Голден роуз, оние во црна опаковка кармините. Има 3-4 нијанси на бордо, 55ка мислам е баш како што бараш. Провери си, не се скапи а ептен се убави кармините Јас овој го користам Малку потемна ми ја прави устата, скоро незабележлив. Не сум ич храбра кога станува збор за кармини. Сакам да пробам некој корална боја, мат...многу ми е убав, ама не верувам да ми стои
Ке може да ми кажеш кој број е карнминот,зашо бојата ми се допаѓа и јас користам такви понежни не упадливи бои......благодарам
Ист е. Го имав и го користев до пред скоро, ама ми се потроши и го заменив со еден од Орифлејм, речиси иста нијанса се. Спојлер
Исто на Голден Роуз, од кармините со златна опаковка, 43ка е бројката, околу 100тина денари е побарј ги некаде и разгледај, многу нежни бои имаат од овие кармини
Вчера земав од ГолденРоуз многу убав кармин. Од тие сивите, 2000 што пишува на нив. 141 е нијансата, пробав на нет да ја најдам ама не ја покажува каква што е. Дава преубава нежна кремасто-розева нијанса. Јас обично под карминот имам лабело или гроздова маст и вчера пробав така, преубаво е. Ако сте за понежни нијанси тогаш препорачувам
И јас го имам тој тој е баш ептен месо боја, дури не се ни познава....ама тој е од оние црните. Многу ми е убав, мек...
Овој погоре што го спомна Juicy. Има малце сјај (не седафест сјај), нежен е, скоро неприметен, онака за денски...
И јас го имам истиот тој кармин и боја,но чудно ми е што не ми се размачкува добро на устата рамномерно како другите кармини.
CrystalNoir и јас имам таков кармин , пробај со некое убаво лабело да го комбинираш , ќе биде поубаво и полесно да се размачка
Ваквото gold издание се НАЈдобри од голден роуз бидејќи навистина се хидратантни и воопшто не ги сушат усните, не создаваат непријатност - како лабело се. Јас имам еден розевкаст е и многу го сакам токму поради тоа. Понекогаш го комбинирам и со други за да не е толку розев. 120 или 110 беше. Исто од голден роуз користам и други 2 во сребрено паковање (месо боја и црвен класичен) и тие се посуви, но сепак убави се за 90 денари
Секогаш ставам лабело пред да ставам кармин или на Росал или на Еуцерин и прв пат вака чудно да стои карминот да неможе рамномерно да се нанеси,можеби не ми одговара текстурата на карминот,затоа незнам дали од Голден Роуз би ми одговарал тој сто е во златна паковка,инаку користам кармини на Deborah и Avon нежни розеви нијанси и сум задоволна.А да ми препорачате некоја nude нијанса (месо боја),од некоја подобра марка?
^И ја спомнав за Голден Роузот баш дека и на мене ми имаат таков ефект(тие во црно паковање).И јас ја имам нијансава 99.Значи немам сува уста,ставам лабело пред карминот и све то,али џабе. Ич не ми е хидрадантен. А нијансава е преубава...и уопше имаат ептен убави нијанси.Како и да е ,за 100 денари ,е и повеќе од исплатливо. Нареден пат ќе си земам од што ги пофаливте со златно паковање,да видам дал тие ќе ми се погодат.
Тие во златното паковање се поделени на Metallic, Creamy и Shimmering. Ако сакаш похидратантен тогаш земи си од Creamy нијансите, оние Shimmering се посуви. А Metallic не сум ги пробала, ич нејкам таков седафест сјај, старски ми е многу Од Creamy инаку имаат 10тина вакви нежни нијанси, месо боја, беж, нежна розева итн....
мојте 3 најсакани и најкористени нијанси-од Авон ми се купени но не ги знам број4ињата предизвик е ова
Доста од нас ги користат Golden rose кармините, па решив да ги пофоткам тие што ги имам, може ќе му помогнат на некого, ако го интересира некоја од овие нијанси. Сивите ми се нонстоп во ташна, а црното пакување сум заборавила дека ги имам