Јас си го зедов овој кармин и искрено да ви кажам презадоволна сум и од нијансата и од трајноста Е сега малку ми прави проблем бидејќи е мат дополнително ми е суши устата...ама ќе пројде. Нијансата е и повеќе од прекрасна Се заљубив Е сега сакам да кажам дека не кај секоја девојка карминов излгеда точно вака исто како на сликава. Кај мене излгеда потемно,или па само мене така ми се причинува Не знам. Ама голема улога има и природната боја на устата,мојата на пример е потемна. Како и да е прекрасен е. Еве како изгледа кај мене. Се изинувам за лошиот квалитет на сликата,не ми е добра камерата на телефонот. Грда е позата,малце и јас сум искривена однопаку сликана xaxaxaxaxaxxa
АнаБанана, сликата што си ја ставила ме натера набрзина да ставам кармин и да се сликнам за да го потврдам тоа што го пишав вчера дека иста нијанса не стои исто кај секоја девојка. Еве како изгледа истиот кармин 02 кај мене. Спојлер
Дојдов само да го пофалам карминов - Miss Sporty- 021 Spiced Rum Еден од најдобрите нискобуџетни кармини што ги имам користено. Нијансата е како на сликава, трае ептен , долго, не ги суши усните. Одличен е за денски, ненападен изглед. Го купив од локална парфимерија, не знам во поголемиве дали го има.
Нијанса како Mac Creme cup?...Не мора да е мат, нека е и кремаст само бојата да е слична со топол подтон.
Фала ти @koritsaki Ќе го нарачам од тука, гледам ја има и нијансата. Кој е заинтересиран нека проба, хах. http://www.ebay.com/itm/WET-N-WILD-...t=LH_DefaultDomain_0&var=&hash=item4ae2cb1b1b Иначе го гуглав за да ја видам поубаво нијансата и можам да кажам поубава е од Мак.
Саломе да знаеш карминиве на wetnwild се мат и мн долготрајни јас од ибеј ги порачувам и ми стигнуваат за околу 25 дена од америка , досега 3 имам порачано и се супер нема да згрешиш ако порачаш јас сега оваа боја ја меркам , нели е преубава
Преубава е! Знам оти ваквите нијанси пинкови со ладен подтон убаво им стојат на девојки со црна коса и пепаласто плави , им ги нагласуват очите и забите ги прават побели.Јас периодов се опседнав со розови и праска нијанси на кармини.Преку ден на сонце многу убаво стојат. Прв пат порачувам кармин од нет, ама знам оти wet'wild се многу фалени од блогерките за нискобуџетна козметика и како што гледам многу избор на бои имаат. Редактирам:Ако сакаш пробај го на Аура Абсолут мат карминот 609Candy Pick слична боја е и многу убаво стои, јас го имам и гарантирам за него.Ако има Аура козметика во Грција де...
Да имам читано за карминчињава на Аура по нет а и евтини се , за жал нема овде Аура но кога ќе дојдам пак во мк ќе си земам неколку
Мат и долготраен.Прво кога го ставаш на устата е течен, а после минута се суши и трае 5-6 часа, зависи дали ќе јадеш или пиеш.Мислам дека таа боја е најслична на таа што ја бараш.