Ме интересира дали некој знае каква боја на кармин одговара на типот на лице( пр. тркалезно, четвртасто, овално..) и дали воопшто има врска обликот при избор на боја на кармин?
Боја на кармин Мислам дека повеќе има врска тенот и бојата на косата и очите. А ако некоја има повеќе информации околу тоа како да се бира кармин, нека пише нешто повеќе - и мене ме интересира.
Боја на кармин И јас мислам дека за правата нијанса на кармин,клучно значње имаат тенот и бојата на коса.Можда ова си се само некои мои претпоставки,ама сум приметила дека и бојата на руменилото е многу значајна за правата нијанса на кармин.Мене конкретно,зошто сум смеѓа црвен кармин ми стои само со праска боја на руменило.Со кафеаво руменило или бронзер одат nude нијанси,а со розевото одат и понежни и појаки нијанси на розе
Во принцип скоро секоја боја одговара на секој тен , само треба да се одбере вистинската нијанса од таа боја, сега ќе направам едно истражување детално па ќе напишам и објава на блогот
Па јас мислам дека ништо нема толкаво влијание колку формата и големината на устата. На пример на многу тенка уста никако не стои црвен кармин или други бои на кармини кои се во јаки бои, уште толку ја истакнува формата на усните само како две цртички тенки да има, а на полна уста пак никако не ми стои некој нуд кармин. Ставив еднаш и изгледав ко без уста, ко неизмиена, одвратно ми стоеше. Исто и тенот е многу битен, на многу блед тен стојат кармини во јаки бои и обратно, на темен тен нуд кармини. На тие што се златна средина се им стои
^ Ниту на многу полна уста не стои црвен кармин. Вулгарно изгледа и визуелно ја зголемува уште повеќе што лицето губи од пропорционалност и гледаш уста со жена на неа,а не жена со уста. Идеален е на нормална големина и форма на усни. За полни, природни нијанси се одлични. А најсмешни ми се оние со тенки усни што ги бојат околу устата и употребуваат потемни нијанси на кармин,страшно. Стај си бре посветло или проѕирен сјај,колку си имаш природно,толку ти е,шо да правиш, што се доцртуваш шо би рекла јас,ко совет од Базар 85 година,ко травестит. Темава е втф?! Според обликот на лицето бе... оф мајко.
Мимс, тука не би се согласила баш - јас имам многу светол тен и прекрасно ми стојат nude нијансите. Немам полни усни, ама убаво ми стојат и црвените нијанси, само што се' уште не сум ја пронашла онаа вистинската и затоа ги избегнувам. Според мене, на потемен тен стојат поубаво појаките нијанси, на пример некоја нежна розе-циклама или богати портокалови тонови.
На црнкиња на пример со огромна уста се согласувам дека не изгледа убаво и дека е вулгарно, ама на Џоли и стои перфектно, според мене мислам. Мишела сепак секој си има различен вкус и секогаш има исклучоци на кои им стојат секакви бои Јас имам полна уста и некој си среден тен, не си се допаѓам со нуд кармини, ме прават да изгледам по бледо и устата ми изгледа ко болна да сум, а си се допаѓам со црвен кармин, бордо, темно лилјаков ....
Па јасно, тоа и ми беше муабетот, дека пре би одбрала кармин кој би ми се допаднал мене лично, а не таков каков што е „препорачано“ да се купи според бојата на тенот. Како на пример да купам ете да речеме некоја hot pink нијанса, за која повеќепати имам прочитано дека „совршено одговара на оние кои имаат светол тен“, кога јас би се чувствувала како Барбика со таквиот кармин на уста. До некаде можеби има поделба според тенот, да, ама мислам дека не треба толку да се ослонуваме на неа. А за ова според обликот лицето - немам коментар.