Ја имав оваа книга за лектира и едноставно се воодушевив од сликовистата во книгава.. Едноставно читам и потонувам во неа ..Ја имате прочитано, ако ја имате како ви се допадна (интересна, досадна..) мислам дека ја нема темава
Леле темава... ми побуди чувство на носталгија, убаво така... Многу ја сакав книгава и толку се соживував што кога се бранеше од волците се штрекнував како да ќе ми дојдат на врата, а и некако ми се чинеше дека ми е ладно цело време. Преубаво книџе, се надевам се‘ уште го обработуваат како лектира во основните училишта.
Aхх Бојан Kнигава мислам дека сум ја прочитала за рекордно време читај читај после очите ко филџани ми беа Mислам дека во основните школи е задолжителна ама и не направиле грешка
Мислам дека оваа беше една од кајубавите лектири што ги имавме во основно. Ја имам читано неколку пати и сеуште ми има останато во сеќавање, дури пред некое време му ја раскажував на син ми како приказна за пред спиење. Преубава книга што мора секој да ја прочита, навистина.
Бојан ми е една од поинтересните лектири. Убаво се сеќавам што се случуваше. Два пати ја прочитав и пак сакам да ја читам. Од описите, преку карактерите на ликовите, па се до искажувањето на нивните чувства, се е супер напишано.
Ја има некој прераскажана Бојан ако ја има некој ако може да ми ја прати ве молам Ја имате прераскажано Бојан?
Првиот пат кога ја читав,првиот дел оној зимата,значи подосаден немаше.Си реков лелелле досадна книга.Потоа дојде делот со девојчето од градот,Елена. Лелел прекрасен беше.. се заљубив во Бојан. И бев љубоморна на девојчето. Вториот пат кога ја читав и првиот дел ми стана прекрасен. Ух,ух,ух прекрасна е лектирава. Да си ја прочитате сите не чекајте на готово.
Во основно лектирите ги читав ко ради реда и ретко на која и ја памтам создржината. Бојан ја имам прочитано 6 или 7 пати не знам точно, ја имав дома и летно време ја препрочитував. Книгава изобилува со такви описи, со таква сликовитост што сосема те пренесува во тој свет. Особено ми се пријадуваше качамак со сланина секогаш, или пак компири во жарот кога печеше.Можев дури и мирисот да го осетам мислам. Прекрасна книга.
Ова е книга за, ако не се лажам, седмо одделение, но нас не ни ја дадоа како лектира па ја читав подоцна, дури на крајот на средно, така да ми изгледаше малку досадна, но ја прочитав до крај.