Злато пробај deborah milano 1 ili 10ka мислам дека ќе ти се допадне. Воедно овој изглед можеш да го добиеш и со оние зголемувачите на усни или база. Јас го имам користено на Ардеко и буквално овој ефект го добиваш откако ќе ставиш сјај. јас го имам овој користено и го има во Космо мислам дека го земав 480ден. Иако изгледа како течен се суши на уста (затоа што е база) и дава мат кремов изглед. Па врз него можеш да ставиш што сакаш. Ти на пр. ќе си додадеш сјај со розов пигмент со светки. Ама сега гледам дека имаат и друг кој едвај чекам да го пробам во сува варјанта (незнам дали го има во МК) и овој ми изгледа дека е баш таков како што бараш.
Овде ги има сите нијанси од golden rose velvet matte кармините http://www.makeuparena.com/2014/03/golden-rose-velvet-matte-ruzevi-sve.html .Девојкава завршила одлична работа.Ако барате одредена боја многу е веројатно тука да ја има ,бидејќи имаат голем избор.Ги манијачам и си одбрав неколку, има преубави нијанси.
Боби Браун! Нема нијанса која им е лоша, штета што се ѓавол ипол па човек може само едно максимум до две да си дозволи. Го имам само најтемниот во средина, што да ви кажам не мрда со саати. Мириса убаво, лесен е и густ. Али па за 30 долари, ај и да не биде добар. Боби браун на рамниште со МАC дури и подбри по квалитет. Боли глава нијанси, имаат една црна лела каква е јака, шетата што немам муда да ја носам со извинење на вулгарности. Кој има можност да ги купи нека не се мисли стварно се нумеро уно.
Само да ви кажам, ова темниве кармини не стојат на секого. Чоколадни, темно кафени, темно бордо накај кафено... Многу е танка границата помеѓу тоа да изгледате секси како моделите на инстаграм и да изгледате како да сте сркале пудинг од тенџере. Како беше таа, се' што свети не е злато. Јас таков темен кармин си донесов од Германија и многу, ама многу ретко го ставам, а најчесто го заблажувам со некој посветол. Дефинитивно не е секојдневен, а и не бива со се' да го комбинираш. И уште не можам да дефинирам дали изгледам секси или како да сркав пудинг пред испаѓање.... Ми викаат арно ми стоел, ме прашаа неколку души за нијансата, ама кога беше измешан со еден бааги светол. Рискантна боја во секој случај. Едино полоша од таа ми е некоја нежно розе, што оди накај бело, па така бела ти е устата, повторно со сликовит опис, се извињавам, како да си лижел спе*ма.... Па кога ќе видам омбре на муцките си прават, ле ле ле ле ле.... Пазете со што се шлакате, сликите на инстаграм и тоа што јас го гледам во живо, има огрооооооомна разлика. Нешто како Адидас и Абидас.
Да те надополнам со тие од 21-27. http://www.makeuparena.com/2014/06/golden-rose-velvet-matte-nove-nijanse.html?m=1
Јас имам две нијанси, една посветла и друга потемна и сум презадоволна! Особено па за таа цена се одлични! Потемната нијанса е попигментирана, а посветлата треба да се нанесе во два тенки слоја или еден подебел. Кога ќе се нанесе има сјај но брзо се суши и станува потполно мат и потоа трае и трае и трае... Но сепак ако би ги споредила со сличниот производ од Boujouris, овие на Аура не се баш на тоа ниво. Ама пак за 700 денара колку што е еден течен кармин од Boujouris може да се купат 2 на Аура и плус да ти остане кусур
А кога имаше попуст на Аура видов дека беа намалени ама незнаев какви се. По формата ми личат на Нукс сјајчињата. Да не знаеш сега колку им е цената отприлика?
Ако не се лажам цената им е околу 280-290 денари. Јас ги купив кога ДМ имаше 20% попуст на цела козметика па затоа не сум баш сигурна која им е регуларната цена.
Случајно загледав сега,сум имала ваква боја на кармин иста.На Голден Роуз Velvet matte 02.Нез која цена е точно,од поодамна ми е.Но штом е ГР не би требало да е повеќе од 200.
Od koj marki kako Rimmel, Meabeline ... ima mat karmini. Mnogu sofisticirano prasanje, neli? Neznam, ama ke naucam. Blagodaram
Мат кармини имаш на Римел - сите од колекцијата на Кејт Мос (во црвено пакување) се мат, додека обичните Римел (во сино/тегет пакување) се полумат, но и покрај тоа задоволително трајни. Мејбелин имаат мат кармини да, ама кај нас воопшто ја нема таа линија, така што нема да ги најдеш. Понатаму, еве погоре постираните на Аура, Absolute Matte исто така се течни мат кармини. Мат кармини со одличен квалитет и трајност има и на Seventeen. Топло ти ги препорачувам, одлични се. Менхетен и Макс Фактор имаат долготрајни кармини (во тубички се, едната страна е карминот, а на другата има сјај). Овие се течни кармини, со тоа што се сушат мат и траат буквално цел ден и цела ноќ на уста, многу тешко се вадат. Имаше порано и на Ревлон прекрасни мат кармини, ама не знам дали сеуште ги носат во Космо, ги немам забележано одамна. Ако најдеш од овие, не се мисли. И најевтина варијанта ти се мат кармините на Голден Роуз. Не сум ги пробала, не ги сакам ич ГР, ама ако не ти се даваат многу пари, за 120-130 ден. нема што да изгубиш На Буржоа и Макс Фактор повеќето „обични“ кармини им се полумат и траат доста на уста, ете чисто да ги имаш на ум ако не најдеш нешто од другиве брендови. Буржоа имаат течни мат кармини, многу долготрајни и пигментирани, само што изборот на боички не е особено голем. Мада, прекрасни се Се' што ми текна ти набројав, ако се сетам на уште некои ќе пишам пак