Дајте предлог за ваква нијанса? Многу ми се допаѓа, мислам дека убаво ќе ми прилега, само не можам да најдам баш ваква. Течниот мат кармин на Аура е доста потемен од овој, баш споредував.
Maybelline Color Drama Intense Velvet Lip Pencil, нијанса Berry Much. Иста е како на сликата, го има во Шатци, јас мојот молив го зедов за 90 денари
Случајно налетав на оваа тема и видов дека ја бараш таа нијанса, Јас неодамна од dm купив баш таков на Evelline 548.
Не можам да редактирам, но сакав да кажам дека си најдов таков кармин, преубав е и потполно ист како од сликичката ! Го пробав моливчето на Maybelline, меѓутоа ми беше премногу темно, па се одлучив за Misslyn 154. Многу ми се допаѓа, огромно благодарам до девојката од Шатци која ми го предложи.
Провери во Александар Козметикс, мислам дека во соодветната тема имаше некоја од девојките оставено број за контакт можеш и да ги прашаш.Јас не сум од Ск ама една од феминките имаше оставено слика од оваа линија на кармини, па ме заинтересира и цело сабајле гледав рецензии од блогерките па така ми дојде бојата како најслична на таа што ја бараше, но сепак мило ми е што си ја нашла бараната нијанса.
Да, баш ист е како карминот кој си го купив, но со задоволство би разгледала и купила други нијанси. Ќе поминам можеби утре ако имам време, фала ти.
@anakonda88 Ако ме прашуваш за Wet n WIld карминот, не, не е мрсен.Карминот е сосема мат и многу пигментиран и не ја дополнително суши устата(барем мојата) но има доста позитивни рецензии за карминиве по интернет. Ама ги нема тука.Јас моите ги порачав од ибеј http://www.ebay.com/itm/WET-N-WILD-...t=LH_DefaultDomain_0&var=&hash=item4ae2cb1b1b A, ако ме прашуваш за карминот од втората слика не можам да ти одговорам оти уште не сум ја нашла нијансата што ја барам, сите се као нешто приближно, а за кафеното моливче имам такво од Есенс нијансата е иста како на девојката на сликата-03 Hot chocolate.
Alverde - #16, Pretty Mauve или моливот на Essence - 06, Mauve ми изглeдаат исти како првата и третата слика. Онаа во средина е малтене иста како другиве, само светлото е таква наместено, па ја менува нијансата. П.С. Мат карминот од Аура (701, Guess Who) одлично се совпаѓа со овие две моливчиња кои ти ги предложив.