И ова многу ме нервира Кога некоја мајка ке ми речи ах сега сме валкани и несредени па кога ке пораснат тогаш че ги средувам Не мајка тогаш не им требаме ние тогаш сами kе се средуваат
Не носам деца по ресторани, досадно им е. Не ги учам да седат со таблет/телефон, има време за ресторани кога ќе пораснат. Бушави коси, валкани алишта и црно под ноктите им е секојдневие на моите. Ама дома, во двор, сигурно дека за излегување се чисти и средени. Делам мислење со @danichap, со деца само на места каде што можат да се изнаиграат и да потрошат енергија, па да седат мирни и да јадат. А игра и среденост не одат баш рака под рака.
Ама ти си супер мамичка ти завидувам да знаеш Ете ние секој ден сме фарбани и само по ресторани јадиме (не знам да кувам) Јас не носам деца у парк, обично само дома си седиме и co таблет се занимаваме
Јас нема да ја фарбам, се надевам ни сама нема да се фарба, има преубава боја на косата. И јас не се фарбам зашто си ја сакам ептен бојата. Ама, ако изрази понатаму желба за некое шаренило и најдам безбедна, детска и нетрајна боја би и го направила ќеифот. Инаку после од инат ќе се фарба.
Јас досега немам слушнато некоја мајка да си ја офарбала ќерка и со трајна фарба со хидрогени. Еве денес баш видов во продавница hair chalk, како пенкалца се со боја за коса за деца. Стои се дури не ја измиеш косата и се потполно безбедни. Да и порасне малце подолга ке направиме некое праменче, зошто да не.
Ова е тоа што мене ми е крајно невкусно. Децата треба да бидат деца. И со црно под нокти, и бушави, и не знам уште какви, тоа е дете што си игра. Сигурно нема со песок и пластелин да игра на 15год. кога може и да се фарба и сѐ останато што е соодветно за таа возраст.