игра, бои, разубавување на начин што понатаму кога ќе пораснат и гледаат слики ќе им биде смешен Фарбањето со степче порано беше како чунга-лунга тетоважите наспроти вистинските Уште во 90-тите и раните 2000-ти имаше разни детски алтернативи за сешто, а не пак сега. Како за споредба, лично повеќе оправдувам родител да му направи ќеф на дете дозволувајќи му да обои некој прамен на безбеден детски начин, отколку дупчењето уши уште како бебе. Значи, да резимирам - ако е желба на детето и ако има соодветна алтернатива како за деца и со привремено дејство, why not.
Mnogu mi e glupo posebno koga ke vidam masko bebe ili malo dete so edna obetka na uvoto,kao fraer uste od mali noze
Видов пред некој ден машко со светло сини плетенки во средина на главата. Нека имаше пааа дури 5 години. Јас и маж ми се гледавме 5мин. и не знаевме што да кажеме. Стварно без коментар останав. Утре ако побара дрога да му купат, и тоа задоволство ќе му го приуштат?
Моиве не даваат да ги исчешлам, не па коси да фарбаме . Го чекам денот кога чешлани, со прибрана коса со шноли/стегач ќе излеземе од дома. Па макар и некој прамен. Само да не шетаат бушави ко Могли. Сама од себе никогаш не би дошла до таа идеја. Еден ден кога ќе сакаат да ставаат некој прамен, кога сами ќе изразат желба, ќе одбереме некоја безбедна варијанта. Сте споменале и за дупчење уши. Јас на мои деца не дупнувам уши. Не гледам задоволство, радост или било каква позитивна емоција едно мало дете да мине поради мене низ тој процес.
@danichap може ќе ти биде утеха, ќерка ми до пред 3-4 месеци шеташе со пуштена коса и цела напред на лице. Права ѝ е косата, ама сепак изгледаше неуредно, колку и да ја чешлав. За да еден ден почне самата да ми бара фризури како некои принцези од цртаните. Сега фазата со принцези ни е надмината, па бара фризури како Спајдермен, Боб минион, Пепа прасе, Мики Маус и сл. Не прашувај што сѐ не измислувам На темата. На 3-4-5 годишно дете не би ставала никаква фарба. Додуша нема пројавено ни желба. Може кога ќе тргне во школо, за некој евент или сл., да. Но да знае дека тоа е за посебни прилики и не може често. Зборувам за прамени, не цела коса. Инаку го имам гледано видеото каде мајката ја фарба розова нејзината 4-5 годишна ќерка. Не прамен, туку цела коса. Мене лично, ми изгледа крајно невкусно. А за обетки, кога ќе посака таа. Кога ќе ми рече "мамо, сакам да носам обетки." И откога ќе ѝ кажам која е постапката, ако сака уште, не е проблем. Мајка ми така со мене направи, и мислам дека е најисправното нешто во врска со дупчење уши, кое знае да биде повеќе стресно и трауматично искуство, отколку болно. Па уште кога ќе чујам, чекале Благовец мислам беше, дали е мало, големо, не е важно, битно на датумот да било
Мислам дека темава не е многу за потресување испоред мене родителите кои го прават/дозволуваат тоа не се лоши родители. ЌЕ кажам како некој погоре, повеќе ме нервира дупчење учи и накитени со злато, ама и тоа е избор на родителот. Така да, да не запаѓаме во „трансови“ како ние никогаш нема да дозволиме такво нешто. Сестра ми има поголеми деца и на се нешто што мислев дека прави „погрешно“ ми викаше - ќе те видам тебе. И да, многу од работите ги направив и јас. Затоа не се „мавајте во гради“. Оставете ги луѓе то да живеат
Вие можи не сакате дете со обетчина и фарбано а јас пак не сакам дете несредено,проторбешено и извалкано Ми се гади од такви мајки кои не знаат на дете носе и усте да му избришат
Минатата година ова беше хит, посебно кај машките. Деца од 5- то одделение во маалото, се беа фарбани со бланш или со црвена боја. Едно штом влегува во шема , тоа значи сите мора. Го прашувам едно:- Како ти се допаѓа што си фарбан ? Одговорот: - Никако, ми помина меракот и веќе никогаш не се фарбам. Пробуваат најчесто од љубопитност , следат трендови као, но не е нешто посебно за осуда. Факт е дека се оштетува косата , но ако некој многу сака, меракот е поголем, нели? Минливо е. Обетка на 7-8 месечно машко бебе сум видела, се чудев зошто- како? На крај, дознав за уроци дека било и да не му завидувале. Значи, немам збор.
Аууу и ова ли чудо го има . Не,не и не,никогаш не би фарбала дете заради лични или негови хирови,се знае побогу дете си е дете,и многу ме нервиаат во последно време мајки на мали девојчиња од по 5-6 години што ги шминкаат со туш,кармин,мислам стварно се претерува со некои работи,оставете ги децата да бидат деца.
А какво да биде дете кое по цел ден игра надвор во природа, со животни, со кал, земја? Извалкано и несредено. Моиве се такви, секој ден пред спиење ги средувам, сигурно нема на секоја секунда да ги замарам со бришење и средување. Значи дека не треба да им дозволам да имаат детство? На темата, не се изјаснив, не би. И девојчиња да имам, не би им ја бојадисувала косата. Ако изразат желба, ок, ако не, никому ништо.
Го делам истото мислење. Јас сум една од мајките на бушави, извалкани и несредени деца. Од дома испаѓаме чисти, плус резервна облека во ранец, но најчести дестинации ни се баш локации со земја/песок/поточиња/животни.... и деца се валкаат до бескрај. На среде игра менувам само влажна облека, не и нечиста. Чекам да завршат па дома и во када. Дезинфицирам раце со спреј пред јадење, ова кога сме надвор, и тоа е тоа. Ретко кога и фустанче носат од истиве причини. На раат да се лизгаат, да се валкаат, да играат. Кога ќе размислам и дома се нон стоп валкани. Боење со раце, со боици, во водени, дел од глина или кинетички песок кој завшрил во косата, стикери по цело тело...
Глупости па кој рече дете кога игра треба да биди чисто? И моиве играат сигурно не стојам простум пред нив за да ги бришам на секој 5 мин. Јас кажувам сто имам видено пример сред ресторан дете со мрсулчина испозалепени по лице како се бришело така се сушеле на него, ноктина полни кал, косе бушаво и падната пред очи.за вас ова е ок?
Во елитни ресторани престанавме да одиме одкако се родија децата. Кога имаме бејбиситинг, евентуално на вечера некаде, но тогаш секако нема деца. Е одиме во летни тераси, со се сите три, после прошетки покрај вода, парк, игралиште... Не се испозалепени со мрсули, ама и со кал под ноктињата биле(дезинфекционото или под чешма нема да го извади) и избушавени и бербатни биле бидејќи со саати играле, а бидејќи не стануваат од количка столче знаат и сандали да соблечат(летно време ова) и така да седат. Бираме простор каде кмаме пристап со дупла и плус втора количка, ќоше, подалеку од други, но нилогаш не стануваат, не шетаат, не досаѓаат... Здравје боже, кога ќе пораснат може ќе испаднеме дотерани од дома само за во ресторан, па ќе бидат чисти. Ама сега мора првен да ги истрчаме, да се изнаиграат, па потоа да бидат мирни да седат и да јадат.
Не помислив, во различни земји сме . Ќе се упознаевме Само објаснив дека некои едноставно имаат друг ритам и распоред на активности. Вие може првен јадете па после во парк, други обратно.