@LaraSolare и @marama, за кај нас не верувам дека постои ваква прекраснотија од кармин, па уште и мат. Јас веќе извесно време интензивно барам ваква виолетова, ќе се помирев и да не е мат, ама немам најдено ништо дури ни приближно слично. Кога ја видов сликата на Лара, одма ми текна на Dose of Colors течните мат кармини, ги гледам постојано кај блогеркиве и заљубена сум, колку се само најпрекрасни Спојлер Нијансата горе десно, Berry Me, е иста како тој што го бараме, Лара. Марама извини, знам дека бараш алтернатива кај нас, ама таква уште не сум нашла и не верувам дека има. Ако знаете од каде можат да се порачаат карминиве или да се купат во соседството, кажувајте одма, јас сум тотално заљубена, морам да го имам Berry Me
Еленче, не се такви воопшто, барем не на моите усни. Карминот 124 е некоја посветла циклама нијанса, а 125 е баш права fuchsia. Пресветли се, не се како кај девојката од сликата. Mногу тешко се наоѓа кај нас таква ладна виолетова нијанса. За жал.
oooo, епа се извинувам, тој последниот баш така изгледаше на сликата. Али најдобро е човек што го користел да потврди, или на лице место човек да си види, Мене светлото ме има зезнато неколку пати, а не па слика
@LaraSolare @Sexybaby86 Диор и YSL Еве како изгледа на Диор ама не е воопшто така повеќе изгледа како да е тој на YSL кој имам пробано на рака (гад ми беше на уста) нијанса е посветол. Вака изгледа на Диор, само нема толку светки (скоро неприметливи се): Јас го имам овој на Есте: Ама нијансата не е баш како што изгледа на сликава, ќе сликнам па ќе ви покажам утре или после може ќе би се допадне. Цените им се околу 2000, не дај боже некогаш попуст да стават.
Го имам само 125 зашто сепак ми се допадна како изгледа, иако овој другиов ми изгледаше посимпатичен, ама откако го пробав на рака се разочарав. Инаку, го меркав и јас тој виолетовиот на Есте Лаудер, ама на крај сепак завршив со беж кармин, типично за мене. Преубави се кармините на ЕЛ, кремасти и нежни, а сепак доста пигментирани и без тој одвратниот сјај што знаат да го дадат некои кармини. Јас ужасно се надевам дека некаде ќе успеам да си најдам таква виолетова нијанса каква што си замислив. Ми се иде да си го испроектирам и да им го однесам да ми го направат тој пуст „кармин од соништата“. П.С. Не се смејте ама, на крај ќе испадне да си направиме сами кармин според видеото со мрсните боички, до таму е работава.
Oвoј нa Диoр е препрекрaсен гo меркaв пред 2 месецa еднa женa гo нoсеше и и стoеше мнoгу убaвo бoјaтa е истa кaкo и кaрминoт, беше нa пoпуст 26 еврa и се мислев се мислев и не гo земaв кoј сaкa убaвa лилa бoјa гo препoрaчувaм нa Диoр кaрминчевo
Може препорака на кармин што не се брише неколку часа ама баш онака да минеш со рака низ него и да не остава траги
Јас ги најдов сосема случајно во локална парфимерија кај мене, а другарка ми ми рече дека ги имало и на Бит Пазар на тезгите кај што продаваат козметика. Прашај и во продавниците на Голден Роуз, ништо чудно да ги имаат.
Нијансава на слики и во живо (или на видео зошто сепак не сум била во контакт со чудово) има разлика за жал. Малку ја претерале со интензивноста на бојата зошто не испаѓа баш така али во секој случај убаво изгледа. Што се однесува за нарачки @Sexybaby86 може директно од нивната страна, имаат достава до Македонија (или FYROM по нивно ) со доплата од 12$ или вкупно 30$ за еден кармин што за мене е малку неисплатливо.
најдов моливче од Голден Роуз 181, пишува дека е и за очи и за усни. На денско светло ќе се сликнам и ќе ти покажам
За кармин и немам баш некоја препорака, но има фиксатор од артдеко баш за таа намена. Мислам дека е добра инвестиција со оглед на тоа дека ќе можеш да го употребуваш речиси со сите кармини. Јас се мислам да го набавам одкако го видов во видеово на Шенон (скокни до 5та мин ако те интересира), ама сеуште немам прверено дали го имаат кај нас. Сепак, мислам дека би требало да го има ..
За жал не го најдов во Космо, не помина многу време откако го побарав таму. Се изнервирав и не влегов на друго место, сепак Космо ги сметам за најснабдена дрогерија кај нас. Си набавив Lipcote. 4 фунти е, би требало да може да се нарача и онлајн, не сум проверила тоа. Презадоволна сум, фиксаторот без сомнеж го вади максимумот и од кармините со најслаба трајност. Посебно ми е мерак што мојот омилен бордо кармин не остава траги по белите чашки за кафе и по образите и усните на дечко ми - сигурна сум дека му е и премногу благодарен на оној кој го изумил фиксаторот.
Пребарав и ги пронајдов и двата онлајн, може да се порачаат Еве ги и од артдеко и од lipcote во случај да има уште заинтересирани во потрага
И кај мене се јавува истана нијанса на циклама, треба да ставам 4 слоја да дојде темно виолетова како на сликата. Малку ме нервира што морам да ставам 4 слоја ама после си е ок баш каква што сакам.
@Artemission, по толку изгледани видеа, увидов дека она што е tricky кај Dose of Colors е што излегуваат кај секого различно. Конкретно нијансата Berry Mе излегува тотално различно. Кај некои девојки е она баш burgundy црвена, темна вино боја, кај некои апла виолетова каква што барам, кај некои дури mauvy pink (еве таква е кај девојката од твоето видео). Исти случај е и со течните мат кармини на Lime Crime, а и тие имаат преубава виолетова, која различно излегува кај различни девојки. Tуку, ако ме носи пат накај Солун, го меркам и Mac Heroine, најпопуларниот виолетов кармин на сите времиња Преубав е и тој Спојлер Патем, @mims-89, кое бројче е виолетовиот на Диор? Иако верувам дека нема шанси да го утнам кога ќе го видам И го има ли кај нас воопшто? Вчера бев во Космо и ич не ми текна да погледнам, смотана И те молам ако не ти е тешко постави слика од Есте, да видам како стои (и кое бројче го имаш) Најверојатно изборот ќе падне на Диор или евентуално на Есте Лаудер
@Sexybaby86 не ми текнвуа на бројчето ама Гугл вика дека е 786. Види на рака како изгледа (не е мојата): Мислам дека не е тоа тоа, сепак на секого различно стои. Сметам дека подобар избор би ти бил YSL, бројчето е 19 Овој со сигурност нема светки и поинтензивна боја има од Диорчево. Еве слики од Есте Лаудер Pure Color 60 Fuchsia Fever мене како ми стои: Сега се сликнав така да ова е на дневно светло. Мене ми е светла нијансава и ја користам само во лето, налприближно може и исто до она што го барате би рекла дека е на YSL, неостварена желба ми се нивните кармини. Ахх само да се вработам има цел штендер со кармини да им го купам!!! Инаку да, сите ги има во Космо, Шатци и Еликсир, цените варираат за некој денар. Сега ми текнува дека Диоров е од ланска колекција така да може да го спуштиле некој денар.